Автор: Press Online

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан ја одржа својата моќ со помош на медиуми кои ја ширеа неговата пропаганда. Откако дојде на власт, Орбан ги стави под своја контрола повеќето медиуми во Унгарија и на тој начин успеа да уништи некои од најзначајните весници во земјата. По победата на „Тиса“ на парламентарните избори во април, „медиумите на Орбан“ се соочуваат со сè посериозни тешкотии. Анализата на унгарскиот портал 444.hu се базира на податоци од меѓународната технолошка и истражувачка компанија Гемиус, која се занимава со мерење и анализа на интернет публиката и медиумските навики. Податоците покажуваат дека сообраќајот на веб-страниците на најголемите…

Read More

Централното собрание на Влен денеска ја одржа првата седница по формирањето на партијата, а една од темите била и најавената реконструкција на Владата, соопштија од партијата. Оттаму велат дека се разговарало и за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период, како и за натамошното јакнење на партиската организација.   „Една од темите на дискусија беше и реконструкцијата на владата. Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните. Централното собрание направи и анализа на досегашната работа на Влен.…

Read More

Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале лекарска помош поради симптоми како гадење, повраќање и дијареја, што отвори сомнежи дали станува збор за труење со храна или за вирусно заболување. Според информациите од здравствените установи, околу 15 деца биле прегледани на Детската клиника до вчера, објави 4news.mk. Најголемиот дел од нив имале полесна клиничка слика и биле пуштени на домашно лекување. Само едно дете било задржано на болнички третман, но по стабилизирање на состојбата денеска е пуштено дома. Од Клиниката за инфективни болести информираат дека биле прегледани четири деца и едно…

Read More

По четиригодишно отсуство поради војната во Украина, членовите на германската бизнис заедница официјално ќе учествуваат на претстојниот економски форум во северниот руски град Санкт Петербург. „…Сакаме, како и сите големи западни земји, да одржиме економски мост кон Русија и да заштитиме повеќе од 100 милијарди евра германски имот во Русија“, изјави Матијас Шеп, претседател на Германско-руската стопанска комора, за агенцијата ДПА. И покрај тоа што западните санкции сè уште се во сила за илјадници руски компании, организации и поединци, американските и француските претставници се вратија на настанот минатата година, учествувајќи во неговиот бизнис дијалог. „Западот не треба да и ја…

Read More

Скопје би можело повторно да добие современ саемски комплекс, откако Владата најави дека е пронајдена локација за изградба на нов саем, кој ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, информираше дека веќе се работи на проектот и дека наскоро треба да следуваат разговори со потенцијален приватен инвеститор. Иако не ја откри точната локација, Томовски посочи дека таа се наоѓа во близина на комплексот „Џевахир“ во Општина Аеродром. Според првичните планови, новиот саемски комплекс нема да биде само простор за изложби и саемски манифестации, туку ќе опфаќа и дополнителни содржини.…

Read More

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, од кои повеќе од 450 се задржани во притвор. Тоа е за 32 проценти повеќе од минатата година за истиот настан. Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа нередите претставуваат сериозен предизвик за полицијата. Исто така,  219 лица се повредени во жестоките судири меѓу фудбалските навивачи и полицијата ширум Франција, кои избија по победата на Пари Сен…

Read More

-На 30.05.2026 во 14:10 часот, кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(62) од кичевското село Грешница, товарно возило „сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.С.(60) од Делисуфај, Република Албанија, патнички автомобил „бмв“ со унгарски национални ознаки, што го управувала В.К.(45) од Будимпешта и патнички автомобил „фиат“ со српски национални ознаки, што го управувала М.Г.(32) од Ниш, информираа од МВР. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на првото возило кој, поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар „Мајка…

Read More

  Тој истакна дека нема да останат пасивни и повлечени пред, како што рече, обидите за нарушување на правата, туку дека ќе одговорат со политичка активност и ангажман. Притоа, повторно ги нагласи своите ставови за актуелните политички теми во земјата, како и за можноста за влез во Владата. Воедно, зборувајќи за Алијансата за Албанците под нивно раководство, Илире Даути рече дека таа секогаш ги отстранувала пречките и тешкотиите од патот на Албанците. Таа истакна дека на оваа политичка насока ќе ѝ претстои и ќе ја предводи Зијадин Села. Даути додаде дека политиката се карактеризира со две категории луѓе. Според неа,…

Read More

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека земјите од Европската Унија, кои, како што изјави, прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во оваа смисла „тие преминале сè што може да се премине“. „Тие (земјите од ЕУ) преминаа сè што може да се премине, па затоа нема смисла да се набројува“, изјави Песков за порталот Вести, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, која ја обвини Русија за инцидентот со беспилотното летало во Романија и изјави дека Москва „преминала уште…

Read More

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска соопшти дека коалицијата предводена од партијата со која раководи ќе продолжи да дејствува во, како што рече, една нова форма – „Фронт за слобода и правда“. Филипче ова го кажа во изјава за медиумите пред почетокот на денешниот изборен конгрес на коалицискиот партнер НСДП, заблагодарувајќи се за поддршката што во рамките на коалицијата ја дава оваа партија. Момент од денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче / Фото: СДСМ „Денес сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им…

Read More

Шестмина млади битолчани, меѓу кои и еден малолетник, заработија кривични пријави откако подолг период организирано мамеле машки лица преку лажен профил на социјалните мрежи, а потоа ги снимале, понижувале и јавно ги објавувале нивните лични податоци. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Битола поднела кривична пријава против Н.Р. (22), М.И. (19), О.Н. (19), Л.Г. (19), А.Д.В. (18) и 15-годишник, сите од Битола, поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „злоупотреба на лични податоци“, „неовластено снимање“ и „самовластие“. Според истрагата, од февруари 2025 година пријавените дејствувале како организирана група и преку лажно креиран профил на социјалните мрежи се претставувале…

Read More

Франција денеска побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи израелските сили напредуваа понатаму во јужен Либан, заземајќи историско обележје како база за проширени напади врз Хезболах, јави ДПА. „Ништо не може да го оправда продолжувањето на израелските воени операции во Либан и сè подлабоката окупација на либанската територија“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро за францускиот радиодифузер BFMTV. Претходно денеска, израелската армија соопшти дека ќе го зголеми уништувањето на средствата на Хезболах откако го крена националното знаме на стратешки важниот замок Бофорт, тврдина од 12 век преку која се контролира околното подрачје, пренесе ДПА. Баро рече…

Read More