Автор: Press Online

На денот на Задушница, семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на марш, испраќајќи силна порака дека споменот на 63-те жртви не смее да биде заборавен. Во 19:05 часот од спортското игралиште во селото Ратавица започна 44-тиот „Марш за ангелите“, организиран од Здружението „16-ти Март“, кое го носи датумот на трагичниот настан што засекогаш ги промени животите на многу семејства. Родителите и блиските на загинатите нагласуваат дека нивната борба не е насочена кон одмазда, туку кон правда преку институциите и судскиот систем. Тие потенцираат дека не бараат пресуди на улица, туку фер и…

Read More

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е резултат на широк институционален процес, чија цел е да се обезбеди современо, јасно и спроведливо законско решение во интерес на здравјето на граѓаните, рече министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Владата, на состанок со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, претставници на тутунската индустрија и претставници на угостителскиот сектор. Министерот за здравство, Азир Алиу појасни дека предлог-законот ја отсликува потребата правната рамка да се усогласи со современата реалност, во која покрај класичните цигари сè повеќе се користат електронски цигари, несогорливи тутунски производи и други форми…

Read More

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по трагичната несреќа во која животот го загуби 19-годишен моторциклист од Скопје. Тешката сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила синоќа во Скопје, на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“. Според полицискиот билтен, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 22:21 часот. Во судирот учествувале патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. на возраст од 31 година од село Визбегово, и два моторцикли. Едниот моторцикл бил „бмв“, управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје, а вториот бил „хонда адв“, управуван од Н.Б. на возраст од 21 година, исто…

Read More

  Голем број луѓе се собраа во саботата на протест во центарот на Белград барајќи отстранување на билбордот на владејачката Српска напредна партија (СНС) „Србија победува“, кој ги загрозува гнездата на законски заштитените ретки птици преселници – бели орли (сискини). СНС го постави билбордот како одговор на кампањата на студентското движење „Студентите победуваат“, кое, по месеци антивладини протести, предизвикани од смртта на 16 лица при уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, бара одговорност од владата и распишување предвремени парламентарни избори. Денешниот протест го свикаа студентите на Факултетот за биологија на Универзитетот во…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. -Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на на акцизите ќе остане намалувањето од два денара по литар за дизел и за безоловните бензини 95 и…

Read More

  Американскиот Стејт департмент го отстрани бугарскиот бизнисмен и поранешен заменик-министер за економија Александар Манолев од ознаката за санкции воведена за време на администрацијата на претседателот Џо Бајден. Информацијата беше потврдена за портолот „Павловиќ денес“ од претставник на американскиот Стејт департмент. Манолев беше јавно санкциониран во 2021 година според член 7031(в) од американскиот закон – механизам што им забранува на странските службеници и членовите на нивните семејства да влегуваат во САД. Според публикацијата, одлуката е дел од поширок процес во администрацијата на претседателот Доналд Трамп за преиспитување на санкциите и јавните ознаки воведени за време на администрацијата на Бајден. Извори…

Read More

Помина повеќе од една година од кобниот 16 март минатата година, денот кога Македонија беше завиена во црно по трагичната сообраќајна несреќа што однесе 63 млади животи кај кочанската дискотека „Пулс“. Денеска, на денот на верскиот празник Задушница, семејствата и граѓаните повторно се обединуваат за да им оддадат почит. Комеморативниот марш, симболично наречен „Марш на ангелите“, ќе започне во 19:05 часот од спортското игралиште во пробиштипското село Ратавица, објави 4news.mk Организатор на овој собир е Здружението „16-ти Март“, кое го содржи датумот што засекогаш ги промени нивните животи. Родителите и блиските на загинатите деца упатија јавен апел до јавноста масовно…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија преку објава на социјалните мрежи изрази благодарност до домаќините во Сараево за приемот и гостопримството за време на престојот во Босна и Херцеговина. Од националниот тим посочија дека во текот на двата дена во Сараево се чувствувале како дома и упатија посебна благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата федерација. „Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома. Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска федерација на Босна и Херцеговина. Во овие два дена направивте сѐ за…

Read More

Во Нови Сад попладнево со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од преселувањето на Македонците во Војводина“. На свечената академија ќе се обратат премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, претседателот на Владата на Србија, Ѓуро Мацут, претседателката на Покраинската влада на Војводина, Маја Гојковиќ, како и претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, Зорица Митровиќ. На 25 мај, премиерот на Србија, Мацут, во Белград одржа разговори со претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците на македонското малцинство. Како што тогаш соопшти Владата на Србија, тој изјавил…

Read More

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека премиерот Христијан Мицкоски знаел за унгарското државјанство на Никола Груевски. Таа истакна дека со месеци СДСМ укажувала оти Груевски има државјанства и патни документи од други држави, но, според неа, Мицкоски свесно ги игнорирал тие информации и изнесувал неточни тврдења пред јавноста. -Мицкоски го знаел тоа цело време и свесно ги лажел граѓаните. Како и за се друго, како што лажеше за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет. Така и за Груевски. Затоа Мицкоски изјавуваше дека Груевски ќе биде уапсен и затоа до…

Read More

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека Македонија се наоѓа пред важен избор – дали ќе продолжи да стои во место додека соседните држави забрзано инвестираат во економски развој, или конечно ќе почне да ги користи сопствените потенцијали за отворање нови работни места и подобар животен стандард за своите граѓани. Во период кога Грција и Бугарија отвораат нови рудници, инвестираат во критични минерали и привлекуваат стотици милиони евра капитал, Македонија сè уште нема јасна развојна насока за еден од своите најголеми индустриски потенцијали – проектот за рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Наместо сериозна дебата за економскиот развој, јавноста со години…

Read More

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе стапи во сила веднаш, освен одредбата согласно која угостителите треба да ги преадаптираат и пренаменат своите локали. За оваа одредба се предвидени 12 месеци грејс период. Мицкоски нагласи дека предложениот текст е компромисно решение, изготвено низ инклузивен процес, со консултации на сите засегнати страни – здруженијата,…

Read More