Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Државата во потрага по нови инвестиции од 300 милиони евра, додека „Иловица-Штука“ од 340 милиони останува во застој

16 јуни 2026

(Видео) Јовановска до Ѓорѓиевски: Потрошивте 500 илјади евра за одржување на фонтани, а фонтаните не работат

16 јуни 2026

Црна Гора со ракетна брзина кон ЕУ: Ги затвори поглавјата 2 и 28

16 јуни 2026

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат

16 јуни 2026

ДУИ за обвинувањата од ВЛЕН за автопатот Скопје-Блаце: Меџити измислува конспирации за приватни земјишта и интереси

16 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Грција поставува модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање

Press OnlineBy Press Online16 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија Константинос Гиулекас, говорејќи на конференција за туризмот во организација на грчкиот информативен портал „Ворија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Гиулекас ја спомена надградбата на граничниот премин Кипи кон Турција што е во тек и планот за надградба на Евзони кон нашата земја, објаснувајќи дека додека не се заврши модернизацијата немаат голема флексибилност, но се обидуваат да најдат привремени решенија.

– Таму, во соработка со Министерството за заштита на граѓаните, кое е надлежно за спроведување гранични проверки, поставуваме други модуларни контролни пунктови, односно дополнителни контролни точки и едната сообраќајна лента ја прошируваме во две. Секако, сето ова е точно на границата на можностите што постојат, бидејќи немаме поголема флексибилност сè додека целосно не се модернизира и граничниот премин Евзони и додека не се создадат услови за користење на дополнителни инфраструктурни капацитети. Таа можност не постои, па затоа се обидуваме на секој начин да го скратиме времето што е потребно за контрола, со цел побрз влезе во нашата земја, објасни Гулекас.

За системот за биометриска регистрација на сите државјани од трети земји, посочи дека европската регулатива дава можност за делумно суспендирање на имплементацијата во периоди на зголемен сообраќај и како што нагласи тоа често го применуваат.

– Европската директива која сега налага контролата, покрај патните документи, да се прошири и на биометриските податоци на секој што влегува во нашата земја од трети земји, за жал значи зголемување на времето на контрола, а со тоа и зголемување на доцнењето што се забележува на сите влезови, како што е случај и во сите европски земји. Она што го имаме како „оружје“ за справување со особено тешките околности во овој период е тоа што од Европската Унија имаме можност за делумно суспендирање на мерката во часови на зголемен сообраќај и тоа често го применуваме, рече заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за северниот дел на Грција.

Како што објави МИА пред десет дена, според одговорите на пратенички прашања од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција Јоанис Ламбропулос во однос на системот за регистрација на државјани на трети земји, на одредени гранични премини и во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, европската регулатива дава можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември. 

Поврзани содржини

Црна Гора со ракетна брзина кон ЕУ: Ги затвори поглавјата 2 и 28

16 јуни 2026

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија

15 јуни 2026

Огнот го голта големиот трговски центар во Нов Белград. „Сѐ изгубивме“, велат сопствениците на дуќаните

15 јуни 2026
НАЈНОВО

Државата во потрага по нови инвестиции од 300 милиони евра, додека „Иловица-Штука“ од 340 милиони останува во застој

16 јуни 2026

(Видео) Јовановска до Ѓорѓиевски: Потрошивте 500 илјади евра за одржување на фонтани, а фонтаните не работат

16 јуни 2026

Црна Гора со ракетна брзина кон ЕУ: Ги затвори поглавјата 2 и 28

16 јуни 2026

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат

16 јуни 2026

ДУИ за обвинувањата од ВЛЕН за автопатот Скопје-Блаце: Меџити измислува конспирации за приватни земјишта и интереси

16 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.