Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите

9 јули 2026

Заврши драмата на демократите во Мејн, Греам Платнер ја прекина кампањата за сенатор

9 јули 2026

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

9 јули 2026

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

9 јули 2026

Албанската влада со 4 милиони евра ќе го финансира концертот на Канје Вест  во Тирана

9 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Македонски концепт на Петар Богојески, кој е дел од владејачката коалиција „Твоја Македонија“ е зачуден од изјавата на еврокемасрката за проширување, Марта Кос, дека никој во Унијата не може да дава гаранции. „ Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата“, вели МК во реакцијата.

„Референдумското изјаснување во 2018 година се темелеше токму на таквите ‘Е гаранции’, кои сега магично исчезнаа. Со тоа, паѓа во вода наративот дека болните и длабоко национални отстапки направени во минатото биле неопходни затоа што претставувале сигурен пат кон европското членство. 

Нашата стратешка определба  останува полноправното членство во Европската унија. Но, европската интеграција мора да биде процес заснован на јасни правила, еднакви критериуми и предвидливост, а не на постојано отворање нови политички условувања без јасен крај. 

Штом ЕУ официјално ги повлекува гаранциите од Преспанскиот договор, тогаш сосема легитимно е Македонија да ја тргне ‘северна’ од внатрешна употреба, токму согласно  одредбите на тој договор. Бараме Владата итно да преземе чекори во таа насока“, велат од Македонски концепт. Партијата нагласува дека тоа прашање ќе биде покренато во рамките на коалицијата.

Поврзани содржини

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите

9 јули 2026

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

9 јули 2026

Променливо облачно време со сончеви периоди

9 јули 2026
НАЈНОВО

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите

9 јули 2026

Заврши драмата на демократите во Мејн, Греам Платнер ја прекина кампањата за сенатор

9 јули 2026

По Србија и Косово, наскоро One Stop систем и со Албанија

9 јули 2026

Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Македонски концепт, бара владата да се откаже од Преспанскиот договор

9 јули 2026

Албанската влада со 4 милиони евра ќе го финансира концертот на Канје Вест  во Тирана

9 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.