Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

14 јули 2026

Радикален план на Трамп: САД ќе го чуваат Ормускиот теснец и ќе наплаќаат 20 отсто од секој брод за „услугата“

13 јули 2026

Голем пожар кај познатото албанското одморалиште Химара

13 јули 2026

Путин и неговото семејство би можеле да „скокнат“ од прозорец

13 јули 2026

Отсуството на Радев од состанокот на „Коалицијата на подготвените“ ја изолира Бугарија во ЕУ

13 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Press OnlineBy Press Online13 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови.

Во фокусот на работната средба, како што информираат од Министерството, биле производните резултати, реализацијата на планот за производство, тековното и инвестициското одржување, како и следната фаза од ревитализацијата на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

Особено, велат од Министерството, охрабрува податокот дека „Глобочица“ веќе има реализирано околу 80 проценти од годишно планираното производство, а само во првата половина од годинава во македонскиот електроенергетски систем испорачала 120 GWh електрична енергија – речиси 19 проценти повеќе од планираното.

-Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем, истакнала министерката Божиновска.

На средбата била презентирана и третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“, која започнува ова лето. Најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, каде се предвидени капитални зафати – замена на генератори, ротори, лежишта и блок-трансформатори, модернизација на хидромеханичката опрема и други активности што ќе ја зголемат сигурноста, ефикасноста и работниот век на постројките.

Паралелно се разработуваат и нови развојни проекти, меѓу кои „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотонапонска електрана на акумулацијата „Шпилје“, модернизација на регулациониот систем за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, како и други проекти што ќе придонесат за зголемување на домашното производство на чиста енергија.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини појаснуваат дека ХЕЦ „Глобочица“, која е пуштена во употреба во 1965 година, повеќе од шест децении претставува еден од столбовите на македонската електроенергетика. Од почетокот на работата до денес има произведено над 10.500 GWh електрична енергија, а преку досегашните ревитализации нејзината инсталирана моќност е зголемена од 34,5 на 42,5 MW.

Министерката Божиновска нагласила дека вложувањата во ваквите капацитети не се само инвестиции во инфраструктура, туку инвестиции во енергетската безбедност, економскиот развој и енергетската независност на државата.

-Хидроелектраните се нашата домашна, чиста и стратешка енергија. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција. Затоа продолжуваме со инвестиции кои ќе обезбедат овие капацитети сигурно да произведуваат и во следните децении, порачала Божиновска.

Поврзани содржини

Германија финансира набавка на 50 илјади борбени дронови за Украина

13 јули 2026

Македонската и албанската полиција ќе спроведуваат заеднички патроли за превенција од шумски пожари

13 јули 2026

Роберт Милошески именуван за в.д. градоначалник на Општина Брвеница по смртта на Јовица Илиевски

13 јули 2026
НАЈНОВО

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

14 јули 2026

Радикален план на Трамп: САД ќе го чуваат Ормускиот теснец и ќе наплаќаат 20 отсто од секој брод за „услугата“

13 јули 2026

Голем пожар кај познатото албанското одморалиште Химара

13 јули 2026

Путин и неговото семејство би можеле да „скокнат“ од прозорец

13 јули 2026

Отсуството на Радев од состанокот на „Коалицијата на подготвените“ ја изолира Бугарија во ЕУ

13 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.