Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

Џеј Ди Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

19 мај 2026

Кристијан Алексиќ признал сè и не покажува каење – сакал да убие друго момче

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026

Чешкиот премиер и претседателот се караат кој ќе присуствува на самитот на НАТО

19 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Сиљановска-Давкова до бугарскиот амбасадор во Словенија: Македонскиот Устав ги гарантира правата на сите малцинства

Press OnlineBy Press Online19 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова смета дека и покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него. Македонија, според претседателката, гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата во посебен член во уставот, туку само член за забрана на било каков вид дискриминација по било кој основ.



-ЕУ нема заедничка политика за правата на малцинствата и не е дел од таканареченото acquis communautaire. На пример, Франција и Грција се држави кои дури и не ја потпишаа конвенцијата за правата на малцинствата, ниту конвенцијата за регионални и локални јазици. Повеќето членки на ЕУ немаат ниту еден збор за правата на малцинствата во своите устави. Во вашиот Устав нема гаранција за правата на малцинствата. Имате за ова само во член 6, клаузула за антидискриминација која вели дека секој граѓанин е еднаков, без разлика на пол, раса или етничка и национална малцинска припадност, рече македонската претседателка во одговор на прашањето на бугарскиот амбасадор во Словенија, Красимир Бојанов зошто додавањето на Бугарите во македонскиот Устав е спорно од идентитетски аспект, по нејзиното предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“

Ако го анализираме овој проблем преку човековите права и слободи, додаде таа, тие се целосно загарантирани и за сите без разлика дали се споменати во Уставот на Македонија или не. Но додаде, правата на Македонците во Бугарија не се почитуваат.

-Има повеќе од 20 пресуди од страна на Судот во Стразбур против Бугарија, во моментов 14 пресуди. И како професор, имам прашање: каков суд е тоа ако неговите пресуди не се релевантни за секоја држава? А Бугарија одбива да ги спроведе. Минатиот месец или пред два месеци, Комитетот за заштита на правата во Обединетите нации, исто така, донесе одлука во која се бара од Бугарија, односно од Апелацискиот суд да дозволи Македонско здружение за некои културни прашања да биде признаено. Во 2008 година, Венецијанската комисија издаде мислење за бугарскиот Устав, препорачувајќи ѝ на Бугарија да гарантира минимални права на малцинствата, бидејќи, вие, исто така во вашиот Устав, ги забранувате партиите врз основа на етнички и религиозни критериуми. Тоа е вашиот уставен пристап и немам намера да се мешам во ова, но во случајот во 2021 година, повторно Венецијанската комисија издаде мислење за законот за употреба на јазиците во мојата земја, велејќи дека стандардите се над европските стандарди во заштитата на правата на малцинствата, рече македонската претседателка.

Ова, додаде, може да се види доколку се споредат тие два документи.

– Значи, меѓу другото, на Бугарите им се гарантирани и им се дадени малцински права, рече Сиљановска-Давкова.

Како едно од можните решенија за ова прашање со Бугарија, покрај она ако се направат уставни измени тие да бидат последни и да се применуваат по завршувањето на преговорите, би можело да биде и можноста да се искористи и правото 1/3 од земјите да побараат од Европскиот совет одземање на правото на глас на нејзина земја членка доколку таа ги прекрши принципите на Унијата.

Пo предавањето, претседателката се сретна со Македонци, кои се универзитетски професори.

Македонската претседателка е во официјална посета на Словенија. Таа вчера се сретна со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести.

По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.

Во рамките на посетата претседателката положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните, а ги посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, како и македонски иселеници и претставници на македонските културни друштва во Словенија.

Сиљановска-Давкова оствари средби и со членови на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а во Крањ го посети Македонското културно друштво.



Поврзани содржини

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026

Доцни повратот на ДДВ и државната помош, дел од странските компании си ги чекаат парите

19 мај 2026
НАЈНОВО

Кривична пријава за косовски државјанин, управувал возило со 203 километри на автопат кај Гевгелија

19 мај 2026

Џеј Ди Венс: Направивме напредок во преговорите со Иран, никој не сака војна

19 мај 2026

Кристијан Алексиќ признал сè и не покажува каење – сакал да убие друго момче

19 мај 2026

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

19 мај 2026

Чешкиот премиер и претседателот се караат кој ќе присуствува на самитот на НАТО

19 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.