Автор: Press Online

  САД започнаа напади врз јужен Иран како тест на седумнеделното примирје, откако двете страни ги намалија надежите за непосреден мировен договор дури и кога преговарачите од Техеран започнаа нови разговори во Катар. Американските сили ги таргетираа местата за лансирање ракети и бродовите што се обидуваа да постават мини, соопшти во вторникот американската централна команда (Центком), но нагласи дека нападите не укажуваат дека прекинот на огнот со Иран е завршен. Центком „продолжува да ги брани нашите сили додека користи воздржаност за време на тековното примирје“, рече капетанот на морнарицата Тим Хокинс, кој ја окарактеризира акцијата како „дефанзивна“. Во Иран, новинската…

Read More

Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип, а според жителите од улицата, тие се наоѓаат во добра здравствена состојба. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат…

Read More

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии. На седницата за нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен. „Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 мај 2026 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со животот на нашата Света Црква. Светиот синод ги разгледа и ги усвои годишните извештаи…

Read More

Првиот смртен случај од дифтерија во последните десет години е регистриран во Австралија, а земјата истовремено се бори со најлошата епидемија на оваа заборавена болест во поновата историја, пишува BBC. Министерството за здравство прогласи епидемија уште во март, откако случаите се проширија во Западна Австралија, Јужна Австралија и Квинсленд. Бројот на пациенти почна да се зголемува кон крајот на 2025 година, а во февруари забележа ненадеен скок. Дури 245 случаи се регистрирани од почетокот на оваа година, што претставува најголема епидемија во оваа земја од 1991 година, а жариштата се наоѓаат претежно во оддалечени домородни заедници. Епидемијата се крена на…

Read More

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека од 15 јуни 2026 година лентите означени за MTAG на наплатните станици ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови. Со новите оперативни измени, наплатата со MCard на овие ленти целосно се укинува. Од ЈПДП појаснуваат дека корисниците кои користат MCard ќе треба наплатата да ја вршат на останатите достапни ленти на патарините, согласно нивната намена. Претпријатието апелира до возачите строго да ја почитуваат вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици. Според категоризацијата, лентите ќе бидат означени за: електронска наплата (MTAG / MCARD)…

Read More

  Една од најчесто користените пропагандни техники е: всадување страв – покажување кон непријател, будење омраза – покажување кон спасител. Накратко, негување менталитет на опсада. Тоа подразбира постоење во постојана состојба на тревога, што пак оправдува вонредни мерки, ограничувања на правата и слободите, дисциплина, еднодушност и зајакнување на централната влада, недоверба кон различноста, осуда и казнување на втората. Ова е патот од демократија до режим. Можеби сè уште незабележливо за широкото мнозинство, но новата влада во Бугарија го прави токму тоа, пишува бугарски „Клуб З“ во текстот под наслов „Режимот доаѓа тивко, во зелени чорапи“. „Се започна со сугестии за…

Read More

Германската политичарка и долгогодишна поранешна европратеничка Дорис Пак упати остра критика кон новата бугарска влада и нејзиниот однос кон Македонија, оценувајќи го како неодговорен и спротивен на европските Пак реагира во коментар на ставот на поранешниот германски министер за Европа, Михаел Рот, кој остро ја критикува Бугарија поради нејзиниот однос кон Македонија и блокадата на нејзиниот европски пат.   „Глупавото попречување на патот на Македонија кон Европската унија од страна на Бугарија е неодговорно и мора веднаш да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи единствено на Русија, Кина и другите авторитарни актери. Новата бугарска…

Read More

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Елисејската палата се сретна со претставници на дистрибутерите, снабдувачите со електрична енергија и индустриските компании за да го забрза процесот на електрификација на Франција. Според весникот „Фигаро“, целта на состанокот била поттикнување на домаќинствата и компаниите повеќе да користат електрична енергија, а помалку нафта и гас. Француските власти тргнуваат од проценката според која земјата премногу зависи од увоз на фосилни горива, додека во исто време располага со домашна електрична енергија која е стабилна и достапна во големи количини, со ниски емисии на јаглерод. Состанокот доаѓа неколку дена пред инвестицискиот самит „Избери ја Франција“,…

Read More

Нашата статегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нам. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме е Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Се додека билатералните спорови и т.н. булинг кон нас од една земја – членка на ЕУ се наша препрека, ова што одамна го залуживме ќе се одалечува, но ние не губиме надеж и енергија, туку напротив ќе продолжиме силно да работиме. Но, нема повеќе можности за идентитестки отстапки и за нашите национални одредници. Ако навистина билатералните прашања се тие коишто…

Read More

  Во разговорот во живо за медиумот „Телекс“ во понеделникот, унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека ќе се истражува богатството на политичарите и дека тоа ќе биде задача на Националната канцеларија за враќање на средствата, што ќе се спроведува со помош на Даночната и царинската управа. Според него, ќе се развие нов систем за пријавување на имотот, кој ќе се прошири на претседателите на партиите, како и на пратениците, така што Виктор Орбан ќе мора да пријави и колку богатство има и тоа ќе биде испитано. Според Маѓар, многу олигарси му се обратиле неодамна, велејќи дека би сакале да склучат…

Read More

Во заедничка акција на албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) и Дирекцијата за борба против мафијата од италијанскиот град Бари, разбиена е структурирана криминална група вклучена во перење пари и убиства во двете земји, како и меѓународна трговија со дрога. Како што изјави првиот човек на СПАК, Клодијан Брахо, на заедничката прес-конференција со италијанските колеги, операцијата била спроведена со заеднички тим со поддршка на Евроџаст, додека индициите се добиени од истрагите за убиството на 26-годишниот италијански фризер Франческо Дивисти, настан што се случил во април минатата година. – Групата ја предводел албанскиот државјанин, Игли Камбери а во…

Read More

Иако основниот Кривичен суд преку судијката Лидија Петровска пред 10 месеци го осуди Љубе Крстевски на затворска казна од три месеци за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди, Апелација му ја преиначила казната во парична. Пресудата од Апелација во која имаше увид „Слободен печат“ е од 17 февруари годинава Во неа пишува дека за кривичното дело убивање и мачење животни на Љубе Крстевски му се прифаќа жалбата и казната се преиначува во парична – да плати 90 дневни глоби од по 20 евра или вкупно 1.800 евра (110.700 денари). Првично…

Read More