Марија Митева е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Извршниот комитет на партијата.
Митева во моментов ја извршува и функцијата портпарол на Владата.
На истата седница, за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е избран Тодор Коневски. Од партијата за него велат дека е млад и перспективен човек со силна енергија.
Со овие одлуки, ВМРО-ДПМНЕ ги заокружува кадровските промени во двете значајни партиски структури, Унијата на жени и Унијата на млади сили.

