Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина

1 мај 2026

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните

1 мај 2026

Истекува рокот што му дава на Трамп 60 дена да започне војна без одобрение од Конгресот

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Светскиот ден на слободата на медиумите одбележан со крводарителска акција

Press OnlineBy Press Online29 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која се базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите.



Поголем број на новинари и медиумски работници, но и граѓани се одѕваа на четвртата по ред крводарителска акција и донираа крв на повеќе локации и тоа во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО Даре Џамбаз), како и во Клиничките центри во Охрид, Струмица и Битола.

Со оваа хумана акција ССНМ и ЗНМ се приклучија на глобалното одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, како и на активностите на Меѓународната федерација на новинари кои продолжуваат следната недела со организација на одбележување на 100-годишнината од формирањето на оваа глобална новинарска организација.

Тамара Грнчароска, членка на Извршниот одбор на ССНМ во своето обраќање рече дека новинарството се соочува со сериозни предизвици, и порача дека овој ден треба да не потсетува дека „слободните медиуми се столб на демократијата, а хуманите луѓе меѓу кои и новинарите се столб на секое општество“.

„3 мај, Светскиот ден на слобода на медиуми не е одбележување само на едно од основните демократски права врз кои се гради секое слободно и праведно општество – слободата на јавната мисла, слободата на медиумите, туку е ден кога покажуваме дека новиинарството е одговорна професија. Тоа е служба во интерес на граѓаните, за доброто на заедницата“, додаде Грнчароска.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во пресрет на извештајот за слобода на медиуми на Репортери без граници потсети на падот на Македонија од шест места во минатогодишното рангирање, додавајќи дека „ништо не е загарантирано и дека слободата на медиумите мора постојано да се брани и унапредува“, а солидарноста е еден од значајните делови на таа борба.

„Новинарството е професија што има една посебна мисија – да го штити јавниот интерес и да биде совеста и гласот на заедницата. Денеска, со оваа крводарителска акција, испраќаме силна порака – дека сме тука едни за други, дека солидарноста не е само збор, туку вредност што ја живееме“, рече Чадиковски.

Александра Ристовски од Црвениот крст на Град Скопје се заблагодари од името на нејзината организација за иницијативата.

„Тоа што вие го правите е навистина многу важно за нашата работа, важни се ваквите иницијативи бидејќи вие всушност организирате еден начин на спасување живот и сте дел од хуманитарната мисија на Црвениот крст“, рече Ристовски



Поврзани содржини

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните

1 мај 2026

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата

1 мај 2026
НАЈНОВО

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина

1 мај 2026

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните

1 мај 2026

Истекува рокот што му дава на Трамп 60 дена да започне војна без одобрение од Конгресот

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.