Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, не се загрозени ниту платите – ниту пензиите

28 јуни 2026

Запалено возило ,,ренџ ровер” во Центар

28 јуни 2026

ЕУ испраќа пет милиони евра итна помош за Венецуела

28 јуни 2026

Удрил во друг автомобил, па се заканувал: уапсен жител на Крива Паланка

28 јуни 2026

6 миниерства за Влен во реконструираната влада. Го губи Здравство ги добива Правда и Култура

28 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ЕУ испраќа пет милиони евра итна помош за Венецуела

Press OnlineBy Press Online28 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија ја засилува меѓународната поддршка за Венецуела по разорните земјотреси, издвојувајќи пет милиони евра итна хуманитарна помош за погодените подрачја. Во земјата веќе пристигнуваат спасувачки тимови, медицински персонал и дополнителна опрема, додека потрагата по преживеани продолжува.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, соопшти дека средствата ќе бидат наменети за помош на заедниците кои претрпеа најголеми штети од катастрофалните земјотреси, објави 4news.mk

Таа информираше дека разговарала со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, при што ја изразила солидарноста на Европската Унија со венецуелскиот народ.

„Го активиравме Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, а неколку земји членки веќе испратија тимови за потрага и спасување, пожарникари и медицински персонал“, објави Калас.

Според неа, европскиот сателитски систем „Коперникус“ се користи за проценка на штетите и за насочување на помошта кон најпогодените области.

Според официјалните податоци, најмалку 1.430 лица загинаа во двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што ја погодија Венецуела во средата. Повеќе од 50.000 лица и натаму се водат како исчезнати.

Обединетите нации проценуваат дека последиците од катастрофата погодиле околу седум милиони луѓе, додека спасувачките екипи продолжуваат со трката со времето во потрага по преживеани под урнатините.

 

Поврзани содржини

Иран очекува до 20 милиони луѓе на погребот на Али Хамнеи

28 јуни 2026

Војната се враќа, САД нападнаа складишта за ракети и беспилотни летала во Иран

28 јуни 2026

Ватикан ја обвинува ЕУ за двојни стандарди околу војните

28 јуни 2026
НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, не се загрозени ниту платите – ниту пензиите

28 јуни 2026

Запалено возило ,,ренџ ровер” во Центар

28 јуни 2026

ЕУ испраќа пет милиони евра итна помош за Венецуела

28 јуни 2026

Удрил во друг автомобил, па се заканувал: уапсен жител на Крива Паланка

28 јуни 2026

6 миниерства за Влен во реконструираната влада. Го губи Здравство ги добива Правда и Култура

28 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.