Автор: Press Online
Шестмина млади битолчани, меѓу кои и еден малолетник, заработија кривични пријави откако подолг период организирано мамеле машки лица преку лажен профил на социјалните мрежи, а потоа ги снимале, понижувале и јавно ги објавувале нивните лични податоци. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Битола поднела кривична пријава против Н.Р. (22), М.И. (19), О.Н. (19), Л.Г. (19), А.Д.В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“. Според истрагата, од февруари 2025 година пријавените дејствувале како организирана група и преку лажно креиран профил на социјалните мрежи се претставувале…
Франција денеска побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи израелските сили напредуваа понатаму во јужен Либан, заземајќи историско обележје како база за проширени напади врз Хезболах, јави ДПА. „Ништо не може да го оправда продолжувањето на израелските воени операции во Либан и сè подлабоката окупација на либанската територија“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро за францускиот радиодифузер BFMTV. Претходно денеска, израелската армија соопшти дека ќе го зголеми уништувањето на средствата на Хезболах откако го крена националното знаме на стратешки важниот замок Бофорт, тврдина од 12 век преку која се контролира околното подрачје, пренесе ДПА. Баро рече…
Една 40-годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Несреќата била пријавена на 30 мај во 12:45 часот, а во неа учествувале патничко возило „Фолксваген“, управувано од 40-годишната Р.Т. од Скопје, и патничко возило „Тојота“, зад чиј волан била 22-годишната Г.С., исто така од Скопје. Во судирот, Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а причините за сообраќајката се утврдуваат.
Автомобил удри 75-годишна жена кај гробиштата во Ѓорче Петров, пренесена во болница со тешки повреди
На сервисна улица кај Гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје вчера се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 75-годишна жена, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, несреќата била пријавена на 30 мај во 10:45 часот, кога патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот М.П. од Скопје, удрило во 75-годишната Д.Т., исто така од Скопје. Во несреќата, пешачката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под…
Револуцијата на батериите во домаќинствата што би можела да ги промени сметките за енергија и светот
Времето беше богато со симболика. Додека интензивни топлотни бранови ги погодија Европа и Азија, а пазарите на нафта низ целиот свет скокаа и се тресеа, двата големи оџаци на една од најголемите електрани во Австралија беа уривани. Во меѓувреме, австралискиот министер за енергетика одржа прес конференција за да го поздрави падот до 10% на референтната цена на електричната енергија во делови од земјата. Тивко, и со изненадувачки малку фанфари од остатокот од светот, Австралија е пионер во револуцијата во обновливите извори на енергија во домовите и употребата на батерии, докажувајќи што е можно со правилните политики. Земјата веќе беше еден…
Од МВР информираат дека четири лица се уапсени и бил извршен еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие. -Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. На 31.05.2026 година во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз неговата 44-годишна сопруга. На 30.05.2026 година во 23:15 часот, на…
Во Израел расте загриженоста дека Вашингтон би можел да постигне договор со Техеран кој нема целосно да ги задоволи безбедносните интереси на еврејската држава. Според анализа на Си-Ен-Ен, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху приватно признал дека Израел има ограничено влијание врз текот на американско-иранските преговори, иако јавно избегнува директна критика кон американскиот претседател Доналд Трамп. Извори блиски до израелската влада тврдат дека Нетанјаху е загрижен оти евентуалниот договор нема целосно да ги реши прашањата поврзани со иранските резерви на збогатен ураниум, програмата за балистички ракети и влијанието на Техеран преку сојузничките групи во регионот. Во исто време, договорот би можел да…
Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени, Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.. Македонија поради лековерноста и погрешните политики на СДС, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче плати прескапа цена со промена на Уставното име на државата. Затоа, овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ – нема да има. Уцени и диктати како што биле прифаќани до сега, со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да има. Македонија и граѓаните немаат право повторно…
Полициски службеници, синоќа, во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) од Дебар кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци. Полициските службеници утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. -А.Л. на улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со оштетување на друг патнички автомобил и избегал а потоа, физички ги нападнал полициските службеници кои, по преземени мерки, го сопреле возилото информираше портпаролот на…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите само оваа недела лансирале повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против украинскиот народ. „Во текот на оваа недела, Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против нашиот народ. Сите овие напади беа насочени едноставно кон обична цивилна инфраструктура, т.е. станбени згради и енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс. Според него, се прават секојдневни напори за обезбедување поголема заштита од „рускиот терор“.
Луксембург одлучи да ги зголеми платите на своите граѓани и од утре 1 јуни 2026 година, платите и пензиите ќе бидат зголемени за 2,5 проценти, како одговор на зголемената инфлација и наглиот скок на цените на енергијата. Зголемувањето од 2,5 проценти автоматски ќе се примени на платите на вработените во приватниот сектор, платите на државните службеници и пензиите. Минималната бруто плата за неквалификувани работници ќе биде 2.771 евро месечно, додека квалификуваните работници ќе добиваат најмалку 3.325 евра. Механизмот за автоматско прилагодување на инфлацијата е специфичен за Луксембург и го пресметува Националниот институт за статистика и економски студии (Statec). Неговата цел…
Од МВР информираат дека жител на Росоман бил пријавен за два настани. За едниот бидејќи пијан го нарушил јавниот ред и мир, а во вториот му се заканувал на градоначалникот на Росоман. -На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија. Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л.(18) од с.Паликура, при што употребил стаклен предмет.…
