НАЈНОВО
Автор: Press Online
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во мир, радост и семејна благосостојба.Во својата празнична порака, претседателката истакна дека во свет обременет со неизвесност, недоверба и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и моќ. Таа потенцираше дека Курбан Бајрам, преку симболиката на дарување и пожртвуваност, упатува на клучните вредности важни за моралната зрелост на заедницата – човечноста, емпатијата, солидарноста и одговорноста кон другиот.Според Сиљановска Давкова, интегрираноста на општеството се препознава и се мери токму преку…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам. Во име на Собранието и во свое лично име, тој им посака празникот да донесе благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во нивните семејства.Во празничната порака, Гаши истакна дека на денот на Курбан Бајрам, кој претставува празник на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит.Тој порача дека овој свет празник потсетува на важноста од грижата едни кон други, како и на споделувањето на добрината со семејството, соседите и со сите оние на кои им…
Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригес Парила, синоќа пред Советот за безбедност на ОН ја повика меѓународната заедница да се мобилизира за да спречи, како што рече, хуманитарна катастрофа во Куба. Тој истакна дека земјата се соочува со тешка економска ситуација и обвини дека кризата е последица на американската блокада и енергетските ограничувања. „Ги повикувам меѓународните актери да се мобилизираат за да се спречи хуманитарна катастрофа која може да биде наметната преку оружје или енергетска блокада“, изјави министерот, повикувајќи на поголема солидарност кон Куба. Куба е под американско ембарго од 1962 година и со години се соочува со економски…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом.Во својата празнична порака, премиерот нагласи дека овој празник потсетува на клучните човечки вредности како што се солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните.Мицкоски повика на континуирана заедничка работа за унапредување на општеството, градејќи го врз основа на разбирање и единство.„Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување, каде различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина“, порача претседателот на Владата.На крајот од честитката,…
Поранешниот германски канцелар, Олаф Шолц, ја отфрли можноста за формирање малцинска влада со поддршка од крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), предупредувајќи дека останатите партии треба да продолжат со нејзино политичко изолирање. Шолц изјави дека одредени конзервативни кругови сметаат дека во Германија постои мнозинство за спроведување десни политики, но нагласи дека таква политичка конфигурација не е ниту прифатлива ниту разумна. Тој додаде дека таквите предлози „не ја почитуваат историјата“ на земјата и ја опиша АФД како антиплуралистичка политичка сила, повикувајќи на заеднички отпор од страна на традиционалните партии. Изјавите доаѓаат по предлогот на поранешниот премиер на Шлезвиг-Холштајн, Торстен Албиг,…
Во интервју за „Слободен печат“, претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека ќе се спроведе сеопфатен ветинг и нов антикорупциски закон, со кој, како што рече, никој нема да биде поштеден.„Ќе го донесеме антикорупцискиот закон, никој нема да биде поштеден. Ќе има ветинг на сите функционери од деведесеттите години, и тој закон ќе биде под јурисдикција на силна соработка со европското обвинителство, со што нема да може да се влијае на судството ниту да се штелуваат пресуди,“ рече Филипче.Филипче посочи дека целта е воспоставување европско правосудство и целосна независност од политичко влијание.„Ќе има ветинг за сите функционери од 90-тите до…
Владата подготвува сериозно и достоинствено одбележување на 35-годишнината од независноста на државата, во чии рамки ќе се одржи концерт на светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас, заедно со еминентни македонски музички имиња. Ова денеска го соопшти владината портпаролка Марија Митева.Митева истакна дека по првичните најави за централната прослава на 8 септември, Владата сега ја открива и следната голема иницијатива во која е вклучена интернационалната музичка ѕвезда, но и домашни уметници кои таа ги нарече „македонски ол-старс“ (all-stars).„Ценам дека со ваквиот начин на одбележување на независноста, како Влада покажуваме дека навистина ни е важно, дека навистина сакаме граѓаните да уживаат и…
„Ќе ја разоткриеме целата корупција и злоупотреба на моќ. Унгарците имаат право да знаат кој имал корист од нивните пари, кој ги украл и кој се збогатил на сметка на ранливоста на народот“, рече новиот унгарски премиер. За време на неговото 16-годишно владеење, Орбан постојано беше обвинуван за злоупотреба на јавни средства и насочување на државни договори кон бизнисмени блиски до власта и членови на неговото семејство. Во 2022 година, Европскиот парламент прогласи дека Унгарија повеќе не може да се смета за целосна демократија. Унгарската партија веќе поднесе нацрт-уставен амандман со кој ќе се ограничи мандатот на премиерот на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара распишување референдум за ЕУ, нагласувајќи дека граѓаните мора сами да одлучат за иднината на земјата, за својата судбина и судбината на идните македонски генерации.„Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицковски. Затоа граѓаните се единствени коишто можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена. Сакаме иднина. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите коишто живеат во државата“, апелираше претседателот на СДСМ.Филипче потенцираше дека…
Комисијата за култура на СДСМ преку писмена реакција упати остри критики до претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, по повод денешното потпишување на меморандум за соработка поврзан со проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.Од опозициската партија тврдат дека меморандумот го потпишале функционери кои досега не покажале ниту визија, ниту резултати во своето работење.„На Орце Ѓорѓиевски му се гуши Скопје во смет, хаос и нефункционалност, додека градот секојдневно тоне во урбан и комунален распад. На министерот Зоран Љутков му протестира речиси цел културен сектор поради катастрофалните политики, кратењата, партизацијата и игнорантскиот однос…
Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката Социјалистичка партија во Мадрид по судска наредба за да собере информации за можна шема за нелегално финансирање, објавија неколку шпански новински агенции. Портпарол на полицијата изјавил дека полицајците влегле во просториите, но не открил дополнителни детали бидејќи постапката е тајна. Претресот се одвива во услови на интензивирање на фокусот на одделни обвинувања за злоупотреба на влијание и корупција поврзани со поранешниот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро и непосредното семејство на сегашниот премиер Педро Санчез, создавајќи донекаде несигурна ситуација и за партијата и за премиерот.. Санчез денес е во Рим на посета на…
Половина месец откако министерот за здравство Азир Алиу најави дека извештајот на странската комисија за можни неоправдани операции и интервенции на срце ќе биде доставен до надлежните институции, тоа сè уште се нема случено. Алиу, кога ги презентираше наодите на странската комисија, рече дека тие ќе бидат испратени до Владата, Јавното обвинителство, Лекарската комора, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Фондот за здравствено осигурување и до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од Министерството за здравство, како што пренесува телевизија Телма, велат дека во моментов се комплетира целокупната медицинска документација, вклучително и деталните извештаи за секој пациент поединечно. „Во…
