Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трагедија во Италија. Близнаци (22) починаа од електричен удар додека спасуваа птица

1 мај 2026

“Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа!

1 мај 2026

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Во вторник средба на министрите од Западен Балкан со Европската комисија за проблемите на камионските превозници

Press OnlineBy Press Online29 јануари 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

8

Како што соопшти Совет на министри на БиХ, шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина Луиџи Сорека телефонски ја информирал претседавачката на Советот на министри Борјана Кришто за новата визна стратегија на Европската комисија, со која професионалните возачи на камиони за првпат се препознаени како посебна категорија.

Во разговорот, Кришто и Сорека упатиле заеднички повик до Конзорциумот на превозници во БиХ да ги прекинат блокадите на граничните премини за товарен сообраќај кон земјите од Шенген-зоната, имајќи предвид дека Европската комисија веќе започнала итни институционални постапки за решавање на нивните проблеми.

„Со оглед на големата штета и финансиските загуби што поради блокадите ги трпи економијата на БиХ, но и на целиот регион, како и фактот дека ЕУ веќе покрена процеси за итно надминување на ова прашање, упатен е заеднички повик за конструктивен пристап во решавањето на проблемот“, се наведува во соопштението.

Прочитајте повеќе:

Кришто истакнала дека заеднички интерес е непречен проток на стоки и зачувување на економската стабилност, додавајќи дека Советот на министри на БиХ останува целосно посветен на решавање на ова прашање во партнерство со Европската Унија.

Во соопштението се наведува и дека разговорот бил воден поради сериозните нарушувања во меѓународниот транспорт и протокот на стоки, предизвикани од блокадите на граничните премини кон ЕУ.

Протестите на превозниците од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија продолжуваат четврти ден на граничните премини со земјите членки на ЕУ. Како што е најавено, тие ќе траат сè додека не бидат исполнети нивните барања, пред сè правилото за престој од 90 дена во период од шест месеци во Шенген-зоната.

Во меѓувреме, Здружението на превозници од Црна Гора денеска напладне ги прекина блокадите на товарниот сообраќај, откако со Владата постигна договор за домашните барања, вклучително и прашања поврзани со даноците, транзитните рокови, бенефицираниот работен стаж и продолженото работно време на фитосанитарните и ветеринарните инспекции на поголемите гранични премини. Превозниците, сепак, предупредија дека се подготвени за поостри мерки доколку договореното не биде реализирано.

Поврзани содржини

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот

1 мај 2026

Предвремените избори во Косово распишани на 7 јуни

30 април 2026
НАЈНОВО

Трагедија во Италија. Близнаци (22) починаа од електричен удар додека спасуваа птица

1 мај 2026

“Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа!

1 мај 2026

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.