Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Вучиќ ги повлече законите за судството, ЕУ планира да ја награди Србија

30 јуни 2026

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

30 јуни 2026

Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен

30 јуни 2026

Детали за нападот во Монако: Сопругата на украинскиот тајкун се бори за живот

30 јуни 2026

Призма- Како телефон со крипто на осуденик исчезна во судските лавиринти

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

На државните патишта од утре се воведува летен времен режим на сообраќај

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата.



АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од утре до 31 август на државните патишта во државава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Како што инфомрира АМСМ, на магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

– Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока – велат од АМСМ.



Поврзани содржини

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

30 јуни 2026

Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен

30 јуни 2026

Призма- Како телефон со крипто на осуденик исчезна во судските лавиринти

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Вучиќ ги повлече законите за судството, ЕУ планира да ја награди Србија

30 јуни 2026

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

30 јуни 2026

Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен

30 јуни 2026

Детали за нападот во Монако: Сопругата на украинскиот тајкун се бори за живот

30 јуни 2026

Призма- Како телефон со крипто на осуденик исчезна во судските лавиринти

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.