Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување

29 мај 2026

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026

Круговите околу Трамп имаат план за Орбан: висока функција во ОН поврзана со дипломатски имунитет

29 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Охрид СОС алармира: Багери удрија врз охридско наследство, Единствена информација добиена од работниците е дека се расчистува просторот за зграда.

Press OnlineBy Press Online29 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Баравме итно запирање на новиот детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7, кој претставува сериозна закана за културното и архитектонското наследство во самиот центар на Охрид. Планот предвидува рушење на неколку значајни објекти, меѓу кои и уникатната градска куќа која идната година (1927) треба да заокружи еден век, како и Здравствениот дом – Маларична, исто така изградена пред безмалку еден век. Дополнително, под удар се и две вредни згради од модерната архитектура – детската градинка и старата училишна зграда на ООУ „Григор Прличев”. Со неговата реализација, а за изградбата на четирикатница долга преку 100 метри и комерцијални објекти, би бил уништен училишниот парк, дворот на детската градинка, јавното урбано зеленило и трајно би се нарушил изгледот и духот на оваа мирна урбана целина.



Ваквиот урбанистички план е спротивен на принципите на заштита на културното наследство и носи непоправливи последици за урбаниот пејзаж на Охрид. Наместо почит кон историските слоеви на градот, се предлага бришење на објекти кои се дел од колективната меморија на охриѓани. Граѓаните не беа соодветно информирани и вклучени во процесот, што дополнително го поткопува легитимитетот на донесените одлуки.

Баравме повлекување на урбанистичкиот план и изработка на ново решение кое ќе ја почитува историјата, културниот идентитет и интересот на граѓаните. Дополнително, ќе биде ускладен со Планот за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион. Со зачувување на овие објекти и јавни простори, ги штитиме не само архитектонската вредност, туку и автентичниот дух на градот. Апелиравме до надлежните институции да ја слушнат волјата на заедницата и да преземат одговорност пред историјата и идните генерации. Беше креирана и петиција која собра над 1000 потписи.

Охрид забрзано го губи архитектонското наследство од минатото, уникатни објекти беа срушени изминативе години а голем број се во опасност од рушење или пропаѓање. Се чини како Заводот за заштита на спомениците од Охрид и Управата за заштита на културното наследство да не прават ништо за да се спречи овој негативен тренд. Бараме од нив додека не е предоцна, да ги спречат градежните работи на оваа локација и да се сочува оваа уникатна градба од поновата охридска историја.

Поврзани содржини

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

29 мај 2026
НАЈНОВО

Нуклеарната централа Запорожје повторно остана без надворешно напојување

29 мај 2026

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот

29 мај 2026

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да шири обвинувања дека Вучиќ е вмешан во „Сараево сафари“

29 мај 2026

Стоилковиќ во интервју за кинеска телевизија: Имаме огромен потенцијал за соработка

29 мај 2026

Круговите околу Трамп имаат план за Орбан: висока функција во ОН поврзана со дипломатски имунитет

29 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.