Автор: Press Online

Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди Чиле околу 30 километри источно од градот Калама на северот од земјата, објави во понеделник Геолошкиот завод на САД (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атаками, според истиот извор. Чилеанските власти досега не пријавиле повредени или материјална штета. „Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјави Фелипе Плаза од Националната служба за спречување и управување со катастрофи во видео објавено на X. 🔴Impactante registro del #Temblor 6.9 en #Calama.@reddeemergencia @RNE_Alpha_8 @carlos_tmk @cleivamoris @djgraff_German pic.twitter.com/gv4XQTGFvN — Alejandro Alegria 🌴 (@alegriagonzaa) May 25, 2026 Според локалните медиуми, земјотресот…

Read More

Двајца пливачи загинаа, а повеќе од 30 се спасени од петокот на југозападниот брег на Франција поради екстремно силни плимни струи. Невообичаено топлото време за ова време од годината привлече многу луѓе на плажите во департманот Жиронд, и покрај опасните услови на морето, објавува Euronews. 56-годишна Германка се удави во неделата во близина на Леж-Кап-Ферет откако беше однесена од силна струја. 60-годишен маж го загуби животот во посебен инцидент во блискиот Лаканау. Службите за итни случаи во департманот Жиронд спасија дури 31 лице од морето од петокот. Затоа локалните власти упатија апел до пливачите, повикувајќи ги да бидат максимално внимателни.…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да помине рутински лекарски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон, објави Белата куќа. Тоа ќе биде негов трет таков преглед во последните 13 месеци. Белата куќа претходно овој месец објави дека Трамп ќе помине „рутински годишни стоматолошки и медицински прегледи како дел од неговата редовна превентивна здравствена заштита“. Во октомври, лекарот Шон Барбабела рече дека Трамп има срце и циркулаторен систем на 65-годишник, и покрај тоа што претседателот има 79 години, по она што самиот Трамп го нарече „полугодишен преглед“. Трамп, најстариот американски претседател што е инаугуриран, последен пат…

Read More

Македонија и Хрватска ги подигнуваат своите билатерални односи на повисоко ниво преку потпишување на Договор за стратешка соработка помеѓу двете влади. Ова беше истакнато на денешната средба во Охрид меѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопштуваат од Владата.Премиерот Мицкоски во своето обраќање нагласи дека овој договор е многу повеќе од обичен дипломатски акт, оценувајќи го како рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка определба за продлабочување на односите во суштински области.„Ќе работиме на развој на конкретни иницијативи и проекти во транспортот, енергетиката, информатичките технологии, индустријата, здравството, образованието, јавната безбедност, одбраната и сајбер…

Read More

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа беше примен во болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, соопшти неговиот кабинет. Се вели дека премиерот бил подложен на стоматолошка интервенција, чии детали не беа откриени. Соопштението дојде откако израелските медиуми објавија за неговата хоспитализација, според „Тајмс оф Израел“. Здравствената состојба на 76-годишниот премиер стана предмет на зголемен јавен интерес минатиот месец. Нетанјаху откри дека неодамна бил подложен на успешен третман за рак на простата, но го одложи објавувањето на информациите. Тој објасни дека го сторил тоа затоа што верувал дека Иран ќе ја искористи веста за ширење пропаганда против Израел во средината на…

Read More

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница на која се расправаше за Фискалната стратегија за 2027-2031 година, предупреди дека наместо план за развој и фискална стабилност, со новата стратегија власта го легитимира задолжувањето и свесно го пробива законскиот лимит за буџетски дефицит.„Владата не само што не ги консолидира јавните финансии, туку ја легитимира фискалната недисциплина и ја претвора во нова нормалност. Оваа стратегија ја потценува реалната економија. Во неа има оптимистички проекции, но нема доволно одговори за инфлацијата, продуктивноста, извозот, странските инвестиции и конкурентноста. Затоа, во суштина, овој документ може да се дефинира како стратегија за преживување со…

Read More

Повеќе лица се повредени при денешната експлозија во фабриката за целулоза и хартија „Нипон“ во градот Лонгвју, во американската сојузна држава Вашингтон. Властите не прецизираа колку луѓе се повредени, а локалните жители се предупредени да го избегнуваат реонот, каде се случи експлозијата. Фабриката е лоцирана на реката Колумбија, на граница со сојузната држава Орегон. 

Read More

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид оствари работна средба со хрватскиот заменик-претседател на Владата и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. Средбата се реализираше во рамките на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Хрватска на државава, информираат од Министерството за транспорт.Во фокусот на билатералните разговори беше развојот на транспортниот сообраќај во регионот, со посебен акцент на можностите за унапредување и продлабочување на соработката во делот на железничкиот сектор. Истовремено, двајцата министри ги разгледале и опциите за проширување на севкупната економска активност помеѓу двете држави.За време на средбата, вицепремиерот Николоски упати посебна…

Read More

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро се спротивстави на новото задолжување на државата во износ од 260 милиони евра кај комерцијалните банки, закон кој се носи по скратена постапка. Пратеникот Митко Трајчулески од собраниската говорница обвини за брутално кршење на деловничките процедури, целосно погрешно буџетско планирање и нефункционалност на институциите, што, според него, ја турка државата во финансиска агонија.Во своето обраќање, Трајчулески посочи дека министерката за финансии отсуствува од седницата, обвинувајќи ја дека „комитски избегала“ наместо да даде одговори пред пратениците и граѓаните. Одговорноста за прекршувањето на Деловникот тој ја лоцираше кај претседателот на Собранието, додавајќи дека власта е подготвена…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој следниот месец ќе наполни 80 години, изјави дека „сè е совршено“ откако беше подложен на лекарски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“. Претседателот на САД не даде никакви детали во краткиот пост на „Truth Social“ во кој рече дека прегледот е завршен. Трамп често се претставува себеси како поенергичен и во подобра форма од Џо Бајден, неговиот демократски претходник кој ја напушти функцијата минатата година на 82-годишна возраст. Сепак, неодамнешните фотографии на кои се гледа осип на вратот покренаа прашања за здравјето на Трамп, по сликите од отечени глуждови и модринка на раката…

Read More

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови.Лукаревска потенцираше дека Владата повторно ги коригира економските проекции, при што растот на БДП се намалува од 3,8 на 3,5 проценти, а инфлацијата се зголемува од 2,5 на 4,5 проценти, што, не е техничка корекција, туку доказ за погрешни…

Read More

Реконструкција на Владата во текот на јуни е начелно договорена, но конкретните детали и распределбата на ресорите сè уште не биле предмет на разговор со премиерот Христијан Мицкоски. Ова денеска го изјави копретседателот на Влен и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, по отворањето на затворениот базен во населбата Топаанско Поле. „Со премиерот, со владиниот партнер, само начелно разговаравме и договоривме дека ќе има реконструкција. Но, треба да седнеме да разговараме за принципите, за ресорите и другите прашања. За тоа не сме разговарале досега во детали“, рече Меџити.Меџити упати апел до пратениците Албанци да го поддржат предлог-законот за правична застапеност…

Read More