Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ВМРО ДПМНЕ за Јакимовски- „Не е болен за глупави изјави, но е болен кога треба да оди во затвор“ 

16 јуни 2026

Гувернерот на Калифорнија се најде на списокот на непријателите на Трамп. И тоа на врвот

16 јуни 2026

Албанската влада дала гаранции во ЕУ дека ќе се почитуваат еколошките стандарди во проектот на Кушнер

16 јуни 2026

Државата во потрага по нови инвестиции од 300 милиони евра, додека „Иловица-Штука“ од 340 милиони останува во застој

16 јуни 2026

(Видео) Јовановска до Ѓорѓиевски: Потрошивте 500 илјади евра за одржување на фонтани, а фонтаните не работат

16 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Државата во потрага по нови инвестиции од 300 милиони евра, додека „Иловица-Штука“ од 340 милиони останува во застој

Press OnlineBy Press Online16 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Додека Владата води разговори со десетина странски компании за инвестиции вредни до 300 милиони евра, една од најголемите веќе постоечки инвестиции во земјата со години чека разврска. Станува збор за проектот „Иловица-Штука“, чија вредност се проценува на повеќе од 340 милиони евра.



Во услови кога ММФ препорачува фискална дисциплина и нови извори на приходи, се поставува прашањето дали Македонија може да си дозволи да држи во место инвестиција која има потенцијал да го зголеми извозот и економската активност.

Според оценката на Извршниот одбор на ММФ, македонските власти треба да спроведуваат мерки за да го задржат дефицитот на проектираното ниво. Дополнително, тие советуваат и да се креираат мерки со кои јавниот долг до 2035 година би достигнал ниво од 45% од бруто-домашниот производ, а засега е околу 60% од БДП.

„Извршниот одбор на ММФ ја поздрави континуираната посветеност на властите кон фискалната консолидација за зајакнување на отпорноста и одржливоста на долгот и забележа дека намалувањето на дефицитот на 3,5 проценти од БДП во 2026 година ќе бара веродостојни, конкретни мерки“, се истакнува во најновата оценка на ММФ посветена на Македонија.

Дополнително, во оценката се нагласува и важноста на зелената транзиција, за која пак се неопходни критичните минерали како бакарот, алуминиумот, никелот, литиумот и други, со цел да се изградат ветерници, фотоволтаици, уреди на електрична енергија…

„Подобрувањето на енергетската ефикасност и забрзувањето на зелената транзиција се исто така клучни за подобрување на енергетската безбедност, намалување на ранливоста од ценовните шокови на енергенсите и поддршка на одржливиот раст“, се додава во публикацијата на ММФ.

Од Владата неодамна брифираа дека се во преговори со 15-тина компании за инвестиции. Односно, германска мултинационална компанија која резервирала парцели за изградба на две фабрики. Понатаму, американска компанија која се наоѓа на листата Fortune 500 и веќе започнала активности за вработување, како и турска компанија, која веќе работи во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово и планира нови производствени погони.

„Сите овие инвестиции треба да генерираат градежни активности во вредност од најмалку 300 милиони евра“, брифираа од Владата.

Сепак, со само една инвестиција голем дел од предизвиците веќе би биле решени. Само за изградба на рудникот за бакар во Иловица, односно првата фаза, инвеститорот најави 340 милиони евра приходи за државата. Од „Еуромакс ресоурцес“ истакнаа дека станува збор за најголема гринфилд инвестиција, која ќе обезбеди над 500 директни и 2.700 индиректни вработувања, а предност во вработувањата ќе има локалното население. Ќе бидат склучени договори со локални компании во висина од околу 180 милиони евра за време на изградбата и ќе се трошат 73 милиони евра годишно за локални набавки и услуги. Понатаму, со генерирање на просечен годишен приход од 180 милиони евра, проектот ќе придонесе во зголемување на БДП за дополнителни 3%, што ќе има и значително позитивно влијание врз македонскиот извоз.

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“ неодамна соопштија дека повеќегодишниот статус-кво околу проектот „Иловица-Штука“ не е во интерес ниту на локалното население, ниту на инвеститорите, ниту на државата. Оттаму забележаа дека наместо фактите, науката и стручните анализи, сè почесто главниот збор во дебатата за рударството во Македонија го имаат дезинформациите и најгласните коментари на социјалните мрежи.

„Во изминатиот период многу експерти предупредија дека Македонија не смее да остане настрана од европските и светските процеси поврзани со критичните минерални суровини. Европската Унија денес бакарот, литиумот и другите критични минерали ги смета за стратешки ресурс неопходен за енергетската транзиција, електромобилноста, дигитализацијата и индустрискиот развој. Во исто време, кај нас сè уште се водат расправи во кои мислењето на геолози, инженери и научници често се става во втор план пред шпекулации и сценарија кои не се поткрепени со научни факти“, истакнуваат од „И Здравје и Работа“.

За значењето на инвестицијата претходно во интервју зборуваше и претседателот на Здружението на металурзи, универзитетскиот професор Горан Начевски.

„Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции во Македонија во последните децении. Неговото значење се огледува во можноста за отворање нови работни места, зголемување на извозот, приходи во државниот буџет, локален економски развој и интеграција на земјата во европските синџири за снабдување со критични суровини. Од друга страна, разбирливо е што дел од јавноста изразува загриженост за можните влијанија врз животната средина, земјоделството и водните ресурси. Тие стравувања не треба да се игнорираат, но треба да се разгледуваат врз основа на стручни студии, техничка документација и независни експертски анализи. Доколку инвеститорот вложи во најсовремени технологии за заштита, проектот може да биде во функција на економијата без да ја загрози животната средина“, истакна Начевски.

Според него, статус-кво состојбата во рударството значи дека Македонија губи повеќе отколку што добива – губиме потенцијални инвестиции, нови работни места и можност да се позиционираме како регионален снабдувач на критични минерали. Тој додаде дека во исто време, државата останува надвор од глобалните синџири на снабдување, што ја намалува нашата економска и стратешка тежина. Начевски заклучи дека во услови кога глобалната побарувачка за критични минерали расте, државите кои не ги развиваат своите ресурси ризикуваат да пропуштат инвестиции, нови работни места, технолошки развој и дополнителни буџетски приходи.

 



Поврзани содржини

ВМРО ДПМНЕ за Јакимовски- „Не е болен за глупави изјави, но е болен кога треба да оди во затвор“ 

16 јуни 2026

(Видео) Јовановска до Ѓорѓиевски: Потрошивте 500 илјади евра за одржување на фонтани, а фонтаните не работат

16 јуни 2026

ДУИ за обвинувањата од ВЛЕН за автопатот Скопје-Блаце: Меџити измислува конспирации за приватни земјишта и интереси

16 јуни 2026
НАЈНОВО

ВМРО ДПМНЕ за Јакимовски- „Не е болен за глупави изјави, но е болен кога треба да оди во затвор“ 

16 јуни 2026

Гувернерот на Калифорнија се најде на списокот на непријателите на Трамп. И тоа на врвот

16 јуни 2026

Албанската влада дала гаранции во ЕУ дека ќе се почитуваат еколошките стандарди во проектот на Кушнер

16 јуни 2026

Државата во потрага по нови инвестиции од 300 милиони евра, додека „Иловица-Штука“ од 340 милиони останува во застој

16 јуни 2026

(Видео) Јовановска до Ѓорѓиевски: Потрошивте 500 илјади евра за одржување на фонтани, а фонтаните не работат

16 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.