Автор: Press Online

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници постојано и негативно „цивкаат“, на нивоа што не се видени досега, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или да одам побавно, или да одам во војна, или да не одам во војна, или…

Read More

Мнозинството Германци не веруваат дека конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц би постигнале подобри резултати во анкетите на јавното мислење доколку тој биде заменет со друг лидер од неговата партија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Форса“ за потребите на радиодифузерот РТЛ и списанието „Штерн“. Анкетата, пренесува ДПА, покажа дека 53 отсто од испитаниците не мислат дека конзервативниот блок, составен од Христијанските демократи (ЦДУ) на Мерц и нивната баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), би добил поголема поддршка под лидерство на друг канцелар.  Околу 41 отсто од испитаниците рекле дека веруваат дека сојузот би имал корист од промена на раководството. Дури…

Read More

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион.„Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и…

Read More

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на изборниот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП), на покана на нејзиниот претседател Горан Мисовски. Филипче упати честитки за досегашната работа и изрази благодарност за долгогодишната коалициска поддршка, потенцирајќи дека двете партии споделуваат еднакви вредносни политики.Тој најави дека соработката продолжува во нова форма, преку коалицијата наречена „Фронт за слобода и правда“. Од таму, Филипче упати широк повик за обединување до повеќе општествени и политички чинители.„Во Фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие коишто веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури…

Read More

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06. Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од утре, понеделник, први јуни, соопштуваат од Владата.Оттаму истакнуваат дека „со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар“.„Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор,…

Read More

Скопјанка пријавила дека нејзиниот сопруг бил нападнат од нејзин братучед, кој пак ја допирал по телото. -На 30.05.2026 околу 23:40 часот 30-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода дошол нејзиниот братучед и физички го нападнал нејзиниот сопруг, а нејзе ја допирал по телото, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Read More

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскиот прв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања. По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, вечерва во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11). Победата на ракометарите на Охрид им ја честита и премиерот Христијан Мицкоски. -Искрени честитки до ГРК Охрид за историскиот успех и освоениот европски трофеј!Вашиот успех е гордост за Охрид и за цела Македонија.Нека оваа титула биде поттик за уште поголеми достигнувања во иднина. Честитки шампиони!, напиша премиерот.

Read More

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати официјално писмо со оставка до канцеларијата на врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи, во кое се наведува дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) ја презел целосната контрола врз управувањето со земјата, објави Иран Интернешнл, повикувајќи се на ирански разузнавачки службеник. Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Пезешкијан, во писмо испратено во последните неколку часа, го предупредил Хамнеи со невиден и критички тон дека структурата на управување на земјата во пракса отстапила од официјалните патишта и дека поголемиот дел од владата се под целосна контрола на одредена група команданти на Корпусот…

Read More

Тргнале на семејна прослава и отидоа во смрт. Четиричленото семејство Дончев од Масачусетс загина во ужасен верижен судир на автопат во Вирџинија, кога нивниот автомобил беше удрен од автобус чиј возач, со полна брзина, дури и не се обидел да забави , објави news 24 Дмитриј Дончев (45), неговата сопруга Екатерина (44), ќерката Емили (14) и седумгодишниот син Марк починале на лице место во петокот во 2:35 часот наутро Семејството било на пат кон Јужна Каролина за свадба, а нивниот автомобил бил полн со домашни колачи што Екатерина со денови внимателно ги подготвувала за прославата Страшната несреќа на автопатот I-95…

Read More

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди за непосредната закана од масовни комбинирани руски воздушни напади со дронови и ракети во следните 24 до 48 часа. „Имаме разузнавачки информации, потврдени од нашите американски и европски партнери, кои потврдуваат дека Русија подготвува напад од големи размери“, изјави Зеленски за американската телевизиска мрежа Си-би-ес (CBS). Претседателот го повика украинското население да биде исклучително претпазливо и да се засолни штом ќе бидат издадени предупредувањата, прецизирајќи дека Москва се подготвува истовремено да користи бранови камикази дронови, како и крстосувачки и балистички ракети. Покрај военото влијание, украинскиот претседател тврди дека руската кампања на терор има јасни…

Read More

Од МВР ги информираат граѓаните дека ,,Одобрение за патување во странство за малолетни деца”, ќе се издава секој ден од 8 до 18 часот, а службите ќе работат и во сабота. -Министертвото за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до…

Read More

Од МВР информираат дека членови на еден боречки клуб, во главниот град, пријавиле дека физички биле нападнати од членови на друг боречки клуб. -На 30.05.2026 околу 21:30 часот во СВР Скопје Т.Р.(19) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар тој, неговите татко и брат и уште седум лица од боречки клуб биле физички нападнати од Ј.Р., Б.Е. од друг боречки клуб и уште неколку други лица кои употребиле тврд и остар предмет како и стаклени предмети и истите се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Read More