Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Голем пожар во Белград, гори трговски центар

15 јуни 2026

Американско-иранскиот договор ја намалува неизвесноста за војната – но сè уште има многу за решавање

15 јуни 2026

Трамп го прекори Нетанјаху: Нападите во Либан не требаше да се случат

15 јуни 2026

Шест лица загинаа во судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, меѓу патниците можеби бил и американски пејач и комичар

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Филипче: Дали Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?

Press OnlineBy Press Online13 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на платформата X посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда, стои во партиското соопштение.



„По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов“, наведува Филипче.

Гордана Сиљановска Давкова изјави дека „Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и за националниот идентитет“.

Таа рече дека ЕУ треба да нѐ оценува според Копенхашките критериуми, а не според историски и идентитетски спорови:

„Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата.”

Претседателот Филипче нагласува дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се вистинските европски барања и единствениот пат за напредок на државата кон полноправно членство во Европската Унија.

„Дали ова значи дека претседателката Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда? По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време“, вели Филипче во објавата.

Тој додава дека историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов.

„Упорно објаснуваме дека реформите и Копенхашките критериуми се европски барања a не бугарско прашање и дека се клучни за продолжување на преговорите. Реформите не претставуваат никаква закана за јазикот, културата и македонскиот национален идентитет“, вели тој.



Поврзани содржини

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Трамп го прекори Нетанјаху: Нападите во Либан не требаше да се случат

15 јуни 2026

Од 2 јули стартува новата авиолинија Анкара – Скопје

14 јуни 2026
НАЈНОВО

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Голем пожар во Белград, гори трговски центар

15 јуни 2026

Американско-иранскиот договор ја намалува неизвесноста за војната – но сè уште има многу за решавање

15 јуни 2026

Трамп го прекори Нетанјаху: Нападите во Либан не требаше да се случат

15 јуни 2026

Шест лица загинаа во судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, меѓу патниците можеби бил и американски пејач и комичар

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.