НАЈНОВО
Автор: Press Online
Бура проследена со силни ветрови ги погоди источните делови на Словенија попладнево, а нови бури се формираат над западните и централните делови на земјата и се движат кон југоисток. Бурата веќе предизвика штети, при што ветерот фрлаше покриви и уриваше дрвја, што ги остави пожарникарите со полни раце работа. На некои места падна и град со големина на ореви, кој дополнително ги оштети покривите, пишува N1 Словенија. Локални бури со силни ветрови прво ја погодија источна Словенија. Во Марибор и околината, бурата кршеше дрвја и гранки и ги изложи покривите, а штети од ветер беа пријавени и од областа Словенске…
Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, поради што нема потреба да се трошат време и пари на граѓаните за референдум. Вака Владата реагираше преку соопштение, по барањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање на референдум за граѓаните да одлучат за иднината на земјава и за нејзиниот пат кон Европската Унија. Од Владата потенцираат дека стратешката ориентација на државата кон Европската Унија (ЕУ) веќе се докажува на дело. – Advertisements – „Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Укинувањето…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата изјави дека „не е задоволен“ од преговорите со Иран за договор за завршување на војната и дека не го интересира ефектот на конфликтот врз среднорочните избори, бидејќи победи на прелиминарните избори во вторник. „Тие многу сакаат да постигнат договор. Досега не стигнале до таму“, рече Трамп за Иран за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа. „Не сме задоволни од тоа, но ќе бидеме. Ќе бидеме или ќе мора само да ја завршиме работата“. Тој рече дека Иран „мислел дека ќе ме надвладее“ поради тоа како продолжувањето на војната би можело…
Три девојки се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 14:20 часот се случила на автопатот Скопје-Велес, на мостот по наплатната станица Сопот. Според информациите од МВР, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Ќ. од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачката Л.Ќ., како и сопатничките Е.Ш.(20) и Т.Т.(17), двете од Велес. Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Неколку лица загинаа, а неколку други беа сериозно повредени во пожар што избувна во фабрика во Лонгвју, во близина на границата на државата Вашингтон со Орегон во северозападниот дел на Соединетите Американски Држави, соопштија локалните власти во вторник. Противпожарната служба на Лонгвју, во заедничка изјава со Nippon Dynawave Packaging и локалните власти, потврди дека имало жртви и дека неколку лица претрпеле сериозни повреди во инцидентот. Точниот број на жртви сè уште не е објавен. Службите за итни случаи интервенираа откако резервоар што содржел бела течност експлодираше во вторник наутро. „Во овој момент, официјалните лица велат дека нема непосредна закана за…
‼️Очекуваното затворање на базенот „Борис Трајковски“ заради реконструкција е вистински удар за пливачите. Директна последица од ова затворање е принудното префрлање на сите пливачи на Олимпискиот базен во Скопје – потег кој дополнително ќе го оптовари и онака кревкиот буџет на клубовите, бидејќи таму цените за термините се енормно високи и за жал недостапни за многумина, што доведува некои пливачи да се повлечат од спортот. 🗣️Санацијата на базенот во Карпош е неопходна, меѓутоа дали државата ќе обезбеди услови за тренинг пред затворање на спортскиот објект?Реалноста на Олимпискиот базен е карактеризирана како „дупка без дно“. Овој државен објект со децении е…
Повикот на Зијадин Села за заедничка тркалезна маса на албанските парламентарни партии е невозможна мисија за Арбен Таравари. Според него, кој и да го покани, другиот нема да ја прифати. Повикот на Зијадин Села за заедничка маса на албанските парламентарни партии, според Арбен Таравари, е невозможна мисија. Според него, кој и да јаорганизира, другите нема да ја прифатат. Таравари има поинаков став. Според него, двајцата албански премиери, Еди Рама и Албин Курти, треба да ги соберат лидерите на албанските партии на заедничка средба, каде што би се утврдиле „црвените линии“ со цел, како што рече тој, да нема назадување на…
Бројот потврдени случаи на инфекција со хантавирус поврзани со првичното избувнување на заразата на холандскиот крузер се зголеми на 13, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“ наведе дека Шпанија пријавила нов случај кај патник во изолација, со што вкупниот број на заразени се искачи на 13. Тој додаде дека досега има три смртни случаи, но дека од 2 мај не се регистрирани нови смртни исходи, нагласувајќи дека ситуацијата останува стабилна и дека заразените добиваат соодветна медицинска нега. Сите патници од крузерот „MV Hondius Luxury“ беа евакуирани во последните две недели.
25-годишна жена од Кратово се здобила со повреди на работното место. Случајот во полиција бил пријавен вчера попладне. На 26.05.2026 во 16:45 часот во ОВР Пробиштип, од Итна медицинска помош Кратово е пријавено дека кај нив со повреди била донесена 25-годишната Б.П. од Кратово. Според пријавеното, таа околу 13:00 часот се здобила со повреди на нејзиното работно место во фабрика во Пробиштип, информираа од полицијата
Јавноста е повторно разбранувана по најновото Мислење донесено од страна на Советот за етика во медиумите, со кое што ги осуди објавите на профили на социјалните мрежи со наводни токсиколошки анализи од загинатите во дискотеката Пулс, при што се прикажани имиња на починати и наводни концентрации на разни супстанци пронајдени при обдукциите. Во своето Мислење, СЕММ посочува дека објавената „…содржина е длабоко спротивна на елементарните принципи на човечко достоинство, сочуствување и јавна одговорност и не ги исполнува ниту основните професионални и етички стандарди на новинарството. Објавувањето форензички и токсиколошки податоци со имиња и презимиња на починати лица, проследено со непотврдени…
Украина има шест месеци да ја преземе иницијативата на бојното поле од Русија и да ја зајакне својата позиција за идните мировни преговори, изјави за Ројтерс висок украински командант. Тој предвидува дека по повеќе од четири години војна, „пресвртница“ во конфликтот е неизбежна. Руските сили, кои постепено напредуваа откако започна инвазијата во февруари 2022 година, го забавија своето напредување оваа година, додека украинската армија го зголемува притисокот на бојното поле. Бригадниот генерал Андриј Билецки, командант на 3. јуришен корпус, една од најпочитуваните борбени единици во Украина, во едно интервју изјави дека верува оти руската армија е исцрпена и неспособна…
Албанската влада планира до 2030 година да инвестира 7,9 милијарди евра во транспортна инфраструктура, железнички линии и неколку важни патни правци – дел од Коридорот 8 и Јадранско-јонскиот коридор. Според транспортната стратегија усвоена од владата, железницата Драч – Приштина е на прво место. Железничката линија што ќе ги поврзува Албанија и Косово ќе чини 750 милиони евра и треба да биде завршена до 2030 година. Според албанските медиуми, железничката линија нема да биде изградена во предвидениот рок, бидејќи ниту во Албанија ниту во Косово не е позната изградбата. Втор најскап транспортен проект во однос на трошоците е патот од Почем…
