Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пожарникари спасуваа луѓе од автобус потопен во кал и вода во Австрија (видео)

30 јуни 2026

Вучиќ ги повлече законите за судството, ЕУ планира да ја награди Србија

30 јуни 2026

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

30 јуни 2026

Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен

30 јуни 2026

Детали за нападот во Монако: Сопругата на украинскиот тајкун се бори за живот

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Секој граѓанин со изјава кај матичен лекар сам ќе одлучи дали ќе биде органодарител: Собранието го усвои новиот закон

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.



Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против. Од Министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација во земјата.

Една од клучните новини е проширувањето на кругот на живи дарители, така што органи ќе можат да даруваат и сродници до четврти степен на сродство. Притоа, секој случај ќе биде разгледуван од Етичка комисија, која ќе ја утврдува доброволноста на одлуката и ќе спречува можни злоупотреби.

Дополнително, се воведува и можност граѓаните преку нов дигитален модул во системот „Мој термин“ јасно да ја изразат својата волја дали сакаат да бидат органодарители. Изјаснувањето ќе биде безбедно, со двојна верификација, а граѓаните во секое време ќе можат да ја променат или повлечат својата одлука.

Според Министерството, усвоениот закон претставува значаен чекор кон воспоставување пофункционален, поефикасен и подостоинствен систем за органодарителство и трансплантација, во интерес на пациентите и на јавното здравје.

„Министерството за здравство останува посветено на понатамошно зајакнување на трансплантацискиот систем, подигнување на јавната свест и градење доверба, затоа што органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, соопштија од Министерството за здравство објави Скопје1.мк



Поврзани содржини

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

30 јуни 2026

Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен

30 јуни 2026

Призма- Како телефон со крипто на осуденик исчезна во судските лавиринти

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Пожарникари спасуваа луѓе од автобус потопен во кал и вода во Австрија (видео)

30 јуни 2026

Вучиќ ги повлече законите за судството, ЕУ планира да ја награди Србија

30 јуни 2026

Уапсена професорка од УГД: Побарала 300 евра од студент за да положи испит

30 јуни 2026

Гори дива депонија во Шуто Оризари, пожарникарите интервенираат на терен

30 јуни 2026

Детали за нападот во Монако: Сопругата на украинскиот тајкун се бори за живот

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.