Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Трамп за Еј-би-си: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела

3 јуни 2026

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

3 јуни 2026

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

3 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, јуни 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

Press OnlineBy Press Online3 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Случајот со неовластениот пристап до информатичкиот систем на Кабинетот на претседателката Гордана СИлјановска Давкова продолжува да отвора прашања во јавноста, откако поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно ја оспори тезата дека не станува збор за афера само затоа што класифицираните документи се чуваат на хартија.

Во интервју за „360 степени“, Пендаровски потврди дека за време на неговиот мандат класифицираните документи навистина биле доставувани и архивирани во писмена форма, но нагласи дека тоа не значи дека други чувствителни информации не можеле да бидат предмет на неовластен пристап.

„Точно е дека сите класифицирани документи, барем до пред две години, се добиваа на хартија. И на хартија се архивираат. Меѓутоа, да кажеш дека нема афера затоа што сè се добива на хартија, значи да го занемариш фактот дека е суспендиран ИТ-техничар“, изјави Пендаровски.

Неговото клучно прашање е едноставно:

„Велиме немаме афера – за што е суспендиран? Просто, зошто е суспендиран?“

Според поранешниот претседател, дури и ако класифицираните документи не се достапни преку компјутерската мрежа, останува можноста за пристап до електронска комуникација, службени мејлови и внатрешна преписка.

„Добро, а може ли да се извлечат мејловите, преписката внатре во кабинет или од кај мене до влада, до министерства – има и мејлови“, рече Пендаровски.

Тој потсети дека лицето кое се споменува во јавноста како дел од случајот работело во Кабинетот на претседателот и за време на мандатите на Ѓорге Иванов и на самиот Пендаровски, без претходно да бидат забележани слични инциденти.

„Во 10 години на Иванов немаме чуено за ваква афера. Во моите пет години немаме чуено ни индиција дека вакви работи правел тој човек. Работел и кај мене и кај Иванов. Сега се случува и јавноста заслужува минимум одговор за што станува збор“, изјави тој.

Не е само прашање на документи, туку на системи

Токму ова прашање е во фокусот и на анализите што се појавија во јавноста по избивањето на случајот.

Во колумната  „ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва“ објавена на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала предупредува дека дебатата не смее да се сведе само на тоа дали класифицираните документи се чувале на хартија или во електронска форма. Суштината на случајот е дали постоел неовластен пристап до информатичките системи и комуникациските канали на институцијата.

„Не е прашањето дали некој украл документ, туку дали бил пробиен системот“, се наведува во колумната.

Дерала оценува дека евентуален упад во информатичката инфраструктура на Кабинетот на претседателката претставува сериозно безбедносно прашање за државата, особено имајќи предвид членството на Северна Македонија во НАТО и обврските што произлегуваат од размената и заштитата на информации со сојузниците.

Во таа насока, и прашањата што ги отвора Пендаровски се надоврзуваат на дилемата што сè повеќе се наметнува во јавноста – дали случајот е административен пропуст, индивидуална злоупотреба или безбедносен инцидент со пошироки импликации.

Јавноста очекува одговори

Додека институциите тврдат дека постапуваат согласно законските процедури, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оценува дека нема основа случајот да се квалификува како шпионска афера, поранешниот претседател смета дека околностите бараат подетално објаснување.

Фактот дека е покрената постапка и дека е суспендиран вработен задолжен за одржување на компјутерската мрежа, според него, е доволна причина јавноста да добие јасни и целосни информации за тоа што точно се случувало во информатичкиот систем на една од најважните државни институции.

Засега остануваат отворени прашањата дали имало неовластен пристап до комуникации и податоци, какви биле размерите на евентуалниот упад и дали случајот има пошироки безбедносни импликации. Токму одговорите на тие прашања ќе покажат дали станува збор за изолиран инцидент или за афера што заслужува многу поголемо внимание од институциите и јавноста.

Б. Јордановска / Цивил Медиа

Поврзани содржини

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

3 јуни 2026
НАЈНОВО

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

3 јуни 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

3 јуни 2026

Трамп за Еј-би-си: Договорот со Иран може да се постигне во текот на следната недела

3 јуни 2026

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

3 јуни 2026

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

3 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.