Автор: Press Online
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) со обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков, тврди дека власта свесно ја завлекува и опструира постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија.Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција истакна дека се распаѓа уште една лага на Мицкоски пред јавноста, посочувајќи дека партијата со месеци предупредувала оти Груевски поседува државјанства и пасоши од други земји, вклучително и унгарски, што премиерот го знаел цело време.Според Кузеска, најавите од Министерството за правда за подготовка на документите за екстрадиција, кои траат повеќе од еден месец, се само „лажни изјави за…
Коалицијата ВЛЕН излезе со нови обвинувања до Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со решавањето на прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Во најновото соопштение, од владејачката коалиција посочуваат дека по Блерим Беџети, на чело на Министерството за правда дошол друг кадар на ДУИ, Аднан Јашари, кој исто така не покажал волја да го реши овој проблем за албанските студенти.Од ВЛЕН реагираат дека ДУИ се обидува да го покрие незавршениот ангажман со секојдневна врева и лаги, нагласувајќи дека ова прашање се решава единствено со работа.„Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По…
Предлог-законското решение за пушењето е донесено по пат на инклузивен процес и консултации со сите засегнати страни, а неговата примена ќе се спроведува строго на целата територија на државата, без какви било повластици. Ова денеска го изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на средбата со претставниците на здруженијата, производителите, дистрибутерите и хотелиерите (Хорека секторот) кои учествуваа во изработката на законот.Премиерот истакна дека предлогот не е носен ад-хок ниту по принципот на сила, туку преку заеднички компромис кој следната недела, во вторник, ќе се најде на владина седница на разгледување пред министрите.„Практично, целокупниот овој процес создаде еден производ во којшто целта…
Групацијата за производство на цигари, која дејствува во рамките на Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, излезе со официјален став во врска со подготовката на новиот Предлог-закон за заштита од употреба на тутунски производи и сродни производи. Од Групацијата ја поздравија одлуката на Владата за водење инклузивна комуникација со бизнис секторот, посочувајќи дека дел од нивните забелешки и укажувања веќе се земени предвид во законското решение.Производителите на тутун упатија јасна и недвосмислена поддршка за заложбите насочени кон засилување на заштитата на малолетните лица. Тие потенцираат дека целосно го поддржуваат ограничувањето на пристапот,…
Од Комисијата за култура на СДСМ обвинуваат дека додека министерот држи говори за „културна дипломатија“ и „креативни визии“, културниот сектор во државата се соочува со секојдневно понижување, неизвесност и институционален распад.Според опозицијата, постои сериозно лицемерство во изјавите на Љутков за „долгорочни стратегии“, во време кога ресорот е доведен во една од најтешките состојби во последните години.Како клучни аргументи за ваквата состојба, од СДСМ ги посочуваат:Протестите и револтот во културниот сектор;Партизацијата и политичките пресметки на сметка на уметниците;Доцнењето на националните програми и блокираните проекти;Институциите оставени без визија и основни услови за работа;Хаосот во распределбата на буџетските средства и игнорирањето на стручната…
Случајот „Мазут“, кој со месеци ја бранува јавноста како наводен мега-скандал, се соочува со сериозни правни и економски нелогичности, пишува ЦивилМедиа. Откако првичниот притисок стивна, премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање, порача дека случајот се следи, но последниот збор секако ќе го има Обвинителството. Притоа, тој нагласи дека нема дополнително да коментира за да не се сфати тоа како влијание врз постапката, оставајќи на судовите комплетно да го разрешат случајот.Овој поумерен став на извршната власт доаѓа во време кога правните експерти и економските податоци целосно го деконструираат темелот на обвинувањата.Правни апсурди: Произволни обвинувања и непостоечка…
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛАПравдата, велат, е слепа. Тоа во превод, за оние што заборавиле, значи дека таа е еднаква за сите, без оглед на тоа колку некој е моќен или е само обичен смртник, колку е сиромашен или богат… Но во нашата приказна правдата не е слепа, туку постојано си намигнува со власта. Кога правосудниот систем станува продолжена рака на извршната власт, судовите од арени на вистината се претвораат во театри за политичка одмазда.Правото и правдата системски се претвораат во оружје. Спектарот на компромитирана правда е опасно широк. Почнува од врвот, со судски предмети од висок профил во кои се вклучени…
Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска со објава на социјалните мрежи реагираше по објавените снимки и сведоштва за семејно насилство што денес ја вознемирија јавноста, оценувајќи дека проблемот не е само во насилникот, туку и во општествената толеранција кон ваквите појави. „Жестоко ме вознемирија снимките и сведоштвата што денес ја потресоа јавноста. Ако пред очи на луѓе жена е тепана и давена, а од околината стигнува реченица од типот ‘маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’, тогаш проблемот не е само во насилникот. Проблемот е и во страшната нормализација на насилството“, напиша Петровска на социјалните мрежи. Таа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека размислува да откаже планирана серија концерти на Националниот мол во Вашингтон за да се одбележи 250-годишнината од нацијата, откако голем број уметници се откажаа од настанот и наместо тоа ќе одржат говори и политички митинзи. Концертите беа планирани како дел од поширокиот Голем американски државен саем, 16-дневен настан од 25 јуни до 10 јули. Организаторите изјавија дека настанот, организиран од групата „Слобода 250“, ќе се протега од Националниот мол до Капитолот на САД и сè до споменикот на Вашингтон, со концертни сцени, државни павилјони, изложби, возења и други атракции низ целиот…
Сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Стража-Кичево, во близина на Трапчин Дол, по што сообраќајот на оваа делница е во прекин. Според првичните информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило. Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички. На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега нема официјални информации дали и колку лица се повредени. Поради судирот, сообраќајот на патниот правец Стража-Кичево е во прекин и се пренасочува по споредни патишта. Полицијата врши увид на…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот “Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата. Исто така, спротивно…
Деветнаесетгодишниот Музафер Фетахи е младиот моторџија кој го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје. Неговата смрт предизвика голема тага кај семејството, пријателите и познаниците, кои преку социјалните мрежи се простуваат од него. „Денес од овој свет замина нашиот брат Музафер Фетахи. Нека Алах му се смилува и, ако даде Бог, нека го награди со највисоките степени на Џенетот. Амин. Џеназата ќе се изврши по икиндискиот намаз во џамијата „Јахја Паша“, а погребот ќе биде во селото Вржале“, напиша еден од неговите пријатели. објави…
