Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: Кумот на Максим Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово

25 мај 2026

Враќањето на Ципрас ја потресува грчката политика

25 мај 2026

Зеленски за нападите со Орешник: Тие се навистина пореметени!

25 мај 2026

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

25 мај 2026

Страшна несреќа во Белград: Трамвај излета од шините и удри во зграда, меѓу повредените има и дете

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Француски судија го презема случајот за убиството на новинарот Кашоги во Турција

Press OnlineBy Press Online16 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Париз – Француски судија е именуван да ја води истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ).

Согласно француските закони, на судиите им е дозволено да истражуваат одредени тешки злосторства сторени против странски државјани во странство.

Именувањето на судија уследи по пресудата од 11 мај на Апелацискиот суд во Париз, со која се прифатени жалбите на групата за човекови права „Трајал интернешенл“ (Trial International) и репортери без граници (РСФ).

Истрагата е насочена кон саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман под обвинение за мачење и присилно исчезнување, а треба да разјасни што се случувало во Франција пред Кашоги да биде убиен во Истанбул, на што инсистира вдовицата на новинарот, Ханан Елатр Кашоги.

ПНАТ не ја прифати посебната тужба од непрофитната организација „ДУН“ (DAWN).

Кашоги беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври 2018 година, за што се обвинети саудиски агенти. Судот во Турција во 2022 година го стопираше судењето против 26 осомничени Саудијци и го префрли случајот во Саудиска Арабија.

Според американските разузнавачки служби, елиминацијата на Кашоги го наредил Салман, кој негираше дека го наредил убиството, но призна дека злосторството се случило „под негов надзор“.

Поврзани содржини

Зеленски за нападите со Орешник: Тие се навистина пореметени!

25 мај 2026

Нетанјаху признава дека повеќе нема влијание врз Трамп

25 мај 2026

Русија го попречила GPS сигналот на авионот на британскиот министер?

25 мај 2026
НАЈНОВО

Левица: Кумот на Максим Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово

25 мај 2026

Враќањето на Ципрас ја потресува грчката политика

25 мај 2026

Зеленски за нападите со Орешник: Тие се навистина пореметени!

25 мај 2026

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

25 мај 2026

Страшна несреќа во Белград: Трамвај излета од шините и удри во зграда, меѓу повредените има и дете

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.