Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Умре срната Бамби што беше осакатена со стапица

14 јули 2026

Повеќемина загинати во пожар на градилиште во Брисел

14 јули 2026

Скандалозна изјава на српска министерка: „Да бев на местото на Милошевиќ етнички ќе го исчистев Косово“

14 јули 2026

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026

Среде лето побелеа улиците во Германија: Погледнете ги нереалните сцени

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е утврдена казна затвор од шест месеци. За двете кривични дела изречена е една единствена казна затвор во времетраење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во наредните три години не стори ново кривично дело.

Во истиот предмет, Судот го прогласи за виновен ревизорот Миле Столевски за кривичното дело компјутерски фалсификат. Нему му е изречена алтернативна мерка условна осуда, со која му се утврдува казна затвор од шест месеци доколку во рок од две години не стори ново кривично дело.

Tретообвинетата Билјана Петровска-Мантева е ослободена од обвинението, бидејќи Обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила кривичното дело оддавање службена тајна.

Во образложението на пресудата, судечкиот совет наведе дека секое оддавање податоци и информации не само што го урива интегритетот на ДКСК туку претставува и повреда на службената должност.

 

Судијата Илија Трпков нагласи дека претседателот на ДКСК не само што раководи со работата на Комисијата, туку е и олицетворение на довербата во јавноста.

Според обвинителниот акт, Димитровска се товареше дека оддавала службени информации на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, како и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

 

На завршните зборови одржани на 8 јули, Обвинителството побара осудителна пресуда, посочувајќи ја функцијата на Димитровска како отежнителна околност, додека одбраната бараше ослободителна пресуда со тврдење дека не се понудени докази што ја потврдуваат вината на обвинетите.

Странките имаат право на жалба на пресудата до Апелациониот суд во рок од осум дена.

Поврзани содржини

Умре срната Бамби што беше осакатена со стапица

14 јули 2026

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026

„Добар ден за судството – го ослободи Груевски и го одмрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ“, реагира СДСМ

14 јули 2026
НАЈНОВО

Умре срната Бамби што беше осакатена со стапица

14 јули 2026

Повеќемина загинати во пожар на градилиште во Брисел

14 јули 2026

Скандалозна изјава на српска министерка: „Да бев на местото на Милошевиќ етнички ќе го исчистев Косово“

14 јули 2026

Беким Сали на прославата на Макрон за 14 јули

14 јули 2026

Среде лето побелеа улиците во Германија: Погледнете ги нереалните сцени

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.