Автор: Press Online

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се остава лош пример.„За правосудниот испит ако сте го прочитале законот ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе…

Read More

Министерството за финансии на САД соопшти дека земјата ќе отстрани 76 физички и правни лица од списокот за санкции, од кои повеќето се имиња на веќе починати луѓе или непостоечки компании. Вашингтон нагласи дека на овој начин ќе се врати фокусот врз високоризичните лица и организации. Од Списокот на специјално означени граѓани и блокирани лица (Specially Designated Nationals and Blocked Persons List) ќе бидат отстранети 39 починати физички лица и 13 затворени правни субјекти. Министерството за финансии посочи дека добило поплаки од компании кои истакнале дека се принудени да трошат значителни средства за да ги надгледуваат нискоризичните лица или организации.…

Read More

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања истакна дека во јуни нема да има ново задолжување на државата, спротивно на тврдењата на опозицијата. Правејќи економска компарација меѓу владеењето на претходната и сегашната влада, Мицкоски се повика на официјалните податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за да докаже дека актуелниот економски модел креира многу поголема додадена вредност во однос на долгот.Премиерот во својата анализа свесно ги исклучи 2017 и 2024 година како „споделени години“ на пренос на власта и направи паралела меѓу периодот на СДСМ-ДУИ (2018–2023) и претпоставките за периодот на актуелната коалиција (2025–2026).Анализа на јавниот долг…

Read More

Комисијата за култура на СДСМ преку писмена реакција изрази сериозно незадоволство по вчерашната прес-конференција на Владата во врска со организацијата на прославата за 35 години независност на државата. Од опозициската партија обвинуваат дека јавноста останала без одговори на суштинските прашања за тоа кој, како и по кои критериуми одлучува за трошењето на парите на граѓаните.Од СДСМ тврдат дека со оваа прослава на дело се покажува оти транспарентноста и отчетноста под раководство на ВМРО-ДПМНЕ се сведени на нула. Наместо јавни повици и институционален пристап, според опозицијата, на сцена е затворен круг на привилегирани поединци и компании, што претставува директно потценување на…

Read More

Како што расте фрустрацијата на гласачите поради високите цени на горивата, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги троши американските стратешки резерви на нафта (SPR) побрзо отколку што тоа го правеше администрацијата на Џо Бајден. Поради нафтената криза предизвикана од војната со Иран, резервите на нафта за итни случаи се приближуваат до најниските нивоа од почетокот на 1980-тите, а околу половина од таа нафта се извезува во Азија и Европа, пишува Си-Ен-Ен. Кога ја започна својата претседателска кампања кон крајот на 2022 година, тогашниот кандидат Доналд Трамп остро го критикуваше својот претходник за агресивно повлекување на нафтата од резервите за итни…

Read More

Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. -Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“. За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот…

Read More

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓу другото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ни помагаат нашите големи партнери УНИЦЕФ и Светска банка. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбата со наставниот…

Read More

Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност со нејзината цел за прием во ЕУ. Претходната, шеста исплата, во декември 2025 година изнесуваше 2,3 милијарди евра. Инструментот за Украина, кој стапи во сила на 1 март 2024 година, предвидува нејзино финансирање со повеќе од 50 милијарди евра во вид на грантови и кредити…

Read More

  Во регионот на Загреб, во Дубрава, пронајдена е масовна гробница од која се ексхумирани останките на најмалку 29 жртви, соопшти Министерството за хрватски ветерани. Теренското истражување е спроведено во организација на Дирекцијата за притворени и исчезнати лица. Според достапните информации, станува збор за ликвидации извршени во повоениот период. Прелиминарната обработка на останките на терен утврди дека станува збор за мажи на возраст меѓу 30 и 40 години. Пронајдени се трауми што укажуваат на смрт предизвикана од огнено оружје. Министерството наведува дека кај сите жртви се пронајдени траги од врзување со жица, што го смета за важен форензички индикатор за…

Read More

Историјата досега покажа дека секој нареден договор и предлог за Македонија е сè полош. Ние не можеме да станеме посилни во преговарачките позиции доколку сме изолирани. Ако не сме на масата, не можеме да имаме силна позиција која ќе ни даде комфор да биде сè по наше – вели во гостување на „4ТВ“ портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа направи детална ретроспектива на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ низ годините. „Да се навратиме малку назад. На референдумот излегоа и гласаа 660.000 граѓани, и покрај сите блокади кои ги правеше ВМРО-ДПМНЕ. Лепеа плакати со кои порачуваат дека секој што ќе излезе да гласа…

Read More

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески на денешната седница за пратенички прашања постави прашање до министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во кое побара одговор дали постои сценарио кое се тестира во Брисел за формирање на техничка влада на чие чело би застанал министерот, со цел да се спроведат уставните измени. Во обраќањето, Трајчулески посочи дека по две години, Владата на ВМРО не исполни ништо од предизборни ветувања не се испорачани, а европскиот пат на државата е загрозен. Во продолжение е интегралното обраќање на Трајчулески: „Навршуваат две години од мандатот на оваа Влада и денеска сакам кратко да…

Read More

Кога д-р Владимир Мадуали почина од ебола во раните утрински часови во неделата, тој беше четвртиот член на персоналот во неговата болница кој настрада за толку дена. Два дена подоцна, неговиот колега д-р Тибендерана Като Блејз исто така почина од болеста во медицинскиот центар Бунија Евангелист, во Демократска Република Конго. Мадуали дипломирал на Универзитетот во Бунија пред само три години и работел во регионот Рвампара, една од областите во источната покраина Итури во ДРК најтешко погодена од ебола. Триесетгодишникот починал во изолациониот центар во Рвампара, каде што поминал два дена на кислородна терапија, според неговото семејство. „Тој беше некој кој…

Read More