Автор: Press Online

Претседателот на СДСМ Венко Филипче испрати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод верскиот празник Курбан Бајрам. -На сите верници од исламска вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам. Курбан Бајрам е симбол на човечноста, пожртвуваноста и грижа за сите. Овој голем празник нè потсетува дека вистинските вредности се во солидарноста, подадената рака и подготвеноста секому да се помогне. Во духот на празникот, да покажеме разбирање, почит и повеќе грижа едни за други. Да не заборавиме дека силата на едно општество се мери токму преку тоа колку сме обединети, хумани и подготвени заеднички да ги надминуваме предизвиците.…

Read More

Министерката за надворешни работи на Исланд  се плаши дека нејзината земја се соочува со „момент на Брегзит“ на претстојниот референдум за ЕУ, поради  дезинформации, странско мешање и вештачката интелигенција. На само нешто повеќе од три месеци до гласањето на Исланд за тоа дали да ги продолжи преговорите за пристапување со ЕУ или не, развојот на настаните внимателно го следат Вашингтон, Москва и Брисел. Торгердур Катрин Гунарсдотир ги обвини поединци и групи одвнатре и надвор од земјата за „ширење страв“, велејќи дека Исланд е погоден од дезинформации и реторика земени „од прирачникот на Најџел Фараж и Реформа“. Таа рече дека референдумот…

Read More

Во сржта на политичката тензија во Босна и Херцеговина е проектот „Јужна гасна врска“ – цевковод дизајниран за транспорт на американски течен природен гас (LNG) до Балканот. Соединетите Американски Држави планираат да инвестираат до 1,5 милијарди долари во него. Овој проект, претставен од неговите поддржувачи како клучен инструмент за европска енергетска безбедност, би ја намалил зависноста на Босна и Херцеговина од рускиот гас со поврзување на земјата со терминалот за LNG на островот Крк, Хрватска, во согласност со стратегијата што ја застапува Европската Унија од почетокот на војната во Украина. Зад овој аргумент поврзан со енергијата, проектот генерира сè поголема…

Read More

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам посакувајќи благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во семејствата. Гаши истакнува дека на денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит. Овој свет празник, потенцира собранискиот спикер, нè потсетува на важноста од грижата едни кон други, споделувањето на добрината со семејството, соседите и со сите оние на кои им е потребна поддршка и човечка топлина. – Курбан Бајрам е исто така повик за поголемо единство, мир и хармонија во нашето општество, зацврстувајќи ја вербата…

Read More

Директорот на СОЗР, Томовски посочи кои институции би биле сместени во овој објект, а кои во моментов плаќаат закупнина, со што ќе се заштедат пари, а ќе се обезбедат и подобри услови за вработените, во согласност со европските стандарди. Реновирањето на два дела од старатата зграда на Комерцијална Банка – Нов дел и Бисер – е комплетно завршено, а во моментов се одвиваат активности во т.н. Стар дел, кои се очекува да бидат завршени во втората половина на јуни – рече директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски во интервју за 4ТВ. – Минимум два пати неделно…

Read More

Американската авиокомпанија American Airlines најави голема модернизација на својата флота, со план повеќе од 500 авиони да бидат опремени со сателитски интернет од Starlink, услугата на компанијата SpaceX. Според најавите, инсталацијата на новиот систем ќе започне следната година и ќе опфати голем број авиони од семејството „Ербас“, вклучувајќи го и модерниот A321neo. Целта е патниците да добијат побрза и постабилна интернет-конекција за време на летовите. Од компанијата засега не откриваат дали во иднина ќе се менуваат интернет-системите и кај дел од флотата на „Боинг“, каде моментално се користат услуги од други провајдери. Со ова, American Airlines се приклучува на растечкиот…

Read More

Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 50 отсто одговориле дека не планираат летен одмор, а од останатите, 34 проценти рекле дека нивниот одмор ќе биде ограничен, 14 отсто ќе патуваат како и секоја година, а само два проценти од анкетираните планираат да одморат повеќе денови…

Read More

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. – Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, со желба да го поминете во мир, радост и семејна благосостојба, стои во честитката од претседателката. Сиљановска – Давкова наведува дека во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија…

Read More

 Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 140 украински беспилотни летала над повеќе руски региони. Според соопштението, дроновите биле соборени во периодот од 20:00 часот на 26 мај до 07:00 часот на 27 мај по московско време. Украинските беспилотни летала, како што наведуваат руските власти, биле уништени над регионите Белгород, Волгоград, Воронеж, Курск, Орел и Тула, како и над Краснодарскиот крај, а дел од нив биле пресретнати над Азовското и Црното Море. Руското министерство исто така соопшти дека дел од дроновите биле соборени и над Кримскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до…

Read More

Канада синоќа соопшти дека ќе воведе привремена забрана за влез на нејзина територија за државјани и жители на Демократската Република Конго, Уганда и на Јужен Судан, како мерка поврзана со епидемијата на ебола во Африка. Забраната ќе важи 90 дена, почнувајќи од денес, со цел да се намали ризикот од внесување и ширење на вирусот ебола во земјата, соопшти канадската Влада. Светската здравствена организација претходно го зголеми нивото на ризик од ширење на сојот „Бундибугјо“ на ебола, предупредувајќи дека постои „многу висок“ ризик тој да прерасне во национална епидемија во ДР Конго. Организацијата исто така прогласи вонредна состојба со меѓународен…

Read More

Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди Чиле околу 30 километри источно од градот Калама на северот од земјата, објави во понеделник Геолошкиот завод на САД (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атаками, според истиот извор. Чилеанските власти досега не пријавиле повредени или материјална штета. „Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјави Фелипе Плаза од Националната служба за спречување и управување со катастрофи во видео објавено на X. 🔴Impactante registro del #Temblor 6.9 en #Calama.@reddeemergencia @RNE_Alpha_8 @carlos_tmk @cleivamoris @djgraff_German pic.twitter.com/gv4XQTGFvN — Alejandro Alegria 🌴 (@alegriagonzaa) May 25, 2026 Според локалните медиуми, земјотресот…

Read More