Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Српските студенти бараат разрешување на министерката која рече дека етнички би го исчистила Косово

14 јули 2026

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

14 јули 2026

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

14 јули 2026

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Транспортната инспекција нема повеќе изговори: ЕУ донира возила за покривање на целата територија

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Транспортната инспекција конечно ќе може да ја покрие целата територија на државата, по донацијата на 18 возила од ЕУ, во вредност од 700.000 евра. Повеќе нема изговори доколку на нашите патишта се сретнат претоварени товарни возила, неисправни автобуси или превоз на опасни материи.

 

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија наменета за зголемување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, во вкупна вредност од 700 илјади евра.

 

Николоски истакна дека станува збор за значајна поддршка која ќе овозможи инспекторатот многу поефикасно да ја извршува својата работа и да ја покрива целата територија на државата.

 

„Навистина е големо задоволство да ја промовираме оваа голема донација која Европската Унија ја прави за нас. Ова е навистина многу значајно. Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија. Ако претходно вредните луѓе кои работат во инспекторатот се обидуваа колку што можат да ја покријат територијата на државата, по оваа донација ќе можат целосно да ја покријат и да бидат присутни буквално на секоја точка“, изјави Николоски.

 

Тој нагласи дека новите специјално опремени возила ќе придонесат за поефикасен инспекциски надзор, поголема безбедност во сообраќајот и подобра заштита на патната инфраструктура.

 

„Со овие 16 специјално опремени патнички возила, двете специјално опремени возила за следење и специјално адаптираното комбе кое ќе служи како контролен центар, инспекторатот ќе може целосно да ја заврши својата работа. Тоа значи повеќе безбедност на патиштата, побрз и поефикасен инспекциски надзор, но и подобра заштита на патиштата преку контрола на прекумерната тежина на камионите, превозот на опасни материи и контролата на автобусите за да ги исполнуваат сите стандарди за превоз на патници“, рече министерот.

 

Според него, инвестициите во патната инфраструктура мора да бидат проследени со засилени контроли, со цел да се зачува нивниот квалитет и долговечност.

 

„Градиме експресни патишта и автопати, но истовремено мора многу да внимаваме на безбедноста и на заштитата на патиштата. Еден од главните фактори за нивно уништување е непочитувањето на правилата. На овој начин инвестициите што ги правиме ќе добијат долгорочна вредност“, истакна Николоски.

 

Тој упати благодарност до амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, за неговата лична посветеност во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека донацијата не се состои само од возила.

 

„Оваа донација не се само возила, туку и современ софтвер за следење на возилата, како и знаење и обука за инспекторите во Државниот инспекторат за транспорт. Оваа донација значи иднина“, порача Николоски.

 

Заменик-претседателот во втора фаза најави дополнителни инвестиции со цел унапредување на капацитетите и ефикасноста на Државниот инспекторат за транспорт.

 

Според евроамбасадорот Рокас, денешната донација е најдобар доказ за тоа како се користат грантовите од Европската Унија и доказ дека ЕУ ѝ помага на држвава да се подготви за членство во Европската Унија.

– Со ова Европската Унија покажува како најдобро се користат грантовите на Европската Унија, а истовремено денешната испорака е уште еден доказ дека Унијата со овие возила ѝ помага на земјата подобро да се подготви за членството во Европската Унија – изјави Рокас.

Со помош на Европската Унија и грант од речиси 13 милиони евра од механизмот за поддршка на Европската Унија веќе се работи и на инсталирање интелигентни транспортни системи на Коридорот 10 по што во следниот период ќе треба да се продолжи и на Коридорот 8.

 

Поврзани содржини

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

14 јули 2026

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора

14 јули 2026
НАЈНОВО

Српските студенти бараат разрешување на министерката која рече дека етнички би го исчистила Косово

14 јули 2026

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

14 јули 2026

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

14 јули 2026

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.