Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите

9 јули 2026

Заврши драмата на демократите во Мејн, Греам Платнер ја прекина кампањата за сенатор

9 јули 2026

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

9 јули 2026

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

9 јули 2026

Албанската влада со 4 милиони евра ќе го финансира концертот на Канје Вест  во Тирана

9 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заедничките гранични контроли One Stop веќе функционираат на граничните премини со Србија и Косово, а со потпишувањето на договорот со Албанија е заокружен процесот на воспоставување на овој современ систем со сите соседи кои не се дел од Шенген зоната – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со имплементацијата на One Stop системот, како што се наведува во соопштението, граѓаните добиваат едно застанување, една гранична контрола и значително пократко време на чекање, а државите добиваат поефикасно управување со границите, поголема безбедност, повеќе трговија, туризам и регионална поврзаност.

– Веќе ги гледаме резултатите. На Табановце, и покрај тоа што ова лето бројот на патници е зголемен за 15 до 20 проценти, времето на чекање е значително намалено. Истото го овозможивме и на Блаце – Елез Хан, а со пуштањето во употреба на системот на Јажинце – Глобочица ја заокруживме имплементацијата на заедничките контроли со Република Косово. Потпишаниот договор со Република Албанија е следниот важен чекор. Наскоро и таму ќе воспоставиме One Stop систем, со што Македонија ќе стане една од првите земји во регионот што ќе има ваков модел на заеднички гранични проверки со сите соседни држави надвор од Шенген зоната – велат од МВР.

Посочуваат дека ова не е само инфраструктурен или административен проект, туку инвестиција во побрза комуникација меѓу луѓето, посилна економска соработка, поголема мобилност и уште побезбедни граници.

-Продолжуваме да градиме модерно Министерство за внатрешни работи, кое воведува европски решенија што директно го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните и ја прават Македонија подобро поврзана, побезбедна и поконкурентна –  наведуваат од МВР.

Поврзани содржини

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите

9 јули 2026

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

9 јули 2026

Променливо облачно време со сончеви периоди

9 јули 2026
НАЈНОВО

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите

9 јули 2026

Заврши драмата на демократите во Мејн, Греам Платнер ја прекина кампањата за сенатор

9 јули 2026

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

9 јули 2026

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

9 јули 2026

Албанската влада со 4 милиони евра ќе го финансира концертот на Канје Вест  во Тирана

9 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.