Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Српските студенти бараат разрешување на министерката која рече дека етнички би го исчистила Косово

14 јули 2026

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

14 јули 2026

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

14 јули 2026

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека истрелала балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан.

Во соопштението објавено од новинската агенција Фарс, ИРГЦ го повика јорданскиот народ да бара отстранување на американските бази од нивната земја.

– Вие добро знаете дека не чувствуваме никакво непријателство кон вашата земја. Всушност, ве сакаме благородни луѓе, бидејќи ја разбирате болката и страдањето на палестинскиот народ подобро од кој било друг, се наведува во соопштението на ИРГЦ.

Јорданските власти претходно потврдија дека собориле четири ирански ракети што навлегле во воздушниот простор на земјата. Според првичните извештаи, во инцидентот нема жртви или материјална штета.

Во меѓувреме Обединети Арапски Емирати соопштија дека иранска крстосувачка ракета погодила два нивни нафтени танкери во Ормуска Теснина, при што загина еден морнар од Индија, а осум се повредени.

И Оман денеска соопшти дека е погоден танкер во близина на брегот Мусандама, при што 18 морнари се евакуирани, а тројца се водат како исчезнати.

ИРГЦ тврди дека погодените танкери во Ормуска Теснина ги игнорирале предупредувањата, ги исклучиле навигациските состави и се обидел да поминат низ минираната рута.

Попладнето властите во Кувајт соопштија дека земјата е под воздушен напад.

– Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор, соопшти Генералштабот на армијата во соопштение, при тоа ги повика луѓето да „ги следат безбедносните упатства издадени од властите“.

Иран изминатите денови изврши повеќекратни напади врз Кувајт и другите сојузници на САД во Персиски Залив, како одговор на американските напади врз негова територија.

Во меѓувреме, иранската новинска агенција Фарс јави дека попладнево регистрирани се неколку експлозии на островот Кешм, во близина на Ормуска Теснина.

Фарс наведе дека областа Масан на островот Кешм изминатите денови беше неколку пати нападната од американскиот непријател.

Американските сили денеска нападнаа и четири локации во градот Бушер. Нападот врз градот Бушер уследи по експлозиите во пристанишниот град Бандар Абас и во Џогатаи.

Во покраината Бушер е лоцирана единствената активна иранска нуклеарна електрана. 

Поврзани содржини

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море

14 јули 2026

Норвешката принцеза Мете-Марит пуштена од болница по трансплатацијата на белите дробови

14 јули 2026

Е. Џин Керол (82) доби 5 милиони долари отштета од Трамп за сексуална злоупотреба и клевета

14 јули 2026
НАЈНОВО

Српските студенти бараат разрешување на министерката која рече дека етнички би го исчистила Косово

14 јули 2026

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

14 јули 2026

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

14 јули 2026

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.