Автор: Press Online

Две лица од струшко се приведени во полиција поради обид за убиство на нивни сограѓанин, соопшти денеска СВР Охрид.Според информацијата, на 2 август, 30 минути по полноќ во ОВР Струга лишени од слобода се Д.У.(37) и В.Б.(36), двајцата од струшкото село Корошишта откако претходно, било пријавено дека пред продажен објект лоциран на улицата „Марк и Енгелс“ во Струга, се случила вербална расправија меѓу нив, од една и А.А. и А.У. од друга страна, од Корошишта.– Притоа, според пријавеното,  А.А. извадил нож и замавнал кон Д.У. и го повредил по што, бил пренесен во Општата болница во Струга каде биле констатирани…

Read More

80 Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите, велат од МКФ. Раководството на Македонската кошаркарска федерација се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија – Романија, одигран вчеравечер во Куманово. „Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ќе бидат пример за спортска култура и поддршка. Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост немаат место…

Read More

Џабир Дерала: Живееме во општество во кое различноста е причина за страв, сегрегација, дискриминација, неправда, омраза, насилство… Така што, колку и да му звучи ова некому патетично, животот ме поттикна да размислувам, да пишувам и да дејствувам против неправдите и дискриминацијата, против кршењето на човековите права и слободи. И не само во доменот на етничките и верските прашања, јас сум атеист и космополит, туку и во областа на социјалната правда, соочувањето со минатото, ненасилното надминување на конфликтите и демократскиот плурализам, а уште во средно училиште ја осознав вредноста на слободата на изразувањето. ЛинкФатмир Битиќи: Во социјалната сфера, како социјалдемократ за мене најболно…

Read More

Екот на туристичката сезона, празничниот викенд, враќањето на македонските граѓани кои работат во западноевропските држави, ги покажуваат и денешните податоци од Министерството за внатрешни работи за влез и излез од државата. На најфреквентниот граничен премин „Табановце во државата од 1 август до денеска до 10 часот вкупно влегле 133.165 граѓани, во истиот период излегле 73.640 лица.– На граничниот премин „Табановце“ од 1 август 2025 од 10:00 часот до денеска, до 10:00 часот влез во државата оствариле 52.399 македонски државјани, а излез оствариле 27.690 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 80.766…

Read More

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОССКИСедиме во дворчето на Натали во Жуан ле Пинс, на Азурниот Брег. Пиеме ладна вода со лимон. Од комшиските апартмани тече некаков индонезиски поп, додека го бараме топчето од малото комшиче — чинам од Русија — кое ни влета во нашето дворче преку живата ограда што ги разделува апартманите. Мирно, тивко летно попладне во шарена рапсодија од нации и култури.И читам вест од кај нас: во Куманово, на јавен собир каде присуствувала Премиерот и владина свита скандирале „Смрт за Шиптари“, „Гасни комори“, „Чиста Македонија“.Ничим изазвани.На настан каде што бил и Христијан Мицкоски и министри.И…Ниту збор од Мицко.Ниту осуда.Ниту…

Read More

И додека најгордата Влада немала пари за соодветно сместување, вода, превоз, храна, клима-уреди и достоинствени услови за олимпијците имала за ПР и маркетинг!, се наведува во соопштението од СДСМ.Вработени во ПР-компанијата „ИДЕА Лаб“, чиј сопственик е близок до ВМРО-ДПМНЕ, добиле бизниси поврзани со олимпијадата, од маркетинг до менаџмент на социјални медиуми.Значи има пари за ПР ама нема за основни услови за спортистите. Срамно и бедно.Човекот кој пред неколку месеци ја убедуваше јавноста дека ќе организира „најдобра Младинска олимпијада во светот“ не може да побегне од одговорноста, истакнуваат од СДСМ.И не е само резил олимпијадата. ВМРО-ДПМНЕ и Борко Ристовски го деградираа…

Read More

Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) ги обвини израелските сили за напад врз нејзиното седиште во Газа, при што загина еден работник, а тројца други беа повредени, пренесува Би-би-си.Хуманитарната организација соопшти дека нападот „предизвикал пожар во зградата“ во раните утрински часови во недела.Опишувајќи го ноќниот напад врз објектот во јужниот град Кан Јунис како „намерен“, Црвената полумесечина изјави дека локацијата на нејзиното седиште е „добро позната“ на израелската војска и е „јасно обележана со заштитниот црвен амблем“.Израелските одбранбени сили (IDF) изјавија дека „немаат сознанија ниту за артилерија ниту за какви било воздушни напади“ кога беа прашани од Би-Би-Си за обвинувањето.Видеото објавено од Црвената…

Read More

Поранешниот министер за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро реагираше на извикувањата на навредливи и заканувачки слогани за време на трибина во Куманово, одржана пред владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски.„Скандирањата за ‘смрт на Шиптари’, за ‘гасни комори’, за ‘чиста Македонија’ пред бројна Владина делегација предводена од Премиерот претставува скандал сам по себе на кој треба сите да реагираат“, напиша Османи на социјалните мрежи.Тој го обвини премиерот Мицкоски дека не покажал свест или грижа за ваквите пораки што, според Османи, носат сериозна закана за соживотот и стабилноста на државата.„Отсуството на реакција, пак,…

Read More

23 Полицијата во 10 минути по полноќ денеска го уапсила познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ – Раста, пред да настапи на концерт. Кај него била пронајдена марихуана. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло. „На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија“, соопшти СВР Охрид. Раперот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид. Раперот во Македонија дошол од Црна Гора, каде бил…

Read More

Иако над 38.000 домаќинства живеат на работ на сиромаштија, новата програма за енергетска поддршка на Министерството за енергетика опфаќа едвај 3.932 семејства што е помалку од еден процент од вкупниот број домаќинства во државата, посочуваат од неформалната група Инженери на Република Македонија.Министерството за енергетика на 31 јули 2025 година ја промовираше новата Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, најавувајќи финансиска поддршка во износ од 47,3 милиони денари (5 милиони на 27.6.2025 година и 42,3 милиони денари на 31.7.2025 година). Иако во јавноста ова се претставува како „помош за најзагрозените граѓани“, бројките прикажуваат сосема спротивната слика, односно оваа програма опфаќа…

Read More

4 Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе потпише нов договор со клубот, објави Каталонија Радио. Според изворот, новиот договор со 38-годишниот Аргентинец ќе биде објавен наскоро. Договорот ќе биде до 2028 година, при што напаѓачот има право да го раскине на крајот од 2026 година, а клубот има право да го раскине договорот на крајот од 2027 година. Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. Напаѓачот одигра 69 натпревари за тимот од Флорида, постигнувајќи 58 гола и 28 асистенции.

Read More

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВАВековните стремежи за создавање сопствена суверена и независна држава се остварени пред 81 годинa.Но, стремежите за обединување и заедништво во мирен, спокоен и среќен живот кој овозможува напредок, за жал, се под постојан напад од страна на одредени политички структури на кои им одговараат сценарија со спротивна содржина.И тоа станува очигледно после вчерашните говори испразнети од суштина, а пропратени со премолчано извикување фашистички слогани кои уште повеќе ја продлабочуваат поделбата, опструкциите и изолацијата на кои така ревносно работи државниот врв.Не сме обединети, бидејќи се испраќаат јасни и гласни националистички пораки, некаде збогатени со навредливи извици и говор на…

Read More