Од ДУИ реагираат за обвинувањата од ВЛЕН за автопатот Скопје – Блаце. Од партијата на интегративците велат дека секогаш кога нема резултати, од ВЛЕН се користат со обвинувања и клевети.

„Денешното обвинување на ВЛЕН дека ДУИ реагирала за автопатот Скопје–Блаце поради интереси поврзани со земјиште не е само клевета. Тоа е најдобриот одраз на политичкиот менталитет на Изет Меџити.
Луѓето обично ги судат другите според себе. Затоа, кога ќе слушнат за стратешки проект, нивната мисла веднаш оди кон парцели, имот, профит и приватни интереси.
Наместо да одговори зошто проектот беше одложуван речиси две години, зошто се разговараше за негово деградирање од автопат во магистрален пат и зошто беше доведен во прашање коридор од национално значење, Изет Меџити избира да измислува теории на заговор за земјиште и приватни интереси. Ова е стариот метод: кога недостигаат резултати, се произведуваат обвинувања. Кога недостигаат аргументи, се користат клевети.
Граѓаните не очекуваат клевети. Тие очекуваат одговори“, велат од ДУИ.

