НАЈНОВО
Автор: Press Online
Дете од 13 години кое возело тротинет загинало во сообраќајна несреќа, што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези. Сообраќајната несреќа, како што наведуваат од СВР Куманово, се случила помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од дваесет и четиригодишниот Ф.С. од Куманово и електричен тротинет управуван од тринаесетгодишниот малолетник од село Черкези. -По несреќата, малолетникот бил пренесен во општата болница Куманово каде лекар констатирал смрт. Во 21:20 часот во полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода-наведуваат од кумановската полиција. Јавен обвинител од основното јавно обвинителство (ОЈО) и увидна екипа од СВР Куманово извршиле…
Владата на Србија на вонредна седница одобри Републичката дирекција за стоковни резерви да обезбеди флаширана вода за пиење на загрозеното подрачје на Моравскиот административен округ – 330.000 шишиња од половина литар. За градот Чачак се обезбедени 240.000 шишиња од 0,5 литри вода, за општина Горњи Милановац 40.000 шишиња и за општина Лучани 50.000 шишиња. Од Владата беше објавено дека е усвоен заклучокот со цел да му се помогне на погоденото население, имајќи ја предвид моменталната вонредна состојба со недостиг на вода во Моравичкиот округ. Поради оштетувањето на водоводниот систем Рзав, повеќе од 200.000 луѓе во Чачак, Лучани и Горњи Милановац,…
Дваесет и тригодишно момче од тетовското село Сараќино го загуби животот во Австрија. Починатиот, од албанска националност, бил сопственик на кафе-бар и исчезнал без трага од понеделник. Полицијата го истражуваше случајот, а неговото тело беше пронајдено во езерото Факер синоќа. Бидејќи причината за смртта е нејасна, наредена е обдукција. Според австриските медиуми, во четврток вечерта на езерото се одржала голема операција за пребарување во која учествувале бројни служби за итни случаи. Алармот бил кренат околу 18 часот откако на брегот на езерото беа пронајдени предмети на исчезнато лице. Кратко потоа, полицијата, пожарникарите и службите за спасување на вода започнаа голема…
Дрон удри во покривот на станбена зграда во романскиот град Галаци рано утрово, при што полесно повреди две лица. Дронот ја погоди зградата околу 2 часот наутро, по што избувна пожар на нејзиниот десетти кат, објавија романските медиуми. Во исто време, Русија започна напад врз близок украински град, објави романското Министерство за одбрана. Една 51-годишна жена и 14-годишно дете се полесно повредени. 70 жители беа евакуирани. За инцидентот НАТО издаде соопштение со кое ја осуди „руската неодговорност“. Романското Министерство за надворешни работи го оцени инцидентот во Галаци. Романија го повика амбасадорот на Русија во петокот, осудувајќи ја „неодговорната ескалација“…
Баравме итно запирање на новиот детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, кој претставува сериозна закана за културното и архитектонското наследство во самиот центар на Охрид. Планот предвидува рушење на неколку значајни објекти, меѓу кои и уникатната градска куќа која идната година (1927) треба да заокружи еден век, како и Здравствениот дом – Маларична, исто така изградена пред безмалку еден век. Дополнително, под удар се и две вредни згради од модерната архитектура – детската градинка и старата училишна зграда на ООУ „Григор Прличев”. Со неговата реализација, а за изградбата на четирикатница долга преку 100 метри и…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија најостро го осуди рускиот напад со дрон врз станбена зграда во Романија, при што биле повредени цивили. Во објава на официјалниот профил на Министерството на платформата X се наведува дека „руската агресија врз Украина продолжува да создава ризици и надвор од украинските граници и претставува закана за регионалната безбедност“. Од Министерството истакнуваат дека нападите врз цивилни објекти се неприфатливи и повикаа на почитување на меѓународното право и заштита на цивилното население. Романија, како членка на НАТО и сосед на Украина, во повеќе наврати предупреди дека руските напади во близина на…
Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните премини Кипи и Евзони по имплементирањето на ЕЕС системот, јави дописничката на МИА од Атина. На широкиот работен состанок во Солун со учество на претставници на надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти, Гулекас нагласил дека континуирано…
Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека на почетокот на Јуни ќе означи две бразилски нарко-банди за странски терористички организации. Бандите – Primeiro Comando da Capital – PCC, и Comando Vermelho – CV „се две од најнасилните криминални организации во Бразил“, се наведува во соопштението на Стејт департментот, пренесено од ДПА. „Заедно, тие командуваат со илјадници членови и досега оркестрираа брутални напади врз бразилски полицајци, јавни службеници и цивили“, се додава во соопштението. Двете групи ќе се сметаат за странски терористички организации од 5 јуни, наведе Стејт департментот во соопштението. PCC се смета за најмоќна криминална организација во Бразил и клучен…
Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој од 2018 година живее во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор Орбан. „Унгарски владин извор потврди дека Никола Груевски добил целосно унгарско државјанство во 2022 година поради ‘унгарски државен интерес’. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму е во Унгарија“,…
Меѓународната инвестициска групација „Алпак Капитал“ постигна договор со „Јунајтед Груп“ за купување на „Адрија њуз нетворк“ (АНН), што ги обединува медиумите Н1, „Нова С“, „Вијести“ и „Данас“. Како што објави порталот Н1, „Алпак Капитал“ е избран поради понудата што гарантира „зачувување на уредувачката независност и постојниот модел на управување“. „АНН“ претставува важен додаток на нашето медиумско портфолио во кое ќе продолжиме да инвестираме со цел да обезбедиме раст и развој. Во „Алпак“, веруваме во неутрално и базирано на факти, независно новинарство, со стабилни и одржливи деловни и финансиски резултати. Ова не се празни зборови – ова се потврдува секој ден…
Остануваат уште само 2 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски јавно вети пред граѓаните дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат, соопштија од СДСМ. „2 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски и уште една лага. Нема реформи, нема ниту документи за екстрадиција на Груевски и негово враќање во затвор, го има само Стоилковиќ и Кина кој стратешки работи против стратешкиот партнер САД. Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за поништување на Преспанскиот договор, лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет, јазик и култура а денес лаже…
Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ дал наредба на израелската армија да ја заземе контролата врз 70% од Појасот Газа, потег што се заканува да го торпедира веќе кревкиот прекин на огнот и да создаде катастрофални хуманитарни услови на веќе опустошената територија. Според прекинот на огнот, посредуван од САД, во октомври, израелската армија се повлече до линијата на демаркација, што му даде на Израел директна контрола врз 53% од окупираната територија. Оттогаш, израелските сили постојано ги прошируваат своите позиции кон запад во половината од Појасот контролирана од Хамас и прогласија ничија земја западно од неа, во која тие тврдат дека имаат…
