НАЈНОВО
Автор: Press Online
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во недела и понеделник претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд,…
Жена(51) и 14-годишно дете се повредени во експлозија утрово откако руски дрон се урна во станбена зграда во романскиот град Галаци. Каталин Сион, портпарол на локалната противпожарна служба, потврди дека повредените биле во стан кој бил оштетен во експлозијата, објави Либертате. „Дронот го удрил покривот на зградата, а ударот предизвикал експлозија што го зафатила станот подолу. Не го погодил директно станот, туку покривот. Во станот погоден од експлозијата имало две лица кои биле полесно повредени: 51-годишна жена и 14-годишно дете“, рече Сион. Според него, жената и детето се евакуирале сами, а подоцна биле однесени во болница со полесни повреди и…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на нов шопинг-центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија. Во своето обраќање, премиерот истакна дека овој капитален објект нуди импресивни содржини и очекува да прерасне во значајна точка за сите патници кои транзитираат низ државата.Мицкоски посочи дека објектот „Mega Shopping Park“ сè уште не е целосно пуштен во употреба во својот полн капацитет. Од неформалните разговори со сопствениците, тој најави дека на локацијата дополнително ќе се отвораат нови продажни места.„На Коридорот 10 кај нас во Македонија ова ќе претставува навистина едно преубаво место каде што ќе можат сите оние туристи и…
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс синоќа навести дека одобрувањето на претседателот Доналд Трамп на можен договор со Иран е далеку од сигурно, во екот на медиумските извештаи дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за рамката за завршување на војната, пренесе ДПА. Венс пред новинарите во здружената база „Ендрјус“ изјави дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но некои точки, вклучително и можните ограничувања на иранската нуклеарна програма, сè уште се дискутираат. „Разговараме со нив. Мислиме дека тие преговараат, барем досега, со добра намера и дека постигнуваме одреден напредок“, рече Венс, додавајќи дека не е сигурно дека Трамп ќе потпише потенцијален договор,…
Нервозата што Уставниот суд ја предизвикува кај политичките фактори, Владата и Собранието е доказ дека Судот излегол од летаргијата и повеќе не е лојална институција во чија сенка политичарите можат да уживаат. Ова го истакнува претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во опсежно интервју за „Нова Македонија“, во кое отворено зборува за политичките притисоци, манипулациите во јавноста и актуелните предмети.Според Костадиновски, во изминатите две години Уставниот суд покажал бескомпромисност и храброст, што очекувано предизвикало реакции кај извршната и законодавната власт.„Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите! Резултатот од послушен Уставен суд доведе…
Коалицијата ВЛЕН упати серија сериозни обвинувања до пратеникот и поранешен министер за правда, Блерим Беџети. Од владејачката коалиција јавно го прашуваат Беџети што направил во текот на своите 1058 дена мандат на чело на Министерството за правда за да овозможи правосудниот испит да се полага и на албански јазик.Според ВЛЕН, одговорот е дека Беџети не направил ништо и свесно го оставил проблемот отворен.„Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. Молчеше. Го остави проблемот отворен, а денес се обидува да се…
Нестабилната безбедносна ситуација во источно Демократска Република Конго (ДРК) е најголемата пречка за сопирање на епидемијата на ебола во оваа земја, изјави доцна синоќа генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, јави ДПА. Само во текот на изминатиот месец околу 100.000 лица се дополнително раселени поради борбите во земјата, што го отежнува сопирањето на болеста, рече Тедрос, кој отпатува во градот Бунија во покраината Итури, регионот од ДРК што е најтешко погоден од најновата епидемија, пренесе германската агенција. Шефот на СЗО ги повтори повиците за прекин на огнот и апелираше до меѓународната заедница да ја зголеми финансиската…
Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на улицата Пластичарска во Скопје, во која учествувале автомобил и мотоцикл, објави Телевизија Алсат. Според првичните информации, мотоциклистот се здобил со сериозни повреди и итно бил пренесен во болница за укажување лекарска помош. На местото на несреќата веднаш пристигнала полиција, која извршила увид и работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до судиротПовеќе информации за состојбата на повредениот и деталите за несреќата се очекуваат во текот на истрагата. Видеото може да го видите на следниот линк
Дваесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во скопската населба Илинден. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај 2026 година околу 23 часот. Судирот се случил на улицата „34“ во Илинден, помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од 23-годишниот А.С., и мопед кој го управувал 20-годишниот П.С., двајцата од населбата Илинден. Во несреќата потешко настрадал возачот на мопедот, кај кого во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините…
Американскиот окружен судија Кристофер Купер изјави дека ребрендирањето на институцијата што му оддава почит на претседателот Џон Ф. Кенеди како „Центар Трамп-Кенеди“ го прекршува јасниот јазик на федералниот закон што бара зградата да му оддаде почит на „претседателот Кенеди и само на претседателот Кенеди“. Наредбата за враќање на оригиналното, долгогодишно име дојде како дел од поширока пресуда со која, исто така, беше поништен планот објавен во март за затворање на центарот за две години поради реновирање. Купер, назначен од Обама, рече дека поправките на кампусот можат да продолжат и дека целосното затворање во иднина би можело да биде законско…
Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал (ВиСквер) VSquare, пишува дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави неговата екстрадиција назад во С. Македонија речиси невозможна, пренесува Мета.Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор…
За време на прес-конференцијата по самитот на ЕАЕУ во Астана, Владимир Путин повторно ѝ се закани на Ерменија со „украинско сценарио“ за нејзината стремеж кон европска интеграција, а исто така вети дека ќе ја „срамни со земја“ секоја земја што ќе се осмели да го нападне регионот Калининград. Одговарајќи на прашање за потенцијална акција на НАТО против Калининград, Путин изјави дека Русија има средства да даде остар одговор. „Како што рековте, тие имаат средства да ги срамнат со земја руските бази. Руската Федерација има секакви средства да го срамни со земја секој што ќе се обиде да го стори…
