Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

18 јуни 2026

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

18 јуни 2026

СДСМ: ЕП потврди – нема реформи, нема напредок

17 јуни 2026

Мицкоски: Секогаш кога сакале да ја уништат, ВМРО како чувар на Македонија се враќала посилна

17 јуни 2026

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

17 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

СДСМ: ЕП потврди – нема реформи, нема напредок

Press OnlineBy Press Online17 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Предупредувавме за сѐ и сега сѐ се потврдува. Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината: Нема реформи, нема напредок, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.



Нацрт-извештајот на Европскиот парламент:

-Нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што алармиравме цело време.

-Изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, како и напорите за зајакнување на владеењето на правото и рамките за борба против корупцијата, не напредувале доволно.

-Ги повикува политичките чинители итно да се воздржат од политичко мешање во правосудството.

-Се нагласува важноста од независноста на судството, вклучително и преку зајакнување на Судскиот совет, во согласност со препораките и мислењето од мисијата за колегијална ревизија на Венецијанската комисија од 2023 година.

-Се констатира, со загриженост, дека не е постигнат напредок во спречувањето и борбата против корупцијата и дека таа останува распространета во многу области.

-Посебна загриженост предизвикуваат измените на Кривичниот законик, за кои предупредуваше и СДСМ, а кои создаваат неказнивост за функционерите на власта.

-Се нагласува дека постои значителен и необјаснив јаз меѓу формално најавените истраги за корупција и судските утврдувања на вина во случаи на корупција на високо ниво.

-Се изразува загриженост и поради стратешкото преземање на клучни телевизиски станици и новински портали од страна на унгарски медиумски субјекти, со што се овозможува ширење на антиевропски наративи.

Уште една потврда на она што СДСМ го говори подолго време. СДСМ со месеци зборува за медиумската мрежа на Орбан, која контролира 40% од медиумите во Македонија, како и за антиевропските кампањи, а сега и за медиумите на Вучиќ преку Euronews.

Дезинформациите и странското влијание преку т.н. „српски свет“ се дел од овој антиевропски наратив што го води ВМРО на чело со Мицкоски, а кој е преземен по рецепт на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО.

Сега е сѐ сосема јасно.

Не станува збор за никаква заштита на македонскиот национален идентитет од страна на Мицкоски, туку за заштита на неговата криминална моќ, односно на криминалната моќ на неговата група.

Мицкоски не сака членство во ЕУ затоа што се плаши од одговорност.

Нема реформи, нема напредок, има изолација.

Затоа се води антиевропска кампања, затоа со лажни наративи се напаѓа СДСМ за предавство, само за да се спречи влезот на Македонија во Европската Унија.

Додека регионот забрзува кон ЕУ – Македонија забрзува кон пропаст.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ



Поврзани содржини

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

18 јуни 2026

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

18 јуни 2026

Мицкоски: Секогаш кога сакале да ја уништат, ВМРО како чувар на Македонија се враќала посилна

17 јуни 2026
НАЈНОВО

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

18 јуни 2026

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

18 јуни 2026

СДСМ: ЕП потврди – нема реформи, нема напредок

17 јуни 2026

Мицкоски: Секогаш кога сакале да ја уништат, ВМРО како чувар на Македонија се враќала посилна

17 јуни 2026

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

17 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.