Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Српските студенти бараат разрешување на министерката која рече дека етнички би го исчистила Косово

14 јули 2026

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

14 јули 2026

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

14 јули 2026

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Демократската унија за интеграција најостро го осудува продолжувањето на, како што оценуваат, политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција.

„Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот конкурс. Повторно нагласуваме дека станува збор за незаконско именување, кое мора итно да биде предмет на истрага од надлежните институции.

За работно место како соработник, советник и други позиции во јавната администрација, потребни се високо образование и работно искуство стекнато по завршувањето на соодветното образование. Но, за да се задоволат апетитите на партнерите во рамките на ВЛЕН, Програмскиот совет на МРТ именува лице на врвот на јавниот сервис кое не ги исполнува ниту условите за позиција соработник во јавната администрација. Можеби токму ова е „правичната застапеност“ и „меритократијата“ што ја проповеда ВЛЕН.

Алармантно и воедно навредливо за професијата е што на чело на јавен медиум се именува лице без ниту еден ден работно искуство во новинарството. Ова претставува деградација на професионалните стандарди, потценување на стотиците новинари и медиумски работници со долгогодишно искуство во МРТ и доказ дека единствениот критериум за именување е политичката лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Од првиот ден на доаѓањето на власт, ВЛЕН покажа дека не ги претставува интересите на Албанците, туку интересите на ВМРО. Денес албанските вработени во МРТ останаа без институционална поддршка, додека лицата именувани спротивно на законот се претворија во слепи извршители на партиските политики, претворајќи го јавниот сервис во инструмент на владината пропаганда.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата ги повикуваме веднаш да отворат истражна постапка за овој случај и да ја утврдат кривичната и административната одговорност на сите кои учествувале во овој незаконски процес.

Исто така, ги повикуваме Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ОБСЕ, Делегацијата на Советот на Европа, како и сите домашни и меѓународни организации кои се занимаваат со слободата на медиумите и владеењето на правото, без одлагање да реагираат на овој опасен процес на политизација и узурпација на МРТ.

Заробувањето на јавниот сервис, кршењето на законот, елиминирањето на Албанците од раководните позиции и деградацијата на професионалните стандарди не се проблем само на една институција. Тоа претставува напад врз демократијата, плурализмот и мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија.

ДУИ нема да молчи пред оваа деградација и ќе ги искористи сите демократски и институционални механизми за да ги заштити законитоста, професионализмот и правичната застапеност на Албанците во Македонската радио-телевизија“, стои во соопштението на ДУИ.

Поврзани содржини

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Транспортната инспекција нема повеќе изговори: ЕУ донира возила за покривање на целата територија

14 јули 2026

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора

14 јули 2026
НАЈНОВО

Српските студенти бараат разрешување на министерката која рече дека етнички би го исчистила Косово

14 јули 2026

Иран го нападна Јордан, а ИРГЦ ги повика Јорданци да ги отстранат американските бази

14 јули 2026

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

14 јули 2026

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

14 јули 2026

Украинците потопија руски патролен брод во Азовското Море

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.