Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Заврши драмата на демократите во Мејн, Греам Платнер ја прекина кампањата за сенатор

9 јули 2026

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

9 јули 2026

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

9 јули 2026

Албанската влада со 4 милиони евра ќе го финансира концертот на Канје Вест  во Тирана

9 јули 2026

Трамп вчера ја нападна Шпанија и се закани со ембарго, сега ја фали: Многу е дарежлива

9 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Албанската влада со 4 милиони евра ќе го финансира концертот на Канје Вест  во Тирана

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тирана- Албанскиот премиер Еди Рама ја поддржа одлуката на Албанската влада да издвои четири милиони евра за концертот на американскиот рапер Канје Вест, откако низа негови концерти низ Европа беа откажани поради неговите претходни антисемитски изјави. Според него, целта е да се заштити меѓународниот углед на Албанија и да се остварат значајни економски придобивки. Од друга страна пак, критичарите го доведуваат во прашање оправданото користење на државни средства за настан што е приватна организација.

„Владата во последен момент обезбеди средства за концертот на Вест. Со тоа избегна разочарување кај речиси 25.000 странски посетители од околу 80 земји, кои веќе купиле влезници“, соопштил Рама во изјава за албанската новинска агенција АТА. Концертот претставува голема можност за промоција на Албанија како туристичка дестинација и за привлекување меѓународни посетители, додал тој.

Според Рама, Владата на Република Албанија проценила дека настанот би можел да го зголеми државниот буџет, со најмалку 100 милиони евра.

– Зголемениот број резервации за сместување за викендот ја потврдува мојата процена за покачување на економската состојба во државата.

Концертот е закажан за 11 јули во близина на Тирана.

Поврзани содржини

Франција и Германија против САД: Запна договорот за нов висок претставник во БиХ

9 јули 2026

Рама потврди дека следниот самит на НАТО ќе се одржи во Тирана

8 јули 2026

Не пет, туку осум земји од ЕУ се против отворањето нов кластер за Србија

8 јули 2026
НАЈНОВО

Заврши драмата на демократите во Мејн, Греам Платнер ја прекина кампањата за сенатор

9 јули 2026

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

9 јули 2026

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

9 јули 2026

Албанската влада со 4 милиони евра ќе го финансира концертот на Канје Вест  во Тирана

9 јули 2026

Трамп вчера ја нападна Шпанија и се закани со ембарго, сега ја фали: Многу е дарежлива

9 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.