Пожар избувна утринава на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, пожарникари преземаат дејствија за гасење на пожарот.
-Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот, информираат од МВР

