НАЈНОВО
Автор: Press Online
Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“, јави дописничката на МИА од Атина. Министерството за заштита на граѓаните е надлежно за полицијата во Грција, како и за контролите на граничните премини, а од Халкидики, каде што одржа состанок во пресрет на летната сезона, Хрисохоидис се осврна и на ЕЕС…
Претседателот на Казахстан, Касам-Жормат Токаев и рускиот претседател Владимир Путин денеска во Астана потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во најголемата централноазиска држава. Исто така потпишан е и договор за обезбедување руски извозен кредит за финансирање на изградбата на централата. – Договорот за изградба на нуклеарната централа Балхаш, потпишан денеска, има големо значење, истакна Токаев и му се заблагодари на Путин за поддршката во реализацијата на големиот проект. Агенцијата за нуклеарна енергија на Казахстан соопшти дека Русија ќе финансира околу 85 проценти од вкупната цена на проектот, што изнесува 15 милијарди долари. Казахстан е најголем производител на ураниум…
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека Унијата мора да го промени системот за пристапување за да одговори на потребите на Украина. . EPA-EFE/OLIVIER HOSLET Кос за денешен „Фајненшл тајмс“ оцени дека Брисел мора да биде иновативен, но, исто така, нагласи дека без оглед на евентуалната реформа на процесот на проширување, нема отстапка кога станува збор за основните принципи и стандарди поврзани со владеењето на правото, судската независност и корупцијата. Таа преку весникот побара од земјите-членки брзо да постигнат договор за „различен систем“ за прием на нови членки, бидејќи Брисел стравува дека кандидатурата на Украина за членство ќе го преоптовари…
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања упати две прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи дека безбедносниот систем во државата е во сериозен распад и дека МВР не функционира ниту како превентивен, ниту како заштитен механизам за граѓаните. Талевски посочи дека последните години се карактеризираат со низа тешки криминални и насилни настани, од убиства и семејно насилство до сериозни безбедносни пропусти, како и сомнежи за протекување класифицирани информации, при што, институциите не реагираат навремено и не преземаат одговорност. Талески рече дека наместо заштита на граѓаните, системот е ставен во функција на политички интереси,…
Гватемала се согласи да спроведува заеднички воени операции со вооружените сили на САД на своја територија насочени против групите за трговија со дрога, објави денес „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на три извори запознаени со разговорите. Според весникот „Њујорк“, Министерството за одбрана на САД планира да изврши притисок врз Хондурас да прифати сличен вид заедничка воена акција, како дел од пошироката стратегија на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која, како што е наведено, се обидува да го принуди Мексико да прифати заеднички операции против нарко-картелите. Белата куќа, Стејт департментот, Пентагон, како и амбасадите на Гватемала и Хондурас во Соединетите Американски…
Хрватската влада донесе антиинфлаторни мерки кои им биле презентирани на социјалните партнери, односно на претставниците на работодавачите, синдикатите, професионалните организации и пензионерите, пред почетокот на владината седницата. Мерките вклучуваат замрзнување на платите за повеќе од 200.000 вработени во јавниот и државниот сектор, воведување данок на бруто маржите на екстрапрофитните компании, но и зголемување на фиксната стапка за изнајмувачите во туризмот и занаетчиите со фиксна стапка. Една од антиинфлаторните мерки е уште порано најавеното укинување на данокот на пензии. Меѓу другите теми што беа дискутирани на владината седница, вреди да се споменат измените на Законот за борба против непријавената работа, со…
Рудниот потенцијал на „Иловица-Штука“ повторно ја отвора дебатата за иднината на рударството во Македонија. Според досегашните проценки, проектот содржи околу 410 илјади тони бакар – ресурс кој денес е меѓу најбараните суровини во светот поради енергетската и дигиталната транзиција. Според претходните физибилити анализи, рудникот би произведувал просечно околу 16.000 тони бакар, со проектиран животен век од над 20 години. Ако овие количини се пресметаат според актуелните пазарни цени, само годишното производство би можело да достигне 220 милиони долари годишно. За државата ова би значело само од концесиски надоместоци директен приход во државниот буџет од над 20 милиони евра годишно, додека…
Нестабилното време денеска веќе се чувствува во одредени региони од државата, при што во околината на Кочани се регистрирани интензивни атмосферски процеси со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ВИДЕО Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека, според радарската слика, во Кочанскиот регион има појава на поизразени врнежи и електрична активност, што укажува на локална нестабилност. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и можат да преминат во невреме со обилен пороен дожд,…
Удиран од корупциски кризи и тешки порази на регионалните избори, шпанскиот премиер Педро Санчез го губи тлото под нозете. Истражителите во средата извршија рација во седиштето на неговата Социјалистичка партија во истрага за злоупотреба на партиските средства. Тоа само по себе би било доволно лошо, но е само најновата епизода во метежот од корупциски скандали што ја оптоваруваат партијата. Конзервативниот опозициски лидер Алберто Нуњез Феихо рече дека владата сега е во „смртни агонија“ и побара Санчез да поднесе оставка и да распише избори. „Уште колку рации? Уште колку мито?“, праша тој. Засега, кревката коалиција на Санчез се држи цврсто,…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека по судир со друго возило бил следен низ градот, по што изгубил контрола и се превртел со автомобилот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 27 мај 2026 година во 13:30 часот во СВР Тетово, Ф.И. (36) од Тетово пријавил дека околу 05:30 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово, патничко возило „Фолксваген голф“ удрило во неговото возило „Пежо 607“ со тетовски регистарски ознаки. Според пријавеното, возилото потоа почнало да го следи низ градот. Додека се обидувал да избега, на крстосницата меѓу улиците „Видое Смилевски Бато“ и „29 Ноември“…
Во близина на северниот брег на Турција во Црното Море, пријавени се напади со дронови врз три танкери, според турската поморска агенција Трибека. Три брода нападнати во Црното МореТанкерот Џејмс II, кој пловел под знамето на Палау и бил во баласт, бил околу 80 километри северно од областа Туркели во Црното Море кога се случил инцидентот, соопшти агенцијата. Танкерите Алтура и Велора, кои пловеле под знамето на Сиера Леоне, наводно биле нападнати во блиска област за време на операција за претовар, соопшти Трибека. Бродови за крајбрежна безбедност биле испратени на местото на настанот за да помогнат. Според достапните информации, сите…
Неколку вработени во компанија лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип синоќа пријавиле здравствени проблеми кои укажуваат на можно труење со храна, пренесе Фокус. Според првичните информации, повеќе од пет лица почувствувале симптоми како мачнина, повраќање и стомачни болки по консумирање на оброк обезбеден на работното место, дознава М Нет телевизија. Двајца од вработените, поради влошување на состојбата, побарале лекарска помош и примиле инфузија, додека останатите имале поблаги симптоми. Неофицијално, храната за вработените ја доставувала фирма од Кочани, а надлежните институции треба да утврдат дали навистина станува збор за труење со храна и што го предизвикало инцидентот. Очекувањата се дека…
