Извештајот на ЕК не е ништо ново и неочекувано и просто не предизвикува внимание од едноставна причина што ние реално уживаме во овој амбиент во кој живееме и не сакаме ништо да смениме.
Ако се чита извештајот на ЕК меѓу редови, главните забелешки се во тоа што нема напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите, здрава и пристојна животна средина.
Политичкиот услов со Бугарија е само дел од проблемот за почеток на преговорите и тој услов нема никакво значење доколку не сме спремни да испорачаме резултати во борбата против корупцијата, владеењето на правото и се друго погоре набројано.
Гледаат европјаните што правиме, имаат тие свои невидливи брифери кои за нас редовно и педантно пишуваат извештаи, знаат тие многу добро што е корупција и тргување со влијание, имаат они искуство со многу поголеми кримоси од нашиве.
Ги знаат они состојбите кај нас многу добро, глупо би било човек да помисли дека не е така и дека за 30 и кусур години дружење со нашиве властодршци и итреци ништо не научиле.
За воља на вистината и некои европјани што беа тука и не учеа на европско понашање примија балкански навики и кога им заврши мандатот завршија у апс во нивните држави заради корупција, не се правеа судско-обвинителски компромиси како што тоа го прават нашиве властодршци 30 и кусур години, за да не падне владата.
Не читаат они како буквар кога онака трапаво и несмасно муљаме под тепих за да заштитиме и скриеме нешто во служба на актуелна политичка гарнитура и правиме провидни судско обвинителски компромиси, за да не се распадне владина коалицијата се разбира.
Знаат они многу добро во која кондиција е нашето судство, знаат они многу добро кој со кого шурува, кој со кого прави компромиси и секако ги знаат и тие малкумина корумпирани во судството кои прават огромна штета по угледот и на судството и на државата.
За воља на вистината се обидоа да ни помогнат, инвестираа со години во реформи во судството стотици илјади долари и кога сфатија дека нема резултат ни ги укинаа сите донации за реформи во правосудството, си помислиле луѓето ај ваљда со ова ќе им дојде памет и ќе се освестат.
Ако до пред десетина години со програмите за реформи во судството наш судија беше уважен гостин, панелиста, модератор, предавач, на значајни меѓународни форуми, семинари и предавања, денеска радиусот на движење со меѓународни беспари е максимум Охрид “Хотел Олгица” или до велешко езеро во Романтик и нормално ФБ дискусија.
Затоа мислам дека е ред да ги испоштуваме оние оптимисти во ЕП кои покрај се веруваат во нас и да направиме пристојна правна држава, а решавањето на политичките ултиматуми со Бугарија ќе дојдат сами по себе кога ќе дојде време за тоа, како и за сите други политички прашања до сег
Адвокат Владимир Туфегџиќ фб статус

