Автор: Press Online

Европската Унија заборави на земјите од Западен Балкан. Да не беше кризата во Украина и руската агресија, за жал, дефинитивно ќе бевме надвор од интересот на ЕУ – коментира поранешниот премиер на земјава и професор Владо Бучковски во изјава дадена за српската политичко-аналитичка емисија „Синтеза“. „Не може да се заборави сè што направи нашата Македонија. Тоа е најголемата грешка што ја направи Европската Унија кон мојата Македонија затоа што ние бевме лидери во европеизацијата на Западниот Балкан во 2005 година. Сè што се случува создава доза на евроскептицизам. ЕУ мора што побрзо да ни го испорача она што го заслуживме.…

Read More

  Холандија воведува значително построги правила за службените автомобили кои не се целосно електрични од 2027 година. Новата такса ќе се применува на новопотпишаните договори за лизинг за возила со мотори со внатрешно согорување, како и хибриди, а целта на владата е дополнително да го забрза преминот кон мобилност на батерии. Од 1 јануари 2027 година, работодавците ќе мора да плаќаат дополнителна месечна такса на даночните власти за вакви службени автомобили. Таа ќе изнесува еден процент од официјалната цена на возилото. На пример, за автомобил со препорачана цена од 35.000 евра, работодавецот ќе мора да плаќа дополнителни 350 евра секој…

Read More

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит.

Read More

  Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува економски успех, туку вештачко пумпање на статистика. Реалната економија кажува сосема друга приказна. Според макроекономските бројки на Народна банка, имаме пад на земјоделското производство, пад на индустриското производство, зголемен увоз и намален извоз. Домашното производство слабее, а економијата сè повеќе се потпира на задолжување, увоз и јавна потрошувачка наместо на вистинска продуктивност и развој. Економската логика е едноставна, не може да има реален и здрав раст на БДП кога клучните…

Read More

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска објави дека од ноќеска нуклеарната централа Запорожје привремено останала без надворешно напојување, што е 16-ти пат од почетокот на воениот конфликт во Украина. МААЕ во објава на Икс соопшти дека дизел генераторите за итни случаи автоматски се вклучиле за да обезбедат напојување на клучните безбедносни системи за време на едночасовниот прекин на електричната енергија, по што централата била повторно поврзана со единствениот преостанат далновод. Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека причината за инцидентот сè уште не е позната, но дека овој настан покажува дека безбедноста на нуклеарните постројки останува многу нестабилна.…

Read More

Во интервју за „Нова Македонија“ Костадиновски се осврнува на улогата и предизвиците на Уставниот суд во изминатите 62 години, оценувајќи дека институцијата не ги оправдала целосно очекувањата. Тој посочува дека имало периоди кога Судот бил „прекумерно компромисен со политиката“, па дури и „наликувал на подрачна единица на Владата“, но и периоди на вистинска независност. – Одговорот на прашањето дали Уставниот суд успеал да ги оправда очекувањата е едноставен. Одговорот е не или, во најмала мера, не ги оправдал целосно очекувањата. За да се тврди тоа компаратор е состојбата со владеењето на правото и правната држава, како и историски најниската доверба…

Read More

Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, ја информираше денеска јавноста дека во првата тужба поднесена против медиум, во име на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во овој случај против германското списание „Шпигел“, Суд во Хамбург донел привремена мерка со која му забранува на тој медиум понатамошно објавување и ширење наводи што предизвикуваат сомневање дека Вучиќ, бил вмешан во наводното „сафари“ за време на опсадата на Сараево. Како што е наведено во соопштението, судот заклучи дека не се исполнети основните законски стандарди за такви сериозни обвинувања, особено во однос на обврската за внимателно проверување на фактите и…

Read More

Македонија и Кина имаат цврсти инфраструктурни врски, но отвораат и нови поглавја за соработка во областите на дигиталните услуги, туризмот и културната размена, објави 4news.mk Ова го истакна вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, во интервју за кинеската глобална телевизиска мрежа CGTN, за време на неговото учество на 7-от Состанок на локални лидери меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (ЦЕИЕ) и Меѓународниот форум за соработка во Џинан, провинцијата Шандонг.   Стоилковиќ потенцираше дека македонската држава може многу да научи од кинеското искуство, особено во делот на зелениот развој и имплементацијата на високата технологија во…

Read More

  На Виктор Орбан ќе му биде понудена висока позиција во Обединетите нации од круг поврзан со Доналд Трамп, пишува истражувачкиот новинар Саболч Пањи во билтенот на централноевропскиот портал VSquare, повикувајќи се на неколку независни извори. Конкретното портфолио е очигледно второстепено и во голема мера неважно; важно е дипломатскиот имунитет што би го носел висок функционер во ОН. Тој имунитет би бил значаен – но неговиот обем зависи од специфичната улога. Според Конвенцијата на ОН од 1946 година за привилегии и имунитети, само генералниот секретар, потсекретарите и помошниците генерални секретари добиваат целосен дипломатски имунитет еквивалентен на оној на амбасадор –…

Read More

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Стојчевски, преку прес-конференција упати јавен повик до Владата и премиерот Христијан Мицкоски итно да распишат референдум за ЕУ. Стојчевски порача дека младите не прифаќаат изговори оти во буџетот нема средства за организирање на изјаснувањето, обвинувајќи ја власта за нетранспарентно и расипничко трошење.Тој потенцираше дека опозицискиот подмладок со месеци предупредува на недостиг на пари во државната каса, тврдејќи дека буџетските средства се трошат на, како што рече, „криминални тендери за полнење на џебовите“ на структурите на ВМРО-ДПМНЕ.„Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата група…

Read More

Високиот суд на Кенија привремено го запре планот на САД за поставување карантински центар во Кенија за луѓе изложени на вирусот ебола. Судијката на Високиот суд, Патриша Њаунди, во наредба издадена доцна синоќа, пресуди дека до завршувањето на судската постапка со која се оспорува договорот со САД, Кенија не смее да прифаќа луѓе кои биле изложени на ебола или заразени со болеста. Белата куќа објави дека САД воспоставуваат карантински центар во Кенија за американски граѓани кои биле изложени на вирусот ебола. Според планот, луѓето кои ќе развијат симптоми нема да бидат вратени во САД, туку ќе бидат упатени во трета…

Read More

Дете од 13 години кое возело тротинет загинало во сообраќајна несреќа, што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези. Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези. -По несреќата, малолетникот бил пренесен во општата болница Куманово каде лекар констатирал смрт. Во 21:20 часот во полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода-наведуваат од кумановската полиција. Јавен обвинител од основното јавно обвинителство (ОЈО) и увидна екипа од СВР Куманово извршиле…

Read More