Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

17 април 2026

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

17 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо реформи се фокусира на странски избори и пропаганда

17 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Пролетна табела: Шкендија е прва пред Вардар, Тиквеш е трет а Шкупи уште чека на првиот гол!

Press OnlineBy Press Online13 март 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Утре стартува третиот круг од тековниот шампионат и се знае дека на официјалната табела по 22.коло Вардар е прв со 55 бодови, втора Шкендија со три помалку, Струга ТЛ има 47, четврти е Силекс…

Инаку во изминатиот дел од пролетната полусезона се одиграа шест кола и во пресрет на стартот на третиот круг убаво ќе биде да видиме како изгледа табелата ако се земат в предвид само овие изминати пролетни шест кола. Тоа е заради да видиме кој во каква форма е пред последните 11 кола.

А на таа провизорна табела, Шкендија е лидер со 16 бодови. Шампионот забележа пет победи и само едно реми со гол разлика 12:4. Ги победи и Вардар и Струга ТЛ и Силекс, а ремизираше само со Брера во последното 22.коло.

Вардар е втор со 13 бодови. Тимот на Гоце Седлоски победи на четири меча а по еднаш ремизираше и беше поразен.

Изненадувачки Тиквеш е трет по овие шест кола. Кавадарчани имаат само бод помалку од Вардар, а до таму стигнаа со четири победи и два порази. Интересно, три победи имаат како гости.

И Башкими е во добра форма кој е на 4. место со 10 бодови. Кумановци имаат три победи, едно реми и два порази. Следуваат Брера со 9 бодови исто колку што има и Работнички.

Не е лоша ни Македонија ЃП со 8 бодови на седмото место. Силекс е осми со 8 бодови и со гол разлика 5:5. Кратовци дома загубија и од Шкендија и од Вардар, а славеа во Струга.

Токму Струга ТЛ е тим од кој се очекуваше многу повеќе а не да освои само шест бода. Пораз од Шкендија и Силекс и реми со Вардар, или само една победа и тоа против Шкупи, три ремија и два порази. Премалку за тим со таков квалитет.

Пелистер е во лоша, да не кажеме катастрофална форма. Битолчани на шест меча освоија само 5 бодови. Тргнаа одлично со победата над Работнички од 4:1, но следуваа две ремија и три порази. Арсими е уште полош со 4 бодови на претпоследната позиција.

Очекувано Шкупи е последен со нула бодови, а нема ни постигнат гол а примил 22.

Па така, ако се гледа оваа табела тогаш Шкендија е шампион, Вардар оди во ЛК а Силекс и Струга ТЛ играат баражи за опстанок, додека Пелистер, Арсими и Шкупи директно се селат во ВМФЛ.

Се разбира ова е само провизорно како што рековме погоре зошто се сметаат резултатите од првите шест пролетни кола.

На крај да каже дека само Пелистер и Шкупи се на истите места, како на официјалната така и на оваа провизорна табела. Битолчани се десетти и на двете табели а чаирчани последни.

Тоа нешто кажува во секој случај.

ТАБЕЛА

1.ШКЕНДИЈА 16 (12:4)

2.ВАРДАР 13 (11:3)

3.ТИКВЕШ 12 (14:5)

4.БАШКИМИ 10 (5:3)

5.БРЕРА 9 (9:6)

6.РАБОТНИЧКИ 9 (10:13)

7.МАКЕДОНИЈА ЃП 8 (8:6)

8.СИЛЕКС 8 (5:5)

9.СТРУГА ТЛ 6 (9:7)

10.ПЕЛИСТЕР 5 (6:6)

11.АРСИМИ 4 (5:14)

12.ШКУПИ 0 (0:22)

Поврзани содржини

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо реформи се фокусира на странски избори и пропаганда

17 април 2026
НАЈНОВО

ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

17 април 2026

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

17 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо реформи се фокусира на странски избори и пропаганда

17 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.