Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет.
Според Сали, две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие.
-Се уште нема финално име за правда и култура, тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека перформираат добро во Владата, задоволни сме како Вреди и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не е од нашите, истакна Сали, одговорајќи на новинарски прашања пред настанот со кој Вреди одбележува две години од работењето како дел од владината коалиција.
Според Сали, се додека траат преговорите има отворени теми, но министерствата за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, сигурно ќе и бидат доверени на Вреди.

