Автор: Press Online

27 Италијанската одбојкарка на песок Симона Чина (20) е пронајдена мртва во базен за време на забава во приватна вила во Палермо. Според првичните информации, таа веројатно случајно паднала во базенот и се удавила, а екипата на брзата помош по пристигнувањето можела само да ја потврди нејзината смрт. Непосредно пред трагичниот настан, Симона споделувала фотографии на Инстаграм и била видена во друштво на двајца млади мажи. Полицијата веќе започна истрага за да ги разјасни сите околности на трагичниот настан. За трагедијата се огласи и претседателот на клубот Капасенсе Волеј, за кој Симона настапувала. „Беше вљубена во одбојката. Играше за нашиот…

Read More

14 Хрватската пејачка Северина ги почести своите обожаватели со уште едно модно издание достојно за најголемите светски ѕвезди, а носеше метален фустан кој го спои со необични сандали на штикла во иста боја. Впечатливиот фустан се состоеше од горен дел кој личи на корсет со кој го нагласи деколтето, но и долен мрежест дел составен од парчиња метал. Сепак, највпечатлив дел од нејзината облека беа „откачените“ штикли што со задоволство ги носи на настапи со години. Станува збор за креација на британската дизајнерка Софија Вебстер, односно за моделот „Јасмина Пом-Пом“. Овие необични обувки се исто така во металик боја и…

Read More

0 Американскиот претседател Доналд Трамп (79) повторно привлече внимание со своите необични изјави, овој пат во телевизиско интервју за Њузмакс. Тој зборуваше за Каролин Ливит (27), неговата портпаролка и една од најмладите луѓе што некогаш ја вршеле таа работа во Белата куќа. Трамп ја пофали, но на прилично невообичаен начин: „Тоа е тоа лице. Тој мозок. Тие усни, начинот на кој се движат. Се движат како митралез.” Тој додаде дека Каролина е „одлична личност“, дека „стана ѕвезда“ и дека е „најдобрата портпаролка што Белата куќа некогаш ја имала“. Неговите изјави предизвикаа многу реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека таквиот…

Read More

9 Речиси шест месеци по парламентарните избори, во Косово нема ниту функционален парламент, ниту влада. Партиите се непомирливо раскарани. Незадоволството кај населението постојано се зголемува, пишува Дојче веле (ДВ). На 9 февруари 2025 година, во Косово се гласаше. Но, во малата држава и ден денес нема функционален парламент, ниту влада. Новоизбраните пратеници 54 пати до сега се собраа на седници во главниот град Приштина, но конституирањето на народното собрание никогаш не успева. Последниот засега обид беше минатата сабота (26 јули 2025 година), а следниот ќе биде на 8 август, но прашање е дали ќе биде поуспешен. Актуелниот премиер, Албин Курти,…

Read More

13 Лука Дончиќ и „Лос Анџелес Лејкерс“ договорија ново поглавје во плодотворната соработка. Словенечкиот кошаркар потпиша тригодишно продолжување на договорот, вредно околу 165 милиони долари, потврдија повеќе извори во НБА. Иако се шпекулираше за негова потенцијална отвореност за враќање на источниот брег на САД или дури и во Далас, Дончиќ сепак реши да остане во Градот на ангелите, каде стигна минатата сезона преку замена со „Маверикс“. Договорот што го потпиша Дончиќ е многу интересен – наместо максималното петгодишно продолжување кое евентуално би можел да го потпише да останеше во Далас, односно т.н. „супермакс“ договор вреден 335 милиони долари, Дончиќ го…

Read More

12 Девет месеци откако се урна натстрешницата на Железничката станица Нови Сад, при што загинаа 16 лица, додека едно лице беше тешко повредено, вчера се одржаа комеморации и протести низ Србија. Во Нови Сад, граѓаните се собраа на местото на трагедијата во 11:52 часот, во точното време кога на 1 ноември лани се случи трагедијата. Палеа свеќи, оставаа цвеќиња и молчеа 16 минути во спомен на загинатите. Во универзитетскиот кампус се одржа перформанс наречен „Еден“”, посветен на жртвите, а целиот град беше во жалост. Белград: Колона на тишината и силни пораки за владината корупцијаНајголемиот протест се одржа во Белград. Стотици…

Read More

9 Транспортни авиони на военото воздухопловство на Шпанија вчера прелетувајќи над Појасот Газа исфрлија 12 тони хуманитарна помош, со вкупно 24 падобрани. Количеството ќе обезбеди храна за 11.000 Палестинци, проценува Шпанија. Освен достава на помош од воздух, Шпанија е една од водечките земји кога станува збор за доставена хуманитарна помош по копнен пат, но многу пратки и конвои се сопрени или во Египет или на границата со Израел/Појасот Газа. Шпанија, по Велика Британија и Франција, е третата европска земја што се реши да доставува хуманитарна помош за Палестинците од воздух, среде растот на стапката на гладни во Газа. Министерот за…

Read More

1 Славниот англиски фудбалски клуб Манчестер Јунајтед оваа сезона ги отвора вратите за навивачите за гледање на гостувачките мечеви на „Олд Трафорд“. Новата програма која што ќе ги чини навивачите 29 евра по меч, ќе им овозможи на навивачите што не можат да купат билет за гостувачките натпревари да го следат „Јунајтед“ од сала во „Олд Трафорд“. Атмосферата во салата ќе биде опуштена, како во паб. Ќе биде опремена со големи екрани на коишто ќе се прикажуваат мечевите, како и бар и топла храна. Влезницата од 29 евра вклучува еден бесплатен пијалок како и порција храна. Оние што имаат сезонски…

Read More

14 Славната позната пејачка Дуа Липа доби косовско државјанство откако претседателот Вјоса Османи потпиша декрет со кој тоа е возможно, јавува Анадолу. Иако е родена во Лондон, Дуа Липа се врати во Косово со своето семејство кога имаше 11 години, каде што помина неколку години. Таа го зборува албанскиот јазик и секогаш го нагласува својот двоен идентитет како своја сила. Пејачката пристигна во Косово пред фестивалот „Сани Хил“, кој го организира со години во главниот град Приштина. Музичкиот фестивал, каде таа ќе биде главна ѕвезда, ќе се одржи од 1 до 3 август. Покрај британскиот пасош, Дуа Липа има и…

Read More

5 По седницата на Советот за национална безбедност на Србија, претседателот Александар Вучиќ ги коментираше вчерашните апсења, пресудата за Милорад Додик и воената парада во Загреб Да потсетиме, во петокот во Србија беа уапсени 11т лица, меѓу кои и двајца поранешни министри, како дел од истрагата за корупција по уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември лани, при што загинаа 16 лица. Откако вчера на водачот на босанските Срби, Милорад Додик, му беше потврдена казна затвор од една година и шест години забрана за дејствување, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска итно свика седница на Советот за…

Read More

Остануваме обединети во борбата против дискриминација на Ромите што продолжува да претставува сериозна закана за ромските заедници во Европа и ја потврдуваме нашата заложба да го зачуваме сеќавањето на холокаустот на Ромите преку образованието и со справување со сите форми на неговото негирање и искривување.Ова се наведува во заедничката изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, извршната потпретседателка на ЕУ за социјални права, вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџа Лабиб по повод Денот на сеќавање на холокаустот на Ромите – 2 август.– Денес, им оддаваме…

Read More

Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија, вчера објави дека по шест лица, меѓу кои и Томислав Момировиќ, кој беше министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во времето на почетокот на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, уапсени се уште пет лица, односно вкупно 11.Меѓу тие петмина уапсени, сопственикот на компанијата „Деко тим“ од Бешка Ненад Игњатовиќ, инвестицискиот менаџер на „Српска железничка инфраструктура“ и менаџерот на проектот за модернизација и реконструкција на унгарско-српската железничка врска Белград – Будимпешта, Слободанка Катаниќ.Александар Цвјетковиќ, директорот и одговорното лице на Младинската задруга „Менаџер“, како и одговорните лица во неколку стопански субјекти, Драган Поповиќ…

Read More