Автор: Press Online

  За време на прес-конференцијата по самитот на ЕАЕУ во Астана, Владимир Путин повторно ѝ се закани на Ерменија со „украинско сценарио“ за нејзината стремеж кон европска интеграција, а исто така вети дека ќе ја „срамни со земја“ секоја земја што ќе се осмели да го нападне регионот Калининград. Одговарајќи на прашање за потенцијална акција на НАТО против Калининград, Путин изјави дека Русија има средства да даде остар одговор. „Како што рековте, тие имаат средства да ги срамнат со земја руските бази. Руската Федерација има секакви средства да го срамни со земја секој што ќе се обиде да го стори…

Read More

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова испратила јасен сигнал до нашата држава дека Бугарија нема да се повлече од она што било договорено во 2022 година, додавајќи дека патот на Македонија кон Европската Унија оди преку спроведување на преземените обврски. „Ова не е прашање на билатерални прашања, туку на односи меѓу земја кандидат и ЕУ“, изјавила Петрова за „БНТ“. Таа нагласила дека тонот од бугарската страна останува „исклучително позитивен“, но признала дека често не гледа исто политичко однесување од Скопје. „Се надевам дека ќе најдам политичка зрелост од другата страна. Често не го гледам тоа“, рекла министерката за…

Read More

Бугарската влада ќе ги преиспитува почетните параметри на дозволата за присуство и престој на американски воени авиони во Софија. Ова стана јасно од зборовите на премиерот Румен Радев на почетокот на денешниот состанок на Советот на министри. Станува збор за авионите на американските воздухопловни сили стационирани на аеродромот Васил Левски во Софија, кои првпат беа јавно забележани на 19 февруари 2026 година. Во тоа време, Министерството за одбрана официјално го потврди нивното присуство, вклучувајќи ги и авионите KC-135 Stratotanker („летачки танкери“), што укажува дека учествувале во активности поврзани со „засилена будност на НАТО“. Уште на 17 февруари  амбасадата на САД…

Read More

Дали може ние да сервисираме долгови? Да. Колку и да земеме ќе сервисираме, но тие задолжувања не коштаат. Во пазарот на пари, на тој капитал, секогаш ќе зависат од тој кредитен рејтинг кој имаме ние, како и цената на чинење кој треба да го платиме за да ги земеме тие средства. Но друго прашање е дали ние имаме стратегија да ги вратиме тие средства, и дали таа стратегија ќе ја користиме за некоја економско додадена вредност за што се задолжуваме“, смета универзитетскиот професор Абил Бауш, говорејќи за новите задолжувања од 260 милиони евра и дали имаме капацитет да ги сервисираме…

Read More

Еднодневниот штрајк свикан од неколку синдикати предизвика прекини во делови од Италија во петокот, влијаејќи на железницата, училиштата и болниците. Јавниот превоз во Милано работеше ограничено, бидејќи градовите низ целата земја се подготвуваа за протести. Синдикатите го свикаа штрајкот за да го зголемат притисокот врз десничарската коалициска влада на премиерката Џорџа Мелони. Нивните барања вклучуваат повисоки плати, надомест за инфлација и крај на несигурното вработување. Синдикатите, исто така, ја обвинуваат владата на Џорџа Мелони дека се обидува да го ограничи правото на штрајк. Протестите, опишани од организаторите како „општ штрајк“, започнаа во четврток во 21 часот. Ваквите штрајкови се вообичаени…

Read More

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ.   -По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта, посочи Милошоски на гостување во централниот Дневник на Сител телевизија.   Ние, додава…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека за време да престојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ќе разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја-членка. Од средба на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта / Фото: Принтскрин Посочи дека ставот на земјата останува непроменет и дека Владата ќе бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани. „Што се однесува до посетата на претседателот на Европскиот совет Антониот Кошта, ние досега имаме исклучително…

Read More

  Дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галац, во близина на границата со Украина, при што беа повредени две лица, соопштија романските власти. Според Министерството за одбрана, кратко пред тоа започнал масовен напад со беспилотни летала од руска страна. НАТО и ЕУ ги осудија „неодговорните постапки“ на Русија, а Романија го прогласи генералниот конзул на Руската Федерација во Констанца за персона нон грата. „Синоќа имавме сериозен инцидент во кој беа повредени двајца романски државјани, а целосната одговорност за овој инцидент е на Русија, земја која води агресивна војна во Украина повеќе од четири години“, рече претседателот Никушор Дан…

Read More

Директорот на српската полиција Драган Васељевиќ денеска потврди дека полициски хеликоптер се урнал за време на тренинг лет и дека двајцата пилоти се на домашно лекување.Индицентот според српски медиуми се случил во вторникот при слетување на хеликоптерот. Претседателот на Партијата Србија цента (СРЦЕ) Здравко Понош денеска на седница на Парламентарниот комитет за одбрана и внатрешни работи изјави дека полицискиот врв крие од јавноста дека хеликоптер „Газела“ вреден половина милион евра се урнал за време на тренинг лет. „Оваа година, вашиот хеликоптер се урна, вашата „Газела“ се урна на тренинг лет, беше целосно уништен, две лица беа повредени. Го криете тоа…

Read More

Сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава предизвикал рестрикции и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини во македонскиот воздушен простор, дознава 4news.mk. Според официјалните воздухопловни известувања (NOTAM) кои беа издадени, Контролата на летање во Скопје (МНАВ) се соочила со значителни проблеми во комуникациската опрема, што директно влијае на нормалното одвивање на воздушниот сообраќај. Контролор на летање од МНАВ во разговор со нас ни рече дека за момент се изгубил целосно сигналот за комуникација и дека во моментов немало бекап систем кој би можел да се активира. Во НОТАМ известувањата во кои имавме увид, јасно се…

Read More

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција по средбата со унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека неговата земја ќе може да добие 16,4 милијарди евра замрзнати средства од буџетот на ЕУ. Маѓар појасни дека Унгарија и ЕК постигнале политички договор за потребните законски измени за неговата земја да почне да прима трансфери од ЕУ. Според него, ова е огромен успех и обезбедува приходи еднакви на 13 проценти од националниот буџет. Тој прецизираше дека се очекува Унгарија да ги промени своите закони за борба против корупцијата и да формира комисија за конфискација на нелегално стекнат имот.…

Read More

Територијалната противпожарна единица во Куманово доби донација од три противпожарни возила, кои ќе ги користат кумановските пожарникари за интервенции и справување со пожари. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека претставници на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво учествувале на петдневна обука во Тирол, Австрија, каде што биле обучувани за гаснење пожари на отворен простор и спасување лица од височини. Од Општина Куманово посочуваат дека донацијата значително ќе ги подобри капацитетите и подготвеноста на противпожарната единица при интервенции.

Read More