Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

28 мај 2026

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина

28 мај 2026

Масовна гробница од Втората светска војна пронајдена во Загреб. Жртвите биле врзани со жица

28 мај 2026

Кузеска: Секој следен предлог за Македонија е сè полош

28 мај 2026

Трајчулески до Муцунски: Им се нудите ли во Брисел со сценарио за уставни измени за време техничка влада?

28 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трајчулески до Муцунски: Им се нудите ли во Брисел со сценарио за уставни измени за време техничка влада?

Press OnlineBy Press Online28 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески на денешната седница за пратенички прашања постави прашање до министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во кое побара одговор дали постои сценарио кое се тестира во Брисел за формирање на техничка влада на чие чело би застанал министерот, со цел да се спроведат уставните измени. Во обраќањето, Трајчулески посочи дека по две години, Владата на ВМРО не исполни ништо од предизборни ветувања не се испорачани, а европскиот пат на државата е загрозен.

Во продолжение е интегралното обраќање на Трајчулески:

„Навршуваат две години од мандатот на оваа Влада и денеска сакам кратко да потсетам на дел од моето обраќање пред ова Собрание на денот на изборот на оваа Влада.

Ќе цитирам: Добредојдовте во светот на реал политиката!,

После изгласувањето на новата Влада времето за владејачкото мнозинство ќе тече многу брзо.

Поддршката на граѓаните за предизборните ветувања на ВМРО, ВРЕДИ и ЗНАМ во вкупен износ на гласови и број на пратеници е скоро 2/3 мнозинство.

Затоа, со право очекувањата се многу високи, а тоа неминовно подразбира и дека прагот на толеранција е многу низок.

Затоа времето брзо ќе тече за исполнување на ветувањата на ВМРО од типот, „ќе ја забрзаме динамиката на ЕУ интеграцијата”, „ќе ја промениме преговарачката рамка и францускиот предлог”.

Не постои политичар од СДСМ кој не сакаше оваа земја да влезе во НАТО и во ЕУ со името Република Македонија!

Никој од нас не е наивен да мисли дека преспанската спогодба и договорот со Бугарија се лесни за голтање.

Но, ние и тогаш и сега веруваме дека тоа е единствениот пат за обезбедување сигурна иднина за сегашните и идните генерации.

Свесни дека ќе не чинат политички рејтинг, ние влеговме во овие процеси. Го заштитивме македонскиот национален идентитет, јазик и посебност.

Сега вам ви е редот. Ајде, вие издејствувајте подобри услови за влез во ЕУ. јавно ќе ви признаеме и ќе аплаудираме на вашите потенцијални дипломатски успеси.

Сакам да споделам овде една констатација. Сметам дека е крајно време да напуштиме две спротивставени крајности. Едната, дека СДСМ има монопол на македонските ЕУ и НАТО перспективи, и другата дека ВМРО има ексклузивитет во одбрана на македонските национални интереси. Бидејќи, ниту едното, ниту другото не е точно.

Овие два наратива на двете најголеми македонски партии веќе со децении раѓаат циклуси на очекувања кои создаваат привид кај народот.

Македонија е мала земја која за жал мора сеуште да прави болни компромиси за да ги остварува стратешките национални интереси. Македонскиот народ не смее да се става во заблуда и да се храни со невозможни ветувања. Оваа генерација политичари има одговорност да испорачува решенија за суровата реалност, а не да креира соништа.

Добредојдовте во светот на реалполитиката. Светот во кој зборовите имаат поинаква тежина од слатко спакуваните опозициски ветувања.

Свет во кој важат нашите стратешки партнерства со САД и ЕУ,

Свет во кој политичките егзибиции скапо се плаќаат,

Свет во кој правдата ја диктираат силните,

Свет во кој не постои калимеро,

Свет кој после 33 години независност и самостојност од нас очекува исполнување на обврските, а не нивно бесконечно одложување!

Почитуван министер, после две години власт, имаме соочување со реалноста, а тоа е дека нема подобрена преговарачка рамка и нема уставни измени со одложено дејство. едноставно не успеавте да ги испорачате предизборните ветувања. Граѓаните се излажани.

Но, затоа успеавте две години да ја држите државата во целосна стагнација, во статус кво.

Почитуван министер за надворешни работи, во кулоарите гласно се зборува дека во ВМРО постојат две струи кои имаат различни стојалишта по прашањето кога да се оди на предвремени избори. Едната група е за април 2027 година, а другата во која наводно и вие припаѓате е за брзи блиц крик избори во октомври, ноември оваа година.

Има различни мотиви за брзи предвремени избори. Она што вие го гледате како шеф на дипломатијата е дека опциите за санирање на буџетските приливи од европските земји е врзано со нашиот евроинтегративен пат. Се разбира, тука мора да се заштити и ликот и делото на најголемиот патриот Мицкоски.

Затоа моето прашање до вас е дали постои сценарио кое вие го тестирате во Брисел за техничка влада на чие чело би застанале вие, да ги протурка и уставните измени со внесување на Бугарите во Уставот после организирањето на предвремени парламентарни избори оваа година? Затоа и не ја укинавте техничката влада од овие парламентарни избори”, рече Трајчулески.



Поврзани содржини

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

28 мај 2026

Кузеска: Секој следен предлог за Македонија е сè полош

28 мај 2026

Запалено возило на паркинг близу Бит Пазар

28 мај 2026
НАЈНОВО

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

28 мај 2026

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина

28 мај 2026

Масовна гробница од Втората светска војна пронајдена во Загреб. Жртвите биле врзани со жица

28 мај 2026

Кузеска: Секој следен предлог за Македонија е сè полош

28 мај 2026

Трајчулески до Муцунски: Им се нудите ли во Брисел со сценарио за уставни измени за време техничка влада?

28 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.