Мега јахта поврзана со санкциониран руски олигарх помина низ прометниот Ормутски теснец порано денес, според податоците за следење на бродовите. Јахтата „Норд“, долга 142 метри, исплови од Дубаи во Обединетите Арапски Емирати синоќа и помина низ клучниот воден пат во текот на ноќта, според податоците од MarineTraffic, пишува Си-Ен-Ен.
Податоците покажуваат дека плови кон Мускат, Оман. Станува збор за една од најголемите јахти во светот, а нејзината вредност се проценува на најмалку 500 милиони долари. Брокер за јахти претходно изјави за Си-Ен-Ен дека се верува оти јахтата му припаѓа на Алексеј Мордашов, претседател на рускиот гигант за челик и рударство и еден од најбогатите милијардери во Русија.
Асошиетед прес претходно објави дека Мордашов е сопственик на тој брод. Си-Ен-Ен претходно објави дека американскиот Стејт департмент вовел санкции врз Мордашов, како и врз три од неговите компании, неговата сопруга и две возрасни деца во 2022 година.
Јахтата, која е е околу едно и пол фудбалско игралиште, се чини дека поминала рута покрај иранскиот остров Ларак. „Лојдс Лист Интелиџенс“ претходно објави дека рутата ја користи Корпусот на иранската Револуционерна гарда за контрола на пристапот до Ормускиот теснец.
„Норд“ има две хелиодроми, а ваквите бродови обично носат голем персонал, вклучувајќи готвач со полно работно време, фитнес инструктор и масер, изјави за Си-Ен-Ен брокерот за јахти „2022“, Мајкл Максимилијан Боние. Останува да се види дали јахтата ја избегнала американската поморска блокада.

