Автор: Press Online

  Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, остро ја критикуваше Словенија за начинот на кој ги презентира своите трошоци за одбрана. Во писмо испратено до техничкиот премиер Роберт Голоб на почетокот на мај, Руте предупреди дека ниските трошоци за одбрана на Словенија во време на криза „ја поткопуваат нашата колективна безбедност“. НАТО тврди дека Љубљана вештачки ги зголемила бројките за да ја достигне целта од два проценти од БДП, додека фактичките трошоци се многу пониски. Според официјалните податоци што Словенија ги достави до алијансата, земјата треба да издвои 2,01 процент од БДП за одбрана во 2025 година, што е зголемување…

Read More

Педесет и деветгодишен жител на Скопје пријавил дека му било запалено патничкото возило на паркинг простор во близина на Бит Пазар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била поднесена во раните утрински часови, на 28 мај во 02:53 часот, во СВР Скопје. Според пријавата, непознати сторители со запалива течност ја полеле задната десна страна од возилото „Ситроен Берлинго“ со скопски регистарски ознаки, при што било запалено задното десно тркало. Пожарот бил забележан и изгаснат од соседите пред да се прошири на останатиот дел од автомобилот. Полициските службеници извршиле увид на местото. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки…

Read More

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, денеска изјави дека треба да се уриваат згради во предградијата на Бејрут за секој дрон што ќе го лансира либанското движење Хезболах, кое има поддршка од Иран. – Единствениот начин, во моментов, да се спречи нашите војници да бидат погодени е да се урнат десет згради во јужните предградија на Бејрут, каде што е упориштето на Хезболах, за секој дрон што ќе го испука шиитското движење – рече Смотрич по смртта на израелски војник во Либан. Смотрич на социјалните мрежи го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да им дозволи на израелските војници да победат“.…

Read More

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека постапката за 100 автобуси е повторно распишана и се очекува да биде успешно завршена, паралелно со плановите за воведување на брз автобуски систем (БРТ). – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро проектот БРТ за кој градот ќе обезбеди 40 автобуси – рече Ѓорѓиевски. За реализацијата на БРТ системот, тој појасни дека се очекува административните постапки да завршат до крајот на…

Read More

Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене. На пратеничките прашања СДСМ повторно со своето папагалско повторување на зборот оставка и ДУИ со своите традиционални измислени етнички прашања, а Левица со поднесувањето на нова интерпелација. Три партии, наводно различни и наводно спротивставени, денес повторно усогласени и координирани за една единствена цел, пишува министрот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук-профил. Како што вели, Левица ја најавила третата интерпелација против него за помалку од две години. -Како и претходните две и оваа повторно беше најавена преку…

Read More

  Руските војници кои се обидуваат да се инфилтрираат во украински позиции ползејќи со километри низ напуштени подземни цевководи, преживуваат често само неколку минути кога ќе стигнат до другиот крај. На команден пункт во североисточната област Харков, украинскиот водник „Товсти“ од бригадата „Хартија“ наслика сурова слика за новата тактика, пишува „Дејли мејл“. Дојавите од дроновите постојано ја доловуваат истата вознемирувачка сцена – руски војници кои излегуваат од напуштени цевки во обид да се протнат зад украинските линии. Руски војник може да се надева дека ќе преживее еден час откако ќе излезе од подземниот цевковод, „но обично се 10 минути, и…

Read More

Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба на нов Клинички центар во Скопје, смета директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој посочи дека дел од здравствените услуги треба да се извршуваат во општите болници, додека покомплексните случаи би се третирале во клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, а само најтешките пациенти да се упатуваат во Скопје. – Advertisements – Според Клековски, здравствениот систем располага со доволно објекти, кадар и стручни лица, но е потребна подобра организација и распределба на ресурсите. „Нови пари нема да…

Read More

  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја брануваше јавноста во Собранието, изјавувајќи дека по цели две децении, Македонија конечно добила „нормален министер“ на чело на МВР, објави 4news.mk Оваа негова самопофалба, која во собраниските кулоари беше протолкувана како директна глорификација на самиот себеси, автоматски ги стави во категоријата „ненормални“ сите негови претходници на функцијата – вклучувајќи ги Гордана Јанкулоска, Митко Чавков и Оливер Спасовски. Наместо конкретни одговори на серијата пратенички прашања за безбедносните пропусти, Тошковски избра дефанзивен и по малку арогантен тон, тврдејќи дека МВР под негово водство бележи историски успеси. „МВР дава најдобри резултати во изминативе 20…

Read More

Во неодамнешно писмо упатено до кипарското претседателство на Советот и лидерите на Европската комисија и Европскиот совет, германскиот канцелар Фридрих Мерц предложи статус на „придружно членство“ за Украина. Ова „иновативно решение“ е претставено како среден чекор кон полноправно членство. Предвидува, меѓу другото, учество на Украина во главните институции на ЕУ, но без право на глас или наменето портфолио; проширување на клаузулата за „заемна помош“ на ЕУ (член 42(7) од Договорот за ЕУ) како безбедносна гаранција за Украина и „механизам за брзо враќање“ што би можел да се активира во случај на назадување на Украина во демократските и пазарните економски реформи.…

Read More

Жена била нападната сред ноќ во двор на болница од страна на нејзиниот партнер. Случајот во полиција бил пријавен доцна синоќа. – На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р., информираа од полицијата. Надлежните соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Министерот за локална самоуптрава Златко Перински изјави дека не гледа ништо спорно тоа што градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, именувал свој заменик во Општина Карпош и тврди дека од општината не добил известување дека Лукровски поднел оставка од функцијата. На седницата за пратенички прашања, во одговор на прашање на пратеникот Митко Трајчулески, Перински рече дека во согласност со член 52 од Законот за локална самоуправа, секој градоначалник, без исклучок, има можност да именува свој заменик од редовите на Советот на таа општина. -А во однос на она што ме прашавте дали имам добиено оставка од страна на Општина Карпош, не…

Read More

Украина ќе купи 20 нови борбени авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира 16 од постариот тип следната година, изјавија украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведскиот премиер Улф Кристерсон на денешната заедничка прес-конференција. Двајцата лидери минатата година потпишаа писмо за намери што го отвора патот Шведска да и продаде на Украина до 150 борбени авиони од моделот „Сааб Грипен Е“, но испораките на поновиот модел се очекуваат за неколку години. Авионите се приоритет за украинските воздухопловни сили, а министерот за одбрана Федоров во мај изјави дека договорот за авионите „Грипен Е“ би можел да биде потпишан „во рок од неколку месеци“…

Read More