Автор: Press Online

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе стапи во сила веднаш, освен одредбата согласно која угостителите треба да ги преадаптираат и пренаменат своите локали. За оваа одредба се предвидени 12 месеци грејс период. Мицкоски нагласи дека предложениот текст е компромисно решение, изготвено низ инклузивен процес, со консултации на сите засегнати страни – здруженијата,…

Read More

Министерството за внатрешни работи информира дека со брза и координирана реакција на полициските службеници бил приведен 48-годишен жител на Велес осомничен за семејно насилство врз сопругата и малолетната ќерка. Според информациите од МВР, на 29 мај околу 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено од очевидец дека на подрачјето на Општина Центар маж физички ја нападнал својата сопруга. Веднаш по пријавата биле преземени мерки за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвата. Со полициските проверки било утврдено дека станува збор за лица од Велес, по што во потрагата и постапувањето се вклучиле и полициски службеници од СВР Велес. Откако Џ.Б.…

Read More

Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи „големи непријатности и исцрпеност кај возачите и патниците кои се обидуваат да ја преминат границата кон Грција“. – Сликата јасно ја прикажува состојбата. Бесконечни колони возила, возачи кои излегуваат од автомобилите, барајќи сенка…

Read More

Левица манипулира со информации и ги доведува во заблуда граѓаните, споделувајќи забелешки од ревизорски извештај за работењето на Министерството за образование и наука во време на претходната Влада, поточно извештај за 2023 година, а препишувајќи ги истите на актуелната, се вели во реакцијата на МОН, на соопштение на Левица. Во интерес на вистината, должни сме да реагираме и да ja информираме јавноста за тоа. Сегашното раководство на Министерството за образование и наука, работејќи одговорно и транспарентно, постапува по сите препораки на државниот ревизор во посочениот извештај. Пред само неколку дена кога објавивме дека постапуваме по една од препораките на Државниот…

Read More

ДУИ мисли дека срамот може да се покрие со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги. Се решава со работа. А работата тие ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија, велат од Вреди. Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ кај друг. По Блерим Беџети, кој беше министер повеќе од 1000 дена, дојде Аднан Јашари. Имаше мандат, имаше надлежности, имаше печат. Единствено немаше волја за албанските студенти. Тоа беше занаетот на ДУИ. За Албанците чекање, за своите предност. За студентите „ќе видиме“, но кога стануваше збор за нивниот круг, системот…

Read More

  Рускиот амбасадор во Ерменија, Сергеј Копиркин, е повикан во Москва на консултации „во врска со чекорите на ерменското раководство кон приближување кон Европската Унија, кои се штетни за соработката во рамките на Евроазиската унија“. Тоа значи натамошно заострување на односите на Москва со поранешната советска република, кој полека излегува од нејзината орбита. Руското Министерство за надворешни работи издаде соодветно известување наутро на 30 мај, без да даде никакви детали. Повикувањето на амбасадор на консултации е еден дипломатски начин да се демонстрира незадоволство. Овој чекор симболично ги деградира односите меѓу двете земји – додека амбасадорот е во странство, интересите на…

Read More

Со доаѓањето на 1 јуни, утре ќе се потврди уште една лага на премиерот Христијан Мицкоски, обвинува СДСМ. Оттаму велат дека иако Мицкоски најавил спроведување на Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат на државата, сепак се работи за уште едно неисполнето ветување. „Уште еден ден до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски, до уште една потврдена лага. Реформи нема, нема ниту документи за екстрадиција на Никола Груевски и негово враќање во затвор. Го има само Стоилковиќ и Кина, кој стратешки работи против стратешкиот партнер САД. Мицкоски ги излажа граѓаните за враќањето на името, ги излажа за поништувањето…

Read More

📃 Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за ревизија, за Министерството за образование и наука е уште еднa потврда дека образовниот систем во Македонија функционира како партиски плен на ДПМНЕ и СДС, а не како институција што треба да се грижи за создавање знаење, кадар и иднина за државата. 🔎 Ако се чита извештајот се поставува прашањето дали Министерството е јавна институција или селска крчма во која не се знае кој пие, кој плаќа? Се знае само кој користи – коалицијата ДПМНЕ-СДС и нивните пајташи. 🚨 Ревизорите во извештајот даваат јасна слика за хаос, нетранспарентност и неодговорност во трошењето на…

Read More

  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на петочната молитва во Света Софија во Истанбул по повод 573-годишнината од османлиското освојување на градот. Света Софија, поранешната византиска катедрала, Ердоган ја претвори од музеј во џамија во 2020 година. Одлуката предизвика негодување кај организациите за православно христијанство и наследство. По молитвата, Ердоган рече дека „присуството во Света Софија беше прекрасно и величествено“. „Денес е петок, 29 мај, и имавме можност да се помолиме во Света Софија. Присуството во Света Софија беше исто така многу добро, величествено. Денес имаше поворка од Фатих до Света Софија“, рече Ердоган, користејќи го прекарот Фатих („Освојувачот“)…

Read More

Screenshot Осудениот поранешен македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Унгарија, продолжува да остварува приходи преку приватна консултантска фирма основана пред неколку години, објави унгарскиот портал „444“. Според објавените податоци, Груевски во 2021 година ја основал компанијата „I.C.I.C Kft“, регистрирана за консултантски активности. Станува збор за мала фирма без вработени, која континуирано работи и бележи приходи од своето основање. Финансиските извештаи покажуваат дека компанијата во текот на минатата година остварила приход од околу 9.600 евра, додека една година претходно приходите изнесувале околу 11.600 евра. Поради ниските трошоци карактеристични за консултантската дејност, значителен дел од средствата останале како…

Read More

Screenshot Скопјанката Александра преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за случај на насилство врз жена што, според неа, се случил среде бел ден во Скопје. Таа наведува дека насилник брутално ја тепал и давел жената, а нејзината ќерка се обидела да интервенира и да ѝ помогне. „Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој ѝ рекол: ‘Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’“, напиша Александра. Според нејзината објава, ќерката возвратила дека ниту еден сопруг нема право да ја тепа својата…

Read More

  Полскиот претседател Карол Навроцки ќе му го одземе на Володимир Зеленски полскиот Орден на Белиот орел, пишува „Политико“. Шефот на државата го даде ова соопштение откако Киев именуваше украинска воена единица по Украинската бунтовничка армија (УНА), која изврши масовни злосторства за време на Втората светска војна. „За жал, претседателот Зеленски докажа дека Украина, со својата тенденција да ги величи бандитите и убијците на Украинската бунтовничка армија, сè уште не е подготвена да стане членка на европското семејство“, рече Навроцки во петокот. За време на Втората светска војна, милитантите на УНА се бореа против Советите, што ги направи симбол на…

Read More