Автор: Press Online

На штотуку асфалтирана улица во Охрид, пропадна камион. Се работи за сообраќаен инцидент кој се случил на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид. Асфалтирањето на улицата со површина од 4 800 м2, заврши минатиот месец а вкупната цена на проектот изнесувала повеќе од 130 илјади евра. „По повеќе од 6 месеци хаотични и неспособно водени работи на улицата „Аџи Мустафа“, денес камион пропадна среде патот. Наместо безбедна и функционална улица, граѓаните добија раскопан хаос“ – реагираа од СДСМ Охрид.

Read More

  Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое го предупредува за растечкиот недостаток на украински системи за воздушна одбрана, а особено на антибалистички одбранбени капацитети, пишува „Киев индепендент“. Апелот доаѓа во време кога Русија ги засилува масовните воздушни напади врз Украина и јавно се заканува со нов бран напади со долг дострел врз Киев, вклучително и напади врз локации опишани од Москва како „центри за донесување одлуки“ на Украина. „Што се однесува до противвоздушната ракетна одбрана, ние се потпираме на нашите пријатели“, се вели во писмото што го виде „Киев индепендент“. „Но, кога…

Read More

МВР се уште не ги доставиле видеоснимките од надзорните камери од претседателскиот кабинет клучни во истрагата за шпионската афера во Вила Водно, потврдија од ОЈО ГОКК за Телевизија 24. Повторуваат дека истрагата ја отвориле кон крајот на минатата година поради анонимна кривична пријава потпишана од „група вработени во МВР“, во која се тврди дека постојат сомнежи за копирање, користење и праќање на податоци од претседателскиот кабинет кај странски служби. ОЈО ГОКК: Нема ништо ново во предистрагата за шпионската афера. Видеоснимките не се доставени. Телевизија 24 испрати прашања и до МВР за тоа кога ќе ги достават доказите до Обвинителството за…

Read More

Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело, велат од Владата.   Потренцираат дека укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада.   -А како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019-та година.…

Read More

  Новиот премиер на Унгарија ја преполови сопствената плата и ги намали платите на своите министри во обид да ја врати довербата на јавноста, објави „Франкфуртер рундшау“. За да „постави пример“ по години наводна корупција во владата, Петер Маѓар објави дека ќе ја намали својата годишна плата на 45,6 милиони форинти (128.040 евра), помалку од половина од 93,6 милиони (263.424 евра) што ги добиваше неговиот претходник Виктор Орбан. Маѓар објасни дека намалувањето на платите ќе се однесува и на раководителите на државните претпријатија, како и на членовите на надзорните и советодавните тела. Според неговите пресметки, мерките би можеле да заштедат…

Read More

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека со цел одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит, се воведува Кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи.   „Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми…

Read More

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар повеќе не е дел од постојаниот, односно работниот состав на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, откако на редовната седница во полн состав, одржана на 26 мај, за нов член беше избран митрополитот Струмички г. Наум. За негов заменик е избран митрополитот Европски г. Пимен. Одлуката не е формулирана како дисциплинско исклучување на владиката Петар од Синодот во поширока смисла, туку како промена во постојаниот работен состав на САС. Тоа е важна разлика, бидејќи сите архијереи се дел од Синодот во полн состав, додека работниот состав е потесното тело што функционира меѓу седниците на целиот архијерејски состав.…

Read More

Парламентот на Република Српска, една од двете ентитетски единици во Босна и Херцеговина, усвои декларација со која се бара итно укинување на функцијата на високиот претставник на меѓународната заедница во земјата. Со Декларацијата предложена од претседателот на Парламентот Ненад Стевандиќ, Народното собрание на Република Српска упатува официјално барање до Советот за безбедност на ОН за донесување резолуција за прекин на мандатот на високиот претставник и затворање на таа институција. Во документот се посочува дека според Дејтонскиот мировен договор, надлежностите на меѓународната заедница биле временски ограничени, но дека со текот на годините, според Парламентот, тие биле проширени преку т.н. „бонски овластувања“.…

Read More

  Одборот за мир, кој со голема помпа го основа Доналд Трамп во јануари на Светскиот економски форум во Давос, сè уште не ги добил милијардите што ги вети. Организацијата, која беше промовирана како виртуелна замена за ОН, е празна, а самата се најде во правен и политички ќор-сокак, откако не успеа да ги спроведе ветените проекти за обнова на Појасот Газа, објавува „Фајненшел тајмс“. Фондот основан за Советот за мир од Светската банка и одобрен од ОН не добил никакво финансирање од донатори, изјавија за весникот четири информирани извори. „Ниту еден долар не е депониран на сметката“, забележа еден…

Read More

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија, како заеднички претставник на лицата кои живеат со дијабетес во државата, подолг временски период укажува на потребата од подобрување на пристапот до редовни, навремени и континуирани специјалистички прегледи. Редовните контроли претставуваат основен и неопходен дел од здравствената грижа за лицата со дијабетес, бидејќи преку нив се следи текот на болеста, се проценува здравствената состојба и се одредува соодветната терапија, неопходна за успешно секојдневно менаџирање на дијабетесот. Подеднакво значајно е и навременото реализирање на прегледите за рано откривање, следење и третман на компликациите од дијабетесот, со цел обезбедување поквалитетен, подостоинствен и поздрав…

Read More

Премиерот на Бугарија, Румен Радев ќе биде во посета на Париз и Брисел денес и утре. Во Париз, Радев ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Нивниот разговор ќе се одржи во Елисејската палата, каде што бугарскиот премиер ќе биде пречекан со почесна гарда. Премиерот Радев и претседателот Макрон ќе разговараат за теми од областа на билатералната соработка и европската агенда. Подоцна истиот ден, премиерот Румен Радев ќе отпатува за Брисел, каде што ќе има средба со белгискиот премиер Барт де Вевер. Утре, 28 мај, премиерот Румен Радев ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Подоцна…

Read More

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени. Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение. -Од оваа година воведуваме електронски свидетелства од прво до трето одделение. Со оглед дека е прва година ќе има и печатени свидетелства, зашто очекуваме наставниците да се прилагодат на новите електронски свидетелства, што ќе…

Read More